Станови во Скопје, совети за купување.

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.949
Луѓе со одредени скилови кои надвор може да се прилагодат многу брзо и да заминат ќе зимаат доволно пари и да го отплатат станот во вујобенива за брзо време. Ако со една нога е тука , а со друга во странство и сака стан овде тогаш се зима помал стан во центар или пак ако е фамилијарен човек зимаш поголем стан на добра локација каде што можеш да го продадеш за брзо време.
Ако си со една нога надвор од тука не се ни купува, секое замарање дополнително е дополнителна главоболка каде биди сигурен дека ќе бидиш со загуба (агенции, нотари, полномошна...).

Исто не признавам купување на недвижност во државава, а живеење надвор, демек за тој еден месец кога ќе се вратат да имало каде да се приберат :tapp:
Airbnb, хотел, од огласи има еден куп станови што се издаваат на краток период, се е подобро од врзување на 60-80к за стан или куќа и нивно одржување.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405

Со оглед на тоа што цените се покачија за време на рецесија неверувам дека ќе е голема загубата доколку и ја има таква, посебно за тоа што е моја препорака за зимање стан. Од лично искуство пред нецела година кога веќе затворија се, стравот од девалвација, кога видов дека не падаат цени и високата кирија се решив на тој чекор. Ги пратев цените се до тогаш и кога скоро ми рекоа дека се качени уште повеќе од лани отворив и не ми се веруваше дека некаде се и за 100 евра покачени. Која е логиката во рецесија цени на недвижности да одат нагоре тоа незна, еве финансиски писмениот што предлага rent and buy calculator нека објасни.

За вториот дел пример: Другар со бизнис со доста солидни примања, отиде да работи во една од најбогатите земји во Европа како обичен работник. Планира се тоа да продаде(испод 200к нема сигурно да му остане) и да повлече жена му и децата. Го гледам прашува да купи стан во Скопје, да имал ако сакале децата да му се вратат и да живеат во Скопје. Да да ќе се вратат, помали од 4 години и кога ќе израснат таму сигурно ќе се вратат во вукојебинава. :tapp:
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
515
Поени од реакции
745
Многу глеате филмови од запад. Становите во Македонија се купуваат за цел живот а не за 5,10 или 20 години за да праиш рент бај калкулатор. Бидејки практично од Скопје нема каде да мигрираш.
Автоматски споено мислење:

Кој планира да се сели или е у преодна фаза нека му ја рачуна. Ама да му кажеш на некој дека е будала зашто пре би купил стан него да го рента е друг муабет. Киријата не е воопшто ефтина, практично е за ист стан е еднаков на ратата од кредитот.
Ам батко стан од 95 квадрати се издава за 250 еур наместен, а да го купиш 100 000 еур. Па која е логиката да го купиш?
 
Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.172
Поени од реакции
15.982
Ам батко стан од 95 квадрати се издава за 250 еур наместен, а да го купиш 100 000 еур. Па која е логиката да го купиш?
Заш ако можам да го плаќам и да е мој, би се решил да фрлам у вода 250 евра?
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
356
Поени од реакции
484
Реално според мое размислување, некои сакаат да купат стан во Скопје и да го рентаат е сега вака. Како што и самите гледаме повеќето градови се празнат, младите претежно остануваат во Скопје кога ќе завршат факултет и бараат работа во Скопје, во помалите градови секоја година има одлив и негативна стапка на раст на родени. Доколку рачунаме сум купил стан да го издавам долгорочно, за 10 до 15 години во Скопје станови ќе има за издавање колку ти душа сака, не ќе можат да ги издадат, затоа што сега се гради ненормално и ќе има вишок, а популацијата се смалува и се иселува. Отворите во државен завод за статистика и ќе видите дури и во Скопски карпош и аеродром има негативен раст на родени. Значи Аеродром сега најголема општина се гради поради тоа што младите од Штип, Охрид, Струмица, Кавадарци се одлучуваат после завршување на факултетот да се вработат во Скопје и тука ја гледаат својата иднина, нормално не сите..
Кога има милион станови за издавање и киријата ќе падне кој би плаќал висока кирија кога има милион станови за издавање. Според моја претпоставка доколку се крене стандардот на народот секако ќе има и зголемување на цените, но со ова темпо не очекувам за брзо време висок стандард...
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Ам батко стан од 95 квадрати се издава за 250 еур наместен, а да го купиш 100 000 еур. Па која е логиката да го купиш?
Каде се издава, во Бутел? Во Аеродром гарсоњери се окулу 200 евра. Испод тоа не се наоѓа нормален стан во нова зграда. И нема логика да рентам кога брат ми плаќа иста рата и за 15 години ќе си биде негово.
На цело ова градење има премал изботр на станови и за продажба и за рентање, што им прават богзнае.
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
515
Поени од реакции
745
Каде се издава, во Бутел? Во Аеродром гарсоњери се окулу 200 евра. Испод тоа не се наоѓа нормален стан во нова зграда. И нема логика да рентам кога брат ми плаќа иста рата и за 15 години ќе си биде негово.
На цело ова градење има премал изботр на станови и за продажба и за рентање, што им прават богзнае.
Aerodrom zad biser nad pazarceto, super kvalitetna zgrada. Jas ziveam tamu.
Автоматски споено мислење:

Заш ако можам да го плаќам и да е мој, би се решил да фрлам у вода 250 евра?
Ajde da pretpostavime deka si vampir i ke zivees 3000 godini....zgradata e proektirana za 50 godini a vo realnosta ke izdrzi 90-100 godini (armaturata korodira za 90 god i e neupotrebliva ). No da ja uvidime realnosta deka imas 35 godini i ke pcoisas za 40na godini. Taka presmetaj. Sto ti se isplati
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Aerodrom zad biser nad pazarceto, super kvalitetna zgrada. Jas ziveam tamu.
Автоматски споено мислење:

Ajde da pretpostavime deka si vampir i ke zivees 3000 godini....zgradata e proektirana za 50 godini a vo realnosta ke izdrzi 90-100 godini (armaturata korodira za 90 god i e neupotrebliva ). No da ja uvidime realnosta deka imas 35 godini i ke pcoisas za 40na godini. Taka presmetaj. Sto ti se isplati
Тогаш да според овие цени 95 квадрати не се исплати да купиш. Ама 250 е рентата и за 50 квадратен стан а цената е 50000 евра. За другово, и да пцоисам би сакал да остане нешто и за децата. Така да 30 40 години не ми игра некоја улога.
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Ajde da pretpostavime deka si vampir i ke zivees 3000 godini....zgradata e proektirana za 50 godini a vo realnosta ke izdrzi 90-100 godini (armaturata korodira za 90 god i e neupotrebliva ). No da ja uvidime realnosta deka imas 35 godini i ke pcoisas za 40na godini. Taka presmetaj. Sto ti se isplati
Ако во реалност издржува еве максимумот 100 години сакаш да кажеш дека 2031 Empire State Building ќе стане неупотреблива и дека веќе арматурата кородира?
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Реално според мое размислување, некои сакаат да купат стан во Скопје и да го рентаат е сега вака. Како што и самите гледаме повеќето градови се празнат, младите претежно остануваат во Скопје кога ќе завршат факултет и бараат работа во Скопје, во помалите градови секоја година има одлив и негативна стапка на раст на родени. Доколку рачунаме сум купил стан да го издавам долгорочно, за 10 до 15 години во Скопје станови ќе има за издавање колку ти душа сака, не ќе можат да ги издадат, затоа што сега се гради ненормално и ќе има вишок, а популацијата се смалува и се иселува. Отворите во државен завод за статистика и ќе видите дури и во Скопски карпош и аеродром има негативен раст на родени. Значи Аеродром сега најголема општина се гради поради тоа што младите од Штип, Охрид, Струмица, Кавадарци се одлучуваат после завршување на факултетот да се вработат во Скопје и тука ја гледаат својата иднина, нормално не сите..
Кога има милион станови за издавање и киријата ќе падне кој би плаќал висока кирија кога има милион станови за издавање. Според моја претпоставка доколку се крене стандардот на народот секако ќе има и зголемување на цените, но со ова темпо не очекувам за брзо време висок стандард...
Ваквиве теории одамна кружат, ама у пракса друго се случува. Мислам не земате некој фактори у предвид. Хамбургер у седмица стигна од 90 на 160, не може становите да не мрднат од 1000 еу квадрат. Се намалуваат жителите, ама се намалуваат и живеалиштата со 3 генерации во нив, се отвараат фирми канцеларии и тн. Ограничен е и просторот во населбите блиски до центарот, веќе и нема земјиште што не е откупено тука. Освен ако не кренат облакодери, многу простор за нови станови нема.
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.079
Поени од реакции
3.236
Арматурата кородира поради пукањето на малтерот, ако се одржува ќе трае долго, а сум гледал емисии ако не се одржува би требало да издржи неколку стотина години.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.658
Поени од реакции
34.949
Со оглед на тоа што цените се покачија за време на рецесија неверувам дека ќе е голема загубата доколку и ја има таква, посебно за тоа што е моја препорака за зимање стан. Од лично искуство пред нецела година кога веќе затворија се, стравот од девалвација, кога видов дека не падаат цени и високата кирија се решив на тој чекор. Ги пратев цените се до тогаш и кога скоро ми рекоа дека се качени уште повеќе од лани отворив и не ми се веруваше дека некаде се и за 100 евра покачени. Која е логиката во рецесија цени на недвижности да одат нагоре тоа незна, еве финансиски писмениот што предлага rent and buy calculator нека објасни.

За вториот дел пример: Другар со бизнис со доста солидни примања, отиде да работи во една од најбогатите земји во Европа како обичен работник. Планира се тоа да продаде(испод 200к нема сигурно да му остане) и да повлече жена му и децата. Го гледам прашува да купи стан во Скопје, да имал ако сакале децата да му се вратат и да живеат во Скопје. Да да ќе се вратат, помали од 4 години и кога ќе израснат таму сигурно ќе се вратат во вукојебинава. :tapp:
Македонија е вон логиката на финансиското инвестирање, со оглед на тоа што економијата ни е тапа е и логиката дека паметно инвестирање е само во недвижности/станови во метрополата.

Цените се покачени, ама истите тие недвижности си имаат амортизација + очекувај во иднина се повисоки даноци како што е во западните земји.

Да, можеш да го исплатиш и од надвор, ама сигурно нема да ти биде приоритет инвестирање во вукојебинава, ако истите пари можеш да ги трошиш за таму.
Затуцаниот балкански менталитет е дека ќе се вратат децата тука, од толку нормални земји во светот каде може да живеат далеку побезгрижен живот, сигурно ќе им текне на државава.
Автоматски споено мислење:

Заш ако можам да го плаќам и да е мој, би се решил да фрлам у вода 250 евра?
И едната и другата логика си имаат позитивни/негативни страни.

Ако немаш твои пари да ги лупнеш, ќе плаќаш рата од 400 евра месечно, да го издаваш истиот ќе земаш под 400 евра и ќе се замараш со кираџии/агенции.
Ако го издаваш логиката е тука да мора да е наместен (низ светот најчесто издаваат празни), па рачунај на секои 10 години обнова на мебел ако сакаш да му земеш добра кирија (+4-5к евра секои 10 години).
Данок, сметки гратис, една сезона да не го издадеш е се на твој трошок (еве година и пол пола станови се празни, студенти/ит лица се вратија по дома оти предавањата/работата им е од дома).

Кај кирија фрлаш секогаш пари во бунар, на крај нема физички продукт, ама пак имаш слобода во секој момент да затвориш врата и да фатиш магла кај сакаш. Ако си ги пазиш парите можеш да поминеш со пониска кирија во однос на рата од банка, плус ја имаш слободата - не должиш на никого.
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248

Прво и основно, на 10 год дома за тебе не менуваш мебел, не па за кираџии. Еднаш ставаш да биде солиден и сигурно нема да го смениш 15-20 години, а за тоа колку пари вреди, од искуство сум го средил за 3000еу (правам муабет за стан за издавање).

Друга работа што е на твој трошок ако една година не го издадеш ? Сметки ? можеш да изгасиш интернет и тв, вода и струја доколку не седиш у станот ќе имаш максимум 500 ден за тие две работи. Тоа е тоа.

Ако гледаш дека веќе година и пол се вратиле студенти и ит луѓе во своите градови, тоа е за време на пандемија, тоа може да се случи еднаш у 100-200години. Ако гледаш така и многу луѓе се вратија од странство во Мк за време на пандемија, па да заклучиме дека не се исплати да одиш да живееш надвор од МК ?

Во глобала, за издавање нај исплатливо е да купиш стан со дневна и две спални, значи квадратура од 55 до 80м2. Ќе можат да бидат сместени 3-4 лица и киријата би била од 250 до 320еу. Значи ако го платиш 60-70к еу, да рачунаме 3000еу годишно дека би зимал од кирија, отприлика за 20год(плус минус) би го исплатил станот.

И кога некој ќе спомне па секоја година штета од кираџии и слично, доколку внимателно бираш кираџии, веруј дека ќе немаш големи штети. Е сега тоа внимателно може да биде малце комплицирано. Во мојот случај 15 години издавав стан, издаден беше сите 15 год, сите 15год седеа девојки. 5 год седеа исти, е после тоа кој две години, кој три, кој една и сл. Најголема штета беше тоа што едната врата од спалните не се затвораше бидејки ставиле закачалка на вратата. Инаку се бели секоја 2 година и можно е некое столче да се расклати, некоја рачка на комода да биде скршена која одма може да се смени и слични мали работи.
 
Абе супер кога ги издавате со менување на мебел во 20 години, како што се градат турбо згради ќе правиме муабет дали ќе се издаваат станови со мебел од 70та. Да не правиме муабет што новите генерации се гледани во „побогати“ времиња од тоа што сме гледани ние и тешко да ги натераш да седат во раскантани кревети, шпориња со нефункционални токи и печки и тн.

Втора работа ако некој не седи во станот во новите згради имаш: 400 денари мин за одржување на влез + на таа квадратура мин 400 денари такса струја + 200-300 вода + ако е поврзан на парно и сметка за него + данок распореден месечно.

Секој со своја математика, ако имаш кеш кој немаш појма каде да го инвестираш ок недвижностите остануваат како чаре, ама ова да ти е примарен начин на инвестирање не би рекол (освен ако си слободен и имаш 3-4 недвижности и се замараш со airbnb/booking, имам пријател со викендица во Маврово и станови во Скопје кои ги издава исклучиво вака и тоа покрај платата му е фамилијарен бизнис), ама скоро се му е од наследство :D
 
Правиме муабет мебелот да го купиш нов, шпорет, фрижидер исто. Доколку во меѓувреме се расипе рингла или нешто слично моментално и секундарно го правиш, никој не рече мебел од 70та, станот е нов со нов мебел и апарати од 2005. А не ретро станови налседени од пра баба и дедо и нивен мебел и раскантани кревети.

300 ден плаќам одржување влез, 170ден ако никој не седи и струја 300. Парно нема, има инвертер клима. Ти кажувам дека го исплаќаш за 20 год станот и тие пари треба да ги рачунаш како веќе пропаднати а не тие да ги рачунаш како неопходни за живеење да ти бидат.

А со тие математики како треба и што треба и читање по нет како прават во Сад, пресметки на калкулатори што со реалноста нема благе везе, не ви држи вода, ова е од искуство а вие како сакате.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom