тури-потпечи, или ѓомлезе(ц), е Македонски специјалитет, намногу застапен во Охрид и Охридско
мислам дека некоја од модераторките имаше една тема за тоа тука некаде...
иначе, се спрема на ваков начин:
- припремаш каша-мешавина (тесто) од брашно, вода, шо знам јас шо се (различни рецепти има
- палиш огно
- тлаваш сачо (сач, вршник, врста сад, ако немаш таков, и тепсија брка работа) да се стопли на огно
- го топлиш и капако
- тураш една лајца тесто
- тлаваш капако од горе да се потпечи
- фрлаш некои си мирудии (сирењце, ова она
- така дури не е догоре полн сачо / тавата
не знаев дека има Македонци и Македонки кои не знаат шо е „ѓоа мезе“
или ѓомлезе или тури-потпечи
пријатен ден и добар апетит