Ада, Мајо... Ви се приклучувам во клубот :jaj:
Горе доле се наоѓам во некои делови што ги напишале Ада и Маја, затоа да не се повторувам...
Кај мене прво работите се имаат доста комплицирано почнувајќи од односот, контактот со други луѓе , а да не зборуваме колку се се има искомпликувано кога станува збор за љубовта...
Една личност која претерано ме знае гледајќи ме со години не мрдната од таа мртва точка неодамна гледајќи ме таква јадна ми рече „ Премногу внатрешни пречки треба да собориш девојче, премногу ги имаш... И верувај нема воопшто ама воопшто да ти биде лесно... Напоротив ќе ти треба време и време и многу работа... Превземи веќе некој чекор и мрдни од таа мртва точка твоја„
И стравот ми го носи песимизмот... Песимизмот- неверувањето... Неверувањето не ме остава да мрднам од мртвата точка, а тоа ми носи само градење уште повеќе препреки во мене... И така се во круг... :Ѕ
Но, сепак како личност на која љубов вечно и фалела, како личност на која љубовта и е меѓу најзначајните нешта- сепак длабоко во себе негде затрупена таму со песимизам, неверувања и оклопи сјае некоја надеж за некогаш можна љубов...
Има премногу љубов во мене, можеби и тоа е проблемот... И ме гуши, кога не ја оставам да излезе ме гуши, ми прави лошо... А како да ја оставам? Кому да ја давам? Тоа веќе тешко е , доста се комлицирало... И останува таму внатре да ме гуши :jaj: