Што поради несигурноста во себе, што поради некои порази во минатото, со години имам страв во коски од заљубување. На почетокот свесно се трудев да не се врзам и заљубам во некој, а сега тоа ми се има развиено во "условен рефлекс".Не еднаш се наоѓам во ситуација како несвесно ги негирам и потиснувам чувствата за одредени особи. Тоа толку се повторува што почнува да ми пречи, а не знам како да излезам надвор од тој зачаран круг.
Затоа што она што некогаш ми служеше како штит од емотивни разочарувања, сега се претвора во оклоп кој ме гуши. Ми ги гуши емоциите и ми вгнездува сивило и рамнодушност. А, тоа е далеку од пријатно чувство.
Те сфаќам што сакаш да кажеш, сум била и јас во ваква ситуација. Среќа што не траеше со години, месеци беа во прашање. Прв пат ми се случи такво нешто и сега знам како да не западнам пак во таков лавиринт. И има начин како да излезеш од тој круг
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)
Мислев дека нова врска ќе ме ослободи од тие ѕидови, но се покажа погрешно. Излегов откако излегов од нејзе.
Со самото тоа што не можев да се опуштам, не можев да се заљубам. Меѓу такви блокови се чувствуваш најсигурно, заштитено и убаво ти е што знаеш дека нема да бидеш повредена, знаеш дека ако мрднеш малку може силата да ти се разниша и не знаеш како да се бориш. И да пуштиш некој во твојот живот нема да ти биде лошо ако те сака (иако на моменти може да ти пречи), но со тоа што не возвраќаш се измачуваш и себеси, а и партнерот. Нема да знае каде греши кога ќе чувствува дека никако не прекинуваш со студенилото, па ако не прекинете, без да сака ни крив ни должен го повлекуваш и него во тој водовртеж.
И воопшто не е пријатна состојба, мора човек што побрзо да најде начин како да излезе. Најмногу боли тоа што им е тешко на другите да те сфатат колку и да се обидуваш да објасниш што ти се случува
Е сега, надвор од ова...
Не се сеќавам да сум размислувала пред да се заљубам дали воопшто треба да се заљубам или не. Не се форсирам, не се кочам. Штом ќе дозволам да влезе некој во мојот живот, постои можност да се заљубам во него. Тоа чувство доаѓа неочекувано и или ќе се заљубам или нема да се заљубам.
До некаде сфаќам што сакаат да кажат другиве. Кога ќе бидеш повреден после тоа ти е потешко да се опуштиш и не сакаш да ти се случи истото (никој не сака), со недоверба гледаш и си повнимателен. Тоа е во ред, но нема потреба од страв во вистинска смисла на зборот. Нека оди како што треба да оди, треба да им дозволиме на убавите чувства да ни се покажат без разлика што ќе биде утре. И да се случи пак истото - да ја немаме веќе личноста до себе, ќе ни е тешко, можеби ќе плачеме, ќе се затвориме некое време во себе, но колку побрзо се ослободиме толку побрзо ќе ги имаме пак истите убави чувства. Стравот од болка е поголем од самата болка
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)