Chombe_United
Да ми бричите ташаците!
- Член од
- 14 декември 2007
- Мислења
- 8.809
- Поени од реакции
- 452
Страрите пријатели повторно на мегдан
Првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите во кој Јунајтед ќе гостува на Ноу Камп всушност ќе биде враќање на англискиот првак на стадионот во кој пред девет години ја освои втората титула во ова натпреварување. Со два гола во последните моменти, тогаш "ѓаволите" го победија Баерн со 2:1 во еден од најдраматичните натпревари со што една од најдобрите генерации во историјата на клубот ја достигна заслужената слава. Овој пат влогот е нешто помал, пласман во финалето што се игра на 21 мај на Лужњики во Москва, а мала предност има Јунајтед бидејќи реваншот го игра на домашен терен.
"Се радувам на овој дуел бидејќи освен што ќе се сретнеме со одлична екипа, двата тима играат напаѓачки фудбал. Играњето во Барселона буди убави спомени иако не смееме да го заборавиме поразот од 1994 година. Сепак, тогаш можеа да играат само тројца странски фудбалери во една екипа, а јас направив голема грешка кога одлучив Питер Шмајхел да не биде во тимот иако тој беше еден од нашите клучни фигури во тимот. Сега имаме многу проблеми со повредени фудбалери како и лани кога бевме елиминирани од Милан, но не се предаваме. Мислам дека гледачите ќе имаат можност да видат два убави натпревари", рече менаџерот на Јунајтед, Алекс Фергусон. Неговиот тим ќе има предност бидејќи реваншот се игра на Олд Трафорд каде Манчестер против Рома ја оствари 11. победа по ред на домашен терен во Лигата на шампионите и постави нов рекорд.
Во минатата деценија Јунајтед и Барселона се сретнаа четири пати во Лигата на шампионите. Англискиот првак нема победа бидејќи три меча завршија нерешено, а еднаш победи Барса. Два од тие дуели беа во сезоната 1998/99, и двата завршија со 3:3, а Манчестер ја помина фазата по групи и потоа ја освои шампионската титула. Претходно, во 1994 година, на Олд Трафорд беше 2:2, а Барса потоа дома победи со 4:0 во натпревар во кој блескаа Ромарио и Христо Стоичков. Против Барселона досега играле Рајан Гигс, Пол Сколс и Гери Невил, а екипата и натаму ја води Алекс Фергусон. Интересно е тоа што на клупата на Барселона и тогаш и сега има холандски стручњаци.
Барселона сезонава ја има најслабата екипа во последните пет години и секако пласманот во полуфиналето од Лигата на шампионите е голем успех иако досега каталонскиот тим немаше вистински противник. Последните три средби во ова натпреварување ги доби со по 1:0, а Рајкард може да биде задоволен само поради тоа што за дуелите против Јунајтед, најверојатно, ќе го има на располагање Лионел Меси иако во тимот на првиот меч ќе го нема Пујол поради парни жолти картони.
"Знаев дека ќе имаме проблеми против Шалке, но до натпреварите против Јунајтед имаме две недели добро да се подготвиме. Знам дека во средата нашите навивачи не беа задоволни од замената на Кркиќ, кој одигра одлично, но мислам дека требаше него да го наградат со аплаузи место да ми свират на мене", рече Рајкард.
Полуфиналните натпревари од Лигата на шампионите се играат во периодот од 22 до 30 април.
извор Македонски Спорт