Strenght
Never Give Up!!
- Член од
- 24 април 2010
- Мислења
- 2.516
- Поени од реакции
- 1.824
Значи сега јас нетреба да верувам на страната што мери загаденост на воздухот туку твоиве зборови искуцани на форумов?Таман работа да извртувам дискусија, Охрид ти е загаден по 5+ месеци во годината, оваа година се грееше до крај на Април, минатата исто, и да не набројувам, во тие месеци воздухот ти е тиња.
Од архитектонски аспект да не отвораме тема, куќа на куќа, улици едвај да се свртиш, недај бог ако фати некој пожар ни камион не собира во тие уличките, а за народот да не отвораме уста.
2 собни станови во Голд Коуст од по 800к се во луксузни места од типот на Q1, таму се седи за курч, или се зема за да го издаваш на туристи на кои ќе му го изнајмуваш и по 200 долари од вечер, за фамилии за 800к имаш townhouse.
А ако земеш да споредуваш сооднос на примања во мкд и тука, млад брачен пар тука побрзо ќе си дозволи куќа отколку во мкд стан.
И да, Македонија е ефтина ако купуваш со тукашна заработка.
И тука имаш народ што врти со педалинките секој ден по каналите, имам пријател што оди со кајак на риболов секој викенд и никаков инцидент. Ајкули и приказни за нив ти се повеќе за снимање емисии за на ТВ, во реалност минатата година во цела АУС имало 19 напади во цела година, во 2021ва имало 21, и тие ти се во најчест случај на сурфери кои одат уџум во внатрешноста, и лудаци кои одат да пливаат со нив и ги провоцираат.
Еве кај мене тука последен бил пред 11 години, а има милиони туристи кои од вода не излегуваат.
Прошетај на север, ќе ти стане појасно, пакистанците ви се таму доле, тука е мнозинство бело население.
Таман работа „од високо“, напротив, го зборувам за ваше добро. Разбирам некој да трча по станови таму а отишол да работи во Мекдоналдс во Германија, едноставно со тамошната плата максимум ќе може да исплати стан во мкд, ама не ги разбирам овие од тука.
Од високо е ова што ви се курчат дека Македонија биле ефтини становите.
ДА, ефтини се, оти во Австралија ако му се работи може на годишно ниво да тргне на страна колку за еден стан во мкд. Со тоа што ќе дојде некој таков и ќе истресе 1800 евра за квадрат, нема да можете да купите тие што заработувате локална плата. Со исклучок на ИТ сектор, бизнисмени, доктори, политичари и слични лопови, за никој друг не е ефтино стан од по 1400+ евра квадрат, да не правиме маубет за 2000.
Е тоа ти е курчење, и тоа ти е „непатриотски“ чин. Ако до толку сакаат да инвестираат, нека донесат инвеститори, нека отворат фирми, вака само спонзорираат фаци кои градежен бизнис го користат за перење на парите од дрогата/лоповлук/корупција.
Работев во градежен бизнис и со чест на исклучоци се е лопов до лопов, или се фаци на кои има се „восхитуваат“ во темата за криминалци, или пак се секој ден на кафе со истите нив.
Не сакам да ја влечкам темата за Австралија, за неа може да дискутираме на другата тема, јас немам проблем и да ја фалам и да ја кудам, и тоа го имам правено во повеќе наврати.
Јас и ти ќе скапиме во земјата додека глобалното затоплување да е нерешлив проблем било каде во светот. Австралија ти е огромна територија, запад низ Перт имаш посува клима (слична на мкд лето), кај мене тука е суптропска со доста дожд и температури најчесто од 28-35 степени. Еве ти едно видео, разгледај го, добро е објаснето зошто е населена така како што е.
Автоматски споено мислење:
Значи заклучок и да сакаш да биде почисто не бива
Автоматски споено мислење:
Ова е една недела во 10 години, имавте во 2019та, минатата беше добра, оваа е пожешко и има поголема шанса да се разгори ама далеку од тоа дека е константно загаден по 5-6 месеци годишно како во мкд.
Се читаш ли што збориш? Дај бе престанете на тепка да лупате глупости, ако немаш докази не штракај нешто што не си во право.
Еве ти и Biggera Waters моментално е позагадено од Охрид, Австралија цело време има пожари. Отвори мапа да видиш дека и сега има, средниот дел од континентот е пустелија.

Охрид го споредуваш со барите и мочуриштата реки што ги имате во Gold Coast?
Па појди пливај таму ако е толку добро.
и на крај краева градот до сега ви е 45 пати поплавен.
Можеш да ги игнорираш сите факти али земај во обзир други работи што не се во ред таму.
Не постои совршено место, работи што никад нема да ги имаш таму ги има овде.
И ако земаш веќе направен објект таму мора да провериш дали населбата била поплавена порано.
Не си играј со места каде што немаш познавање пошто страта ке те изгори ако земаш townhouse.
Ако земаш куќа имај во предвид полиса за осигурување.
Овие работи никогаш нема во Охрид да ги имаш.
А тоа за ајкулите верувај дека се бабини деветини, одам на риболов јас.
Оваа година ми имаат закачено 2 мали бебиња ајкули од метро. На плажа кајшто седат луѓе.