ThA-BiTcH
~*~Blonde Bitch With a Brain~*~
- Член од
- 23 септември 2005
- Мислења
- 4.338
- Поени од реакции
- 61
Многу пати сум пробала да си одговорам на ова прашање, али никогаш не сум дошла до правиот одговор.
Каде би можел некој да ја најде својата среќа? Дали воопшто може да се најде или пак таа треба да не најде нас? Дали парите имаат врска со неа? Сепак парите се нужно зло и средство за живот. Но среќата е нешто повеќе. Човекот е сепак над парите. Уште кога сите би биле свесни за тоа, би било подобро и се би било поинаку. Меѓутоа, самите сме си направиле една слика за животот каде што парите играат главна улога. Кога ќе размислам подобро, самите им дозволуваме на парите да ни бидат господари, а со тоа им дозволуваме и да ја условуваат нашата среќа....
Значи, што всушност е среќата?