Станови во Скопје, совети за купување.

Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Не е проблем миризбата, си има аспиратор за тоа. Некако распоредот е многу шо знам тапа. Сум правел муабет зашто вака ги прават кујните веднаш до влезот, според тоа архитекти што објаснуваат дека така е секаде заради тоа што треба да ти е блиску кога влезеш и носиш некој продукти. Ма да овде е апла до врата.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Мислиш се пазарува на големо како за кафана, па не можат да внесат до кујна.
Па и да има аспиратор кога ќе го извадиш јадењето на маса има мирис.
Колку и да има вентилација јас не можам да замислам кујна и купатило без прозор.

Го сакам оној британски стил кујна и трпезарија со големи прозори и балконски врати, а купатило со голем прозор.

Може и спалната и дневната да ги сменат местата и двете да имаат врата кон балкон.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Не е проблем миризбата, си има аспиратор за тоа. Некако распоредот е многу шо знам тапа. Сум правел муабет зашто вака ги прават кујните веднаш до влезот, според тоа архитекти што објаснуваат дека така е секаде заради тоа што треба да ти е блиску кога влезеш и носиш некој продукти. Ма да овде е апла до врата.
Еве јас користам многу кујна.. Прво што ќе ти кажам е дека сакам поврзаност со трпезарија ама и некаков шибер или елементи кои ќе ја направат по потреба одвоена... Дали секогаш е средена е кујната? Замисли ја сликата после ручек доаѓа некој и треба прво да помине лавабо со садови и остало па да влезе во соба за дружење.. Стварно е оправдана причина набавка на намирници ако треба 3 чекори повеќе...
Автоматски споено мислење:

Може и спалната и дневната да ги сменат местата и двете да имаат врата кон балкон.
Дневната секако е врзана со тераса, може тој дел и не е лош...
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Прозор
Еве јас користам многу кујна.. Прво што ќе ти кажам е дека сакам поврзаност со трпезарија ама и некаков шибер или елементи кои ќе ја направат по потреба одвоена... Дали секогаш е средена е кујната? Замисли ја сликата после ручек доаѓа некој и треба прво да помине лавабо со садови и остало па да влезе во соба за дружење.. Стварно е оправдана причина набавка на намирници ако треба 3 чекори повеќе...
Распоредот е тапа, тоа јас го пренесов што правев муабет со архитект само што тој ми рече дека го прават блиску, а не веднаш до вратата како во овој случај. Поглупо нешто од кујна веднаш на влезот нема. Види ја квадратурата и направи математика дали можеш да ја одвоиш.

Инаку купатило со прозор од тоа што сум живеел во Скопје единствено градски ѕид кулите. Подобар распоред јас немам сретнато. Незнам кај ги наоѓате становите со прозор во купатило, кујна и трпезарија за да не ви мириса, а не се над 80м2.
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Незнам кај ги наоѓате становите со прозор во купатило, кујна и трпезарија за да не ви мириса, а не се над 80м2.
Јас имам среќа да живеам во куќа која ја превевме неколку години за да биде тоа што треба... Инаку се наоѓаат и станови со пристоен распоред и убаво осветлена кујна и купатило...
Ама знаеш уствари ретко можеш да најдеш квалитетна спојка. Нпр има прозорци и добар распоред ама квалитетот на градбата гној. Или обратно. Знам дека има убави мали зградички на Прашка позади Алумина со неколку ката кои се многу пристојно склопени ама по тоа што слушав цените им биле малце амбициозни.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Па за нормално живеење потребно да е над 80м2 и со две купатила, ама тоа е кога цените им е високи за м2, градат според побарувачката и најмногу им се бара тоа што е до 60м2, а во таа квадратура и спална и детска се набутаат.
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
513
Поени од реакции
744
Така е. Жално е што и да бараш нов стан со две спални окулу 80м2 нема да најдеш. Во тој веќе направиле 4 микро спални
 
Член од
6 декември 2017
Мислења
33
Поени од реакции
5
Некој искуство со Porta Inzenering? Зградата кај Тобако
 
Член од
11 февруари 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво
Дали некој имал искуство со фирмата КАТ КОСТОВ?
Сега почнуваат зграда во к.вода, имам водено почетен разговор и сериозно сум заинтересиран ми одговара локацијата, квадратурата... е сега не знам колки е ок цената од 1150е за таа локација па би ве замолил за мислење околу тоа и секако искуства со фирмата.
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
356
Поени од реакции
484

Генерално све најдобро имам слушано за фирмата. Зградите што се изградени од нив се на нивната страна види погледни ги и посети некоја од нив па ќе видиш. Имам другар што има купено стан. До сега задоволен, поминаа 5 години од кога го купи станот. Цената е малце солена за таа локација но ти си знаеш.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.345
Поени од реакции
4.982
Хаха 1150 евра квадрат за објект на хартија.
Значи можеш комотно да влезеш во градежен бизнис како голтар со скршен денар. Само ти треба врски во Општина за дозволи и лиценци.

Ќе најдеш пациенти кои за 1м2 продажна цена ќе ти финансираат 4м2 градежна цена. Со првите продадени 4 стана на хартија ти веќе имаш капитал да почнеш карабина. И после ќе тераш додека не го реализираш милиончето. Ќе ти испаднат чисти некој 100-200К, кој ќе ги вртиш на другата маркица :P
 
Член од
11 февруари 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0
Секако не може да се очекува становите да бидат колку што има инвестирано, која градежна фирма прави станови без профит.
Цените да се солени ама во скопје се тие.
Последниве неколку месеци ги имам поминато скоро сите фирми малку погоре од локацијава околу рампа 1200е подолу околу расадник 1100е, аеродром 1050-1150е зависно колку е далеку од центар, влае 1050, имаше една градба што ја посетив близу олимписки 1400е...имаше еден после расадник скоро завршен 900е ама сумлив квалитет евтини плочки некој си никаков ламинат....
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Хаха 1150 евра квадрат за објект на хартија.
Значи можеш комотно да влезеш во градежен бизнис како голтар со скршен денар. Само ти треба врски во Општина за дозволи и лиценци.

Ќе најдеш пациенти кои за 1м2 продажна цена ќе ти финансираат 4м2 градежна цена. Со првите продадени 4 стана на хартија ти веќе имаш капитал да почнеш карабина. И после ќе тераш додека не го реализираш милиончето. Ќе ти испаднат чисти некој 100-200К, кој ќе ги вртиш на другата маркица :P
Да да толку лесно е.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom