Пазете сега прикaзнава моја (истинита прича шо ми се има на мене десено):
Одам на Парк плажата и си седам така си одмарам,намерно ја избрав плажава како помирна без музика,онака опуштено,лагано.....Едно време од таму се задава еден чиче:Топло Ѓомлезе!!!...Повелете Ѓомлезе......Ај рекоф мајката шо му е на чоеков,кажува нешто,а појма неам шо кажува.Чим вика ТОПЛО,си реков мора да е нешто за јадење,ама од кај да знам шо е можда има некоја состојка шо не јадам нешто,а немав ни представа од шо можи да биди(благо,солено,кисело.....).И пак чичево: Повелете топло Ѓомлезе!!! Леееелееее.....А бе не купувам рекоф шо сака нека биди,а башка то кај на плажа,па уште нешто топло да јадам. Случкава се погоди да биди баш предпоследниот ден ко си одев од одмор.Другиот ден си одам дома.Пуштам скајп и го прашав Жанко ЗШ од Голабовци: А бе брат му велам аман за аман кажувај шо е ЃОМЛЕЗЕ!!! Добро бе ми вели стварно не знајш? Стварно му велам неам никаква представа шо можи да биди.А бе толку ми вика не ти се даваја двајс денара да си купиш?Ама не знам му велам шо можи да биди па да земам да го купам и да го јадам тоа чудото.И капак на сета брука беше шо кажа во програма на СуперРадио дека Прилепчани појма немале шо е то Ѓомлезе :kesa::kesa::kesa:.Друг пат ми вика ко че идиш да ми кажиш,јас че ти купам за да пробаш.Па ај здравје боже годинава че пробам :smir: