Направи муабет со некој што се разбира од градежни работи и што имал искуство со градење на згради во Скопје.Ама некој кој навистина ќе ти ја каже реалната состојба на терен.
Нека не бидат мои зборовите.Ете самиот распрашај се.
Навистина се сомневаш во македонската корупција? Навистина веруваш дека само завршницата на изведбата е неквалитетна?
Добро, статика е комплетно егзактна наука, со неумоливи бројки. Зградите кога се во градба се дефакто голи, и од многу далеку се гледа што е вградено во нив. Имаме многу активен форум (build.mk) на кој самите фирми ја сликаат секоја фаза од градба, со слики на столбови, челик, бетон, плочи, буквално се.
Кој и да го тврди тоа за статиката, може многу лесно да го докаже, дури и ретроактивно. Бираш било која зграда од стотиците што ги има на тој форум, гледаш што е вградено, ја правиш пресметката, и докажуваш дека е надвор од закон. Во инженерство нема простор за завери.
Секако, зборам за зградите што се градени со легална градежна дозвола од сам почеток. Не за такви што се дивоградби, па после легализирани. Ко еден куп во Чаир, или сите глупи доградби правени во руските згради. За нив никој жив не гарантира.