Станови во Скопје, совети за купување.

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.651
Поени од реакции
34.935
Сопругот е градежник, има фирма за изградба на станови и пошто периодов е нон стоп дома работи од дома, можам да речам колку толку се упатив во ова чудо. Од досега што сум видела планови, тоа е добри 75% вакви станови и евентуално со 1 спална, кога го прашав зошто ми рече зошто големи станови не се продаваат, мали одат одма. За да живеат во центар се пикаат во 45 м2 со 1 спална и од терасата сакаат да извадат уште една спална во иднина и во многу ситуации фамилии со по 2 деца живеат во такви станови.
Па не се продаваат кога цените се повисоки од земји каде стандардот е 10 пати повисок. Не дека не сакаат да имаат сите барем 70м2, ама за таа квадратура ќе им требаат од 80+ илјади евра кои во вукојебинава нема да ги заработат во 2 животи.

Еве во Дајмонд (Лимак што го гради кај Рамстор) цените почнуваа од 1400+ евра уште во фаза на изградба, се што е поарно гарантирам ќе биде и над 2000. Во Аеродром новите згради што се градат исто уште во градење слушам ги шиткаат по 1100-1200, после тоа има и повисоки суми од 1300.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.765
Поени од реакции
17.479
Некој уште чекаат да паднат цените, да пукне меурот :D. Не знам што е страшно за станчето,квадратурата си е океј искористена. Ја пример сум сам и сакам стан да си купам, идеално ми е 40 квадрати. Не сакам да се заглавувам на кредит 20 години за поголем стан. А и гарсоњерава ќе ди најде намена, има доста луѓе од други градови што функционираат во скопје и ќе се користи за привремено живеење.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Цената зависи од местото, таму веднаш се распродаваат уште неизградени.

Ако планираш цел живот да си сам купи си кој вика не. Ама најмногу таа квадратура или нешто над тоа до кај 55м2 купуваат и фамилии со две мали деца.
Не сакаат да градат куќа подалеку од центарот и тоа е.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.992
Некој уште чекаат да паднат цените, да пукне меурот :D. Не знам што е страшно за станчето,квадратурата си е океј искористена. Ја пример сум сам и сакам стан да си купам, идеално ми е 40 квадрати. Не сакам да се заглавувам на кредит 20 години за поголем стан. А и гарсоњерава ќе ди најде намена, има доста луѓе од други градови што функционираат во скопје и ќе се користи за привремено живеење.
Да, ама ова што го коментирам, џуџево, нема 40, туку 20 квадрати. Неќу ни да знам каков „поглед“ има од прозор.
А цените да, ги имаме коментирано и у други теми - никаков резон немаат и се тотално нереални, по ниедна логика, ни градежна, ни пазарна.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.344
Поени од реакции
4.963
Ок да ве прашам имате оваа локација на Станови
City View Condominium

Зградата најака
Еве видео од забрефтаниот дише чист воздух во вукојебина.
Еве и еден поглед од балкон

Би живееле овде? Колку € e m2 на вакви места?
Ако заборават да купат леб, пример дали гладуваат до наредната ден кога ќе слезат во цивилизација?
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
356
Поени од реакции
479
За самец, студент, млад пар без деца, двајца пензионери секогаш имало вакви станови, ама во секој случај подобро од најголем број на станови кои се продаваат без ходник и се од 40-50м2 и се планирани за 4ца.
Истиот ти го продаваат со две детски и една спална соба од по 4-6м2
За самец и студент ајде али за пензионери стан од 27 квадрати што ќе прави во станот. Мислам дека треба да пуши трева 24/7 да може да седи во тој стан преостанатите години од својот живот. Доколку е од Скопје па има во близина преубави села кај што може да си купи мини плац со дворче убавини...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.765
Поени од реакции
17.479
Цената зависи од местото, таму веднаш се распродаваат уште неизградени.

Ако планираш цел живот да си сам купи си кој вика не. Ама најмногу таа квадратура или нешто над тоа до кај 55м2 купуваат и фамилии со две мали деца.
Не сакаат да градат куќа подалеку од центарот и тоа е.
Не планирам да сум сам ама ни во стан да живеам цел живот. Меѓутоа тие работи се договараат со партнерот понатака, замисли да кажам слушај ја на 25 земав кредит од 50 000 евра за куќа во Илинден и тоа е сега, таму ќе живееме :D Конкретно за мене ми одговара вакво, имам кај да живеам и сега, меѓутоа би си имал одредена приватност и самостојност. Понатака не е проблем да го продадеш, а би го исплатил побрзо.
Тие што зимаат толкави станови а се со деца е друго, толку пари имаат за жал. Никој не би се туткал да може поише. Не знам како би го дефинирал центарот, ама во населби каде што е пониска квадратурата соодветно е понизок и квалитетот на животот на децата. Бар за Скопје ова.
 
Kanye.brt

Пропо
Член од
29 ноември 2019
Мислења
746
Поени од реакции
1.026
го отупевте пар страни, ок е тоа за студент, или да се иселиш да не живееш со твојте,
после кога ке се ожениш ке си купите поголем ова ке го продадеш или изнајмуваш.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.765
Поени од реакции
17.479
Да, ама ова што го коментирам, џуџево, нема 40, туку 20 квадрати. Неќу ни да знам каков „поглед“ има од прозор.
А цените да, ги имаме коментирано и у други теми - никаков резон немаат и се тотално нереални, по ниедна логика, ни градежна, ни пазарна.
27 сепак :D Сум седел во такво станче, не е страшно зависно од намената. Ја тоа што го гледав беше 33. У принцип да ја видиш зградата ќе сватиш зашто прават такви станчиња, локацијата не е баш за фамилија.
А цените имаат пазарна логика, колку и да не ви се свиѓаат. Тешко е да најдеш солиден стан дури и за тие при.
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
513
Поени од реакции
744
Таа квадратира е во ред за гарсоњера, за еден човек или двајца. Но не е во ред од 50 квадрати да прават трособен стан со спални од 7 квадрати во кој ќе живее фамилија од 4-5 луге
 
Член од
30 јануари 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0
Decki zdravo.dobiv ponuda od golden art gradi kaj tobako 2 kazete mi poveke iskustva za kvalitetot i sigurnost da uplakam ili ne kolku vredat za da gi cekam ili pak ne zs zgradava ke bidela gotova 5 mesec 2022 mislenje soveti sve e dobrodojdeno
 
AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
703
Поени од реакции
1.584
Интересни муабети на темава.. Изначитав неколку страни уназад во врска со цени и други услови за купување и можам да кажам дека дефинитивно не е едноставен чекор. Фала му на бога од баба ми моите наследија стан некој 60 тина квадрати па без проблем ке ми е отстапен мене.
Него немаше друга тема па ке пишам овде. Како одат цените во другите градови за станови ?
 
Член од
17 јануари 2011
Мислења
614
Поени од реакции
410

Струмица - 550 - 650 eur/m2
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Се во едно. Отвори врата и нека мириса цел влез на манџа. :D

Прегледај го приврзокот 283448
Доволно ќе беше кујната и купатилото да ги сменат местата... Вака освен кујна-манџа-влез и кога гостин ќе оди во тоалет можеш да направиш анализа на дигестивен тракт од дневна...
Секако е добро и движењето на мирисите директно во трпезариска маса...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom