Собиранката на фамозната улица Петар ДеЉан кај Пеја во стан, 3890 души бевме собрани, си донесе кој што сака од дома, вино, ракија, салати, купивме чипсови, реално предобро си поминавме. После продолживме во Мистик ако не се лажам, кафичот кај што Божино и Пеја (за жал) рапуваа и ни ги раскрвавеа ушите. Штета што ми умре лаптопот од смрт иначе имав еден милион слики од таа вечер, односно слики + мемиња, а има и тема на кајганава за таа вечер.
Замре некако тој тренд на форумов, а имаше во доста наврати добри собиранки, значи не зборам само за кафани и пијанчења, него и играње билијард, фудбал, кафица и слично.