Среќен роденден Кајгана (#КајганаСобиранкаChallenge)

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.175
Поени од реакции
34.322
Форумот денес слави 14 години.

Вообичаено, до пред неколку години, редовно одржувавме собиранки на крајот на јануари. Кој бил на форумот пред 10 години, ќе потврди дека искуствата и дружбите тогаш беа прајслес и засекогаш ќе ни останат во сеќавањата, но за жал, со експанзијата на „социјалните“ медиуми - се сомневам дека ќе се повторат риал-лајф дружбите со форумџиите од првата генерација (2005-2009). Зошто е тоа така и зошто повеќето го заменија форумот со Фејсбук и Инста?

Па, ваљда затоа што:
- Полесно е да си фаца на Инстаграм со избор на една од 50-те фотографии кои ги направи денес од досада;
- 1000 followers од Пакистан чинат $3, а ќе ти го напунат егото до плафон;
- Нема кој да те банира ако си глуп и безобразен на Twitter;
- Нема кој да ти фаќа сеир за глупостите на Facebook;
- Можда си станал Life coach или фитнес коуч благодарение на сторијата на Insta;
- Никогаш нема да прочиташ некој кој размислува поинаку од тебе, затоа што сам си го уредуваш Feed-от со Follow на тие што се како тебе и Unfollow на тие што ти се спротивставуваат;
- Баш е фино да те лајкаат насекаде луѓе кои не ги знаеш и никогаш повеќе нема да те отераат у курац со негативна репутација;
- Ја бутна владата со твитање. Два три пати.
- Полесно е да ја лајкаш на Инста отколку 3 месеци да ја импресионираш преку ПП пред да ја викнеш на кафе;

И на крај, на социјалните медиуми никогаш нема да дознаеш колку ти значат мислењата затоа што никогаш нема да ја изгубат базата за време на миграција и да те вратат со месеци наназад. Како што на нас ни се случи 2-3 пати :pos:

Среќен роденден Кајгана! Да ни се множат! :kajgana:


Оваа година, најверојатно пак нема да има собиранка. Како по обичај, нема „иницијатива“.
Па пизда му материна, што луѓе ќе бевте што не можете да организирате еден собир самоиницијативно? :misticen:
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Srekjen, delite rodenden so sestra mi, 21 januar, najdepresiven den vo godinata, alal da vi e. :D
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
26.608
Поени од реакции
81.280
Па пизда му материна, што луѓе ќе бевте што не можете да организирате еден собир самоиницијативно? :misticen:
Чекаме СМС од партија да ни кажат дали ќе се збираме...

:smirce:
 
K

kicodarker

Гостин
Среќен роденден, на првиот форум во Македонија (колку битолски звучи ова,ама ај) најмасовниот кој своевремено беше и виртуелна република, фејсбук во палеолитот на интернет ерата во Македонија.
Дури имаше и неколку копии, едната бугарска другата од мотика форум, па дури и темите ги отвораа со истите наслови :)
Ацид убав вовед направи, за да се истакни некој на форум потребен е интелектуален капацитет да склопи мислење како мини колумни беа темите кога се отвораа, и за оние кои немаа поголеми писателски способности пак имаше теми како dali piete kokakola со одговори da hehe sekojden.
За разлика од форум, социјалните мрежи повеќе целат кон суштината и корисниците функционираат по зомби принцип, порано за една слика да добиеш или камера на мсн во темна соба, требаше да се убиеш од пишување, сега е лесно со еден френд реквест. И низ сите години поминаа разни генерации, оние кои се родиле кога беше отворен форумот сега размислуваат каде во средно.
Да не заборавам имапе и кантер сервер,мирц канал, радио па едно време и кајгана тв....
Собиранките нормално дека се минато баш заради социјалните мрежи, го нема истиот филинг да се запознаеш со некој кој си го читал по форуми, баш заради масовниот број на корисници на соц.мрежи каде секојдневно читаш и сретнуваш разни ботови тролови кои стварно добиваш желба никогаш да не ги сретниш а не да упознаваш.
Кога веќе темава е носталгична него ли наменска, не е лошо да се постават слики од одамнешните собиранки да се види атмосверата.
Без имиња никнејмови и сл.

п.с. Јарец или Водолија е паѓа форумов? :D
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Среќен роденден,со закаснување
 
Член од
29 септември 2015
Мислења
243
Поени од реакции
323
Среќен дружино. Памтам првите недели кога почнавте имав катастрофален интернет. И ете времето прошло oд тогаш:(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom