Средношколски протести

Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
М

Македонски јазик мора да има. Литература не мора да има. Тоа е таа разлика. Треба да се направи разлика меѓу граматиката и литературата. Како што некој не сака математика да полага задолжително исто некој може да побара со право да не полага Дон Кихот или дела од Алигиери, Бокачо или Толстој. За нашето образование да мрдне од оваа мртва точка на која се наоѓа потребно е МОН радикално да ги промени прво програмите и условите, а потоа концептите како матурата и екстерното тестирање. Сето тоа треба да се усогласи со реалноста и потребите на учениците/студентите и потоа на општеството. Се додека на памет на секој му се дава се и сешто да полага без некоја конкретна цел, никаде не одиме.
Е ај ако не уште во основно да ги насочиме децава,на кој не му треба математика нека не учи,на кој не му треба литература нека не учи.И таман родителите ќе им изберат професии(не дека не се дешава веќе ова). Во Америка дури и на колеџ не се директно насочени туку ги оставаат да изберат мејџор,ние идните интелектуалци ќе ги пуштиме на факултет без квадратна равенка да знаат да решат или лектира у живот да имаат прочитано.Па нека ја укинат гимназијата тогаш:unsure:
Вие работите ги гледате само од аспект на едната страна, кога ќе почнете и од другата страна да гледате, многу појасни ќе ви станат некои работи :icon_mrgr:

Како прво, математиката не е нешто што може да се научи од денес за утре.
Математиката е нешто што се учи контиунирано, ако не ги знаеш основните работи, нема да ги знаеш ниту покомплексните.
Некој ќе научи изводи, во задачата со изводи ќе треба да реши најосновна равенка со една непозната, и не знае. Џабе научил изводи, кога не знае да ја дореши задачата, затоа што 10 години претходно ништо не учел.
Математика не се учи со гледање, не се учи со читање, математика се учи со РЕШАВАЊЕ ЗАДАЧИ, со вежбање.
Кога ќе земеш цела збирка да ја решиш, континуирано кога ќе вежбаш и ќе пишуваш домашни работи, тогаш ќе можеш да кажеш дека си учел математика. Ти можеш 5000 приватни часови да земеш, ако дома не седнеш да вежбаш, се е напразно.
Професорот во математика може само да ти ја покаже постапката, не може да ги реши сите можни видови на задачи, туку се решава тоа што е поеднастовно, се навлегува во суштината на потешкото, се вежбаат и потешки задачи, ама затоа за домашна се даваат некои трик задачи и задачи кои одат од помала кон поголема тежина.
Домашната задача во математиката е нешто клучно, затоа што ова не е лекција по историја, па да предадеш лекција со наборјување на најразни историски факти, или лекција биологија во која треба да научиш кој орган каде се наоѓа, туку овде треба да ја сфатиш суштината на задачата, и врз основа на тоа да знаеш да решаваш секаков вид на задача, затоа што ни 10 часа неделно не би биле доволно да се опфати целиот материјал.
СУштината е да имаш слика во главата што е дадено во задачата, што се бара, и кои формули би ти помогнале да дојдеш до тоа што се бара.
Колку од учениците и студентите пишуваат домашна? Таа домашна не се дава ради реда, домашната не е за професорот, домашната е да ги натера учениците и студентите да отворат книга и да вежбаат. Кога некој ќе седне и после секој час ќе проба да ја решава домашната, ќе наиде на потешки задачи и ќе знае прецизно да постави прашање што не му е јасно.
Има задачи кои се решаваат со финти, доколку не си седнал да вежбаш нема никогаш да дознаеш што е тоа што се учело претходно во математиката, а треба да го примениш во задачата, иако директно не си го сретнал ниту во една од лекциите од моменталниот материјал.
Учениците често прашуваат, епа од каде да знаеме со што треба да се реши?
Ќе знаете, ако сте седнале да ја решавате домашната, ако сте виделе како се решава истата, и доколку сеуште не ви е јасно, сте се обратиле кај професорот. Нема професор што не сака да помогне, ама професорот не може да гледа на гравчиња што не им е јасно на учениците, туку самите треба да си постават прашања.
Ако пропуштиш дел од материјалот, макар и во едно одделение, толку е од твојата математичарска иднина :) Тие што ги гледале финтите во задачите од основно, ќе знаат што работи ќе се искористат и во средно и на факултет.
Додуша, како се симнати критериумите во средно образование, ваквите трик задачи се веќе само мисловна именка, и најчесто професорите ги даваат истите задачи од учебник и одново 90% од учениците добиваат единици.
Највиновни се нивните родители кои не ги стимулираат да учат математика. Математиката бара да го загрееш столчето, исто како што кошарката или фудбалот бара да имаш секојдневни тренинзи за да ја одржиш формата. Разликата е што спортот те истоштува физички, математиката психички :) Има и придобивки од тоа, ќе имаш многу поголема логика од другите, подобро памтење, поголем капацитет да напредуваш во научните области, а богами ќе можеш математиката да ја примениш во многу други области како економијата, програмирањето, финансиите итн.
Секој родител сака детето да оди по помала линија на отпор, па ако запне со математика, ќе му рече сине глеј другите оценки да ти бидат подобри, ова ќе го средиме. Сите мои познаници кои продолжија да работат во средни школи ги сменија своите броеви, затоа што одеднаш почнаа да се јавуваат стари роднини, трети братучеди, екс комшии, само за да се ургира за оцени по математика. Уште не почнала учебната година, а некои од учениците веќе имаат заклучено оценка за крај на годината. Може вас ви изгледа чудно, ама никој не помислил како е да работиш со ученици КОИ НЕМААТ НИКАКВА ЖЕЛБА ДА ГО УЧАТ ПРЕДМЕТОТ?
Значи ужасно е ситуацијата, дури ужасна може да се земе како комплимент за посветеноста кон математиката. Доаѓаш да предаваш, си спремил програма, домашни, пробуваш посликовито да ги објасниш работите, на крај никој не погледнал што има за домашно, до пред тест никој не отворил книга, па кога им се собрале повеќе работи професорот е виновен. Тие што идат на приватни часови сакаат само шаблонски да научат, и ако е возможно да можеш ти да им го решиш тестот, па они ќе ти платат. Дури и најдобрите ученици во моментов гледаат само да научат тоа што е за тест, никој веќе не се припрема за натпревари по математика, па да има секции вон часовите, затоа резултатите на матемтичко ниво ни се катастрофа.
Покрај се ова кое го набројав, вина има и кај професорите, и добар дел од нив воопшто не се посфетени, и во ваквите случаеви ги жалам нивните ученици. Но, од лично искуство, би рекол дека и да имале добри професори, учениците пак би наоѓале оправданија зошто да не учат математика.
Абе кое ти е тоа оправдание кај ќе ми треба математика во животот?
Па мене кај ќе ми треба Македонски во животов? Демек ако не учам Македеноски, нема да знам да зборам и да пишувам? Кај ќе ми треба во животов каква рима имало во стиховите од Гарванот? Кој бил мотивот во Тартиф? Ќе ми затреба ли тоа во животот?
Каде ќе ми требаат податоците во географија? Ќе ме праша некој каде има махагоново дрво или каучук? Ќе ме праша некој каква е климата во Индонезија и колку овци има во Австралија?
Каде ќе ми треба билогија? Ќе ме праша некој како се размножуваат пчелите?
Буквално за секој предмет можеш да најдеш оправдување, ама проблемот е што овие предмети можеш о да ги препишеш, можеш и да ги набубаш, ама во математиката ако немаш разбирање, ако не размислуваш со своја глава, се ти е напразно :)

Допрва доаѓа полоша програма, наложено од министерството. Се преведуваат книги од Кембриџ, а поради сосема различната терминологија која ја користиме ние и Англичаните, ќе настане огромен хаос. Нешто што професорите го предавале на еден начин, сега ќе се продава на друг начин. Дали ги прашал некој професорите дали се согласуваат со тие промени? НЕ...
Дали министерството некогаш одвојува средства за да ги прати наставниците и професорите на некоја конференција, на некој семинар, да разменат искуство со професори од други држави? НЕ.
Кој има пари, тој оди...
Дали знаете дека ИМ ЗАБРАНИЈА на професорите да препорачуваат работни тетратки. Им забранија да се продаваат математички списанија по училиштата?

Математиката се учи со повеќе часови, а голем проблем е што низ годините бројот на неделни часови по математика е намален од 5 на 3. Ете нека се побунат учениците да има повеќе часови на неделно ниво, за поубаво да им биде објаснет матаеријалот, ако толку ништо не им е јасно?!
Тоа се 8 часови помалку во еден месец, за плус 8 часа ќе може и повеќе вежби да се одржат, и да не се трча низ материјалот само за да се заврши во даден рок.


Друга работа, студентите имаат многу погрешно размислување и треба да бидат среќни што некои асистенти пред се, се нафаќаат да им објаснуваат.
Од студент кој се запишал на ПМФ, на ФИНКИ, на ЕЛЕКТРО, на АРХИТЕКТУРА, на МАШИНСКИ, се очекува да ги знае основите на матемтиката.
Не можеш ти да запишеш математика во која имаш решавање на тројни интеграли, а да не знаеш да го изразиш х од равенката х+2=0.
Во тој случај ти си го промашил факултетот и никој друг освен тебе не е виновен за тоа.
Најбитно е колку сака ученикот да учи да,и од дома колку го тераат. Ама математичарите имаат убедливо најлоши програми,90% од нив. Проблемот е што изглеа им е наложено да ги проаѓаат учениците со сила, и сите се лабави пошто знаат дека и таблица да не научат ќе имаат пролазна. Во основно ни еден ученик немаше кец математика а имав 5 души во клас што не знаеа да множат и делат:facepalm: .Голема кривица лежи во професорите за резултатите на натпреварите,ја коа идев не добивав апсолутно никаква помош од професорката. Нив ги мрзи да дадат поправни,домашни да прегледуваат а уште па секции да прават.До факс 5 професори математика ми имаат предавано,и 4 од нив беа катастрофални. Дај боже новиве да се подобри.

Ја сум против начинот за спроведување на матурата,али за математика мора да има некој екстерен тест кој ќе биде независен од професорите што предваат. Е тука ќе видам дали нема да седнат да научат.
Од сите глупости што ги воведе владава,ова е корисно. Им требаат технички кадри,а од 1500 запишани 1000 не проаѓаат бидејки немаат никаква основа математика.
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.085
М

Македонски јазик мора да има. Литература не мора да има. Тоа е таа разлика. Треба да се направи разлика меѓу граматиката и литературата. Како што некој не сака математика да полага задолжително исто некој може да побара со право да не полага Дон Кихот или дела од Алигиери, Бокачо или Толстој. За нашето образование да мрдне од оваа мртва точка на која се наоѓа потребно е МОН радикално да ги промени прво програмите и условите, а потоа концептите како матурата и екстерното тестирање. Сето тоа треба да се усогласи со реалноста и потребите на учениците/студентите и потоа на општеството. Се додека на памет на секој му се дава се и сешто да полага без некоја конкретна цел, никаде не одиме.
Прво што треба да се направи е да оневозможи партиското вработување на професори и добивањето незаслужени оцени. Овие две работи да се сменат, сигурен сум дека образовниот систем ќе стане n пати подобар. Не знаеш да собираш дропки ? Ќе останеш во петто одделение. Не знаеш да читаш и пишуваш, ќе останеш прво одделение. Да бидат луѓето свесни дека постои можност да паднат, да видиш како ќе почнат да го загреваат столчето.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Луѓе, се додека мислите на математиката како на бројки, прави и отсечки и муабет „кај ќе ми треба интеграл во животов“ ништо не правиме :)

тоа е предмет кој се заснова на изнаоѓање решение преку низа постапки. Не иде задачава пример преку барање услов за ненегативност (лупам) , ќе ја бараме преку втор извод да речеме да е еднакво на нула. Пробување на начини додека не дојдеш до решението. Е сега, тоа се отсликува понатака во животот. За многу проблеми во животов решението нема да биде пред тебе. Математиката ќе те научи да анализираш, да видиш кои опции ти се дадени, логички да размислуваш, да склопуваш решенија, да пробуваш работи додека не ја оствариш целта. Да ти всади упорност за да не се откажуваш додека дојдеш до целта.

Ама како што кажаа, ние како нација сме готовани. Сакаме се да е пред нас, се да ни е изџвакано. Видете само по некои предмети на факултети, дури и книга од 200 страни им е многу, скрипта идат купуваат :lolzz:

Лично јас сум против целиот концепт на матурава. Треба да си има приемни испити како пред 10-15 години и крај. Но и како што кажа @Dimitar171 треба да се контролира знаењето по математика во средниве училишта, поготово гимназии затоа што навистина намалени се сите критериуми и со задачи од збирка на тест се случува да има по 18 кеца.

п.с. @Dimitar171 кој ти беше тој еден асален во средно? :D
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.869
Поени од реакции
11.490
Ако стварно сакаат нешто да променат, нека вратат како што беше порано,без матура, со приемни испити. Оставање системот на образование во основно и средно ист (ок, со Кембриџ програма која све ќе направи на подобро) и со воведување на задолжителна матура по математика, ништо нема да направат. Си имаше изборен математика, тој што планира да се запишува на ФЕИТ, ФИНКИ и други факултети кај што има математика, нормално ќе си избере математика. Секако и тој што планира да оди на Правен, ако сака, може да земе математика, тоа е негово право на избор. Тоа фали во државава, избор. Само се сервира нешто, нема врска дали тебе ти се свиѓа или не. А тоа што за тебе решаваат полуписмени министри и службеници во МОН, друга работа.

Ако веќе планираат да ја остават матурата, можда боље е следново: задолжително мајчин јазик без литература, другото е избор. (2-3, колку и да се). Можда и не е така лоша идеја да се подели предметот Македонски јазик и литература на Македонски и Литература. И двете да бидат задолжителни предмети за гимназиско образование во сите 4 години, но на матура задолжителен да биде само Македонски (ова зборам ако останува матурата).
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Штом јас положив еден куп математики на факултет, бев на натпревари, а во основно сите тестови ми беа кецови и oвие што протестираат можат да научат за една смешна двојка. ;)

И мене сега не да ми требаат задачите, али со тоа се развива логичкото размислување. Да не ве чуди што гледате прашања од типот што е поголемо -5 или -3
Ај ќе им дадат по еден таблет и ќе престанат со протестите. :D
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.749
Поени од реакции
12.765
Глеав на вести,еден од тие средношколците викаше дека немале сите талент за математика.Талент:facepalm:
Нормално е да има глупости од овој тип. Пола од средношколците се неписмени со максимум 2 прочитани книги во животот плус на ова додај ја и тремата пред камара. Сконцетрирајте се на аргументите на пленумот не на децава што излегле на улица.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.767
Поени од реакции
17.482
Нормално е да има глупости од овој тип. Пола од средношколците се неписмени со максимум 2 прочитани книги во животот плус на ова додај ја и тремата пред камара. Сконцетрирајте се на аргументите на пленумот не на децава што излегле на улица.
Дечкото даваше изјава,не беше некој рандом тип.Не е битно,прати ми ги официјалните аргументи да ги видам. Бидејки го видов евентот и сликите,банерите што протестиравте и главен аргумент ви беше дека нејкете математика.
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.753
Е ај ако не уште во основно да ги насочиме децава,на кој не му треба математика нека не учи,на кој не му треба литература нека не учи.И таман родителите ќе им изберат професии(не дека не се дешава веќе ова). Во Америка дури и на колеџ не се директно насочени туку ги оставаат да изберат мејџор,ние идните интелектуалци ќе ги пуштиме на факултет без квадратна равенка да знаат да решат или лектира у живот да имаат прочитано.Па нека ја укинат гимназијата тогаш:unsure:

Најбитно е колку сака ученикот да учи да,и од дома колку го тераат. Ама математичарите имаат убедливо најлоши програми,90% од нив. Проблемот е што изглеа им е наложено да ги проаѓаат учениците со сила, и сите се лабави пошто знаат дека и таблица да не научат ќе имаат пролазна. Во основно ни еден ученик немаше кец математика а имав 5 души во клас што не знаеа да множат и делат:facepalm: .Голема кривица лежи во професорите за резултатите на натпреварите,ја коа идев не добивав апсолутно никаква помош од професорката. Нив ги мрзи да дадат поправни,домашни да прегледуваат а уште па секции да прават.До факс 5 професори математика ми имаат предавано,и 4 од нив беа катастрофални. Дај боже новиве да се подобри.

Ја сум против начинот за спроведување на матурата,али за математика мора да има некој екстерен тест кој ќе биде независен од професорите што предваат. Е тука ќе видам дали нема да седнат да научат.
Од сите глупости што ги воведе владава,ова е корисно. Им требаат технички кадри,а од 1500 запишани 1000 не проаѓаат бидејки немаат никаква основа математика.
Не ми ги извртувај зборовите. Не реков да се тргне математиката и литературата од образованието, туку да се регулира нивното тестирање на матура. Пример да се полага тоа или тоа. И џабе јас што знам да ја решам квадратната равенка кога не знам како е добиена и зошто користи. Мене професорите ми го предадоа начинот на решавање на квадратната равенка, а не како е добиена или зошто се користи.
 

Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.141
Поени од реакции
1.085
Не ми ги извртувај зборовите. Не реков да се тргне математиката и литературата од образованието, туку да се регулира нивното тестирање на матура. Пример да се полага тоа или тоа. И џабе јас што знам да ја решам квадратната равенка кога не знам како е добиена и зошто користи. Мене професорите ми го предадоа начинот на решавање на квадратната равенка, а не како е добиена или зошто се користи.
Правилно е да ти каже зошто се користи, но доказите на некои работи се некогаш доста комплексни. Да ја земеме за пример равенката за пресметка на плоштина на круг. Таа се учи во основно, а нејзиниот доказ е преку интеграли. Како ќе му објасниш на дете од 10-11 години што е интеграл ?
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.058
Поени од реакции
17.753
Правилно е да ти каже зошто се користи, но доказите на некои работи се некогаш доста комплексни. Да ја земеме за пример равенката за пресметка на плоштина на круг. Таа се учи во основно, а нејзиниот доказ е преку интеграли. Како ќе му објасниш на дете од 10-11 години што е интеграл ?
Доста различни работи се тие. Од математиката ако има нешто што стварно ме интересира тогаш тоа се геометриските фигури и тела. Со самото тоа што се пресметува плоштина на круг веќе има некоја основа. Значи конкретно ти дават формула за да пресметаш нешто кое го гледаш, кое може да го нацрташ и да пресметаш колкава му е површината. Поправи ме ако грешам ама формулата беше r2(на степен два) помножено со пи(приближно 3.14). Еве барем од оваа формула убаво беше објаснето како е добиен бројот пи, како количник меѓу периметарот и дијаметарот на кругот (или обратно како и да е).

Покрај тоа плоштината на круг се учи во основно (седмо по старо), но се учи и во средно училиште. Сепак многу поголем проблем од геометријата е алгебрата која многу лошо ја објаснуваат професорите во средно.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.054
Нормално е да има глупости од овој тип. Пола од средношколците се неписмени со максимум 2 прочитани книги во животот плус на ова додај ја и тремата пред камара. Сконцетрирајте се на аргументите на пленумот не на децава што излегле на улица.
Па отприлика пола од средношколците се многу голема бројка. Јас искрено од тоа што ги следев протестите ја видов само таа половина. На телевизија интервјуирани се ученици кои протестираат и нивниот одговор е едноставно - НЕ за математика. Нема аргументи, нема ништо. Единствениот аргумент кој јас го видов е дека математика НЕ им треба во иднина и нема што да го учат. Социјалните мрежи се преплавени од такви и слични коментари. Средношколците треба да излезат со став - НЕ за лошите реформи, но вниманието им е насочено само кон математиката, со што скроз ја промашуваат целта.

Ништо лично, ама според постовите прочитав дека си средношколец (ако не прочитав убаво извини). Да знаеш дека за 5-6 години, од друга перспектива ќе гледаш многу смешно на концептот за матура. Во мојата генерација математика положија ученици кои ни на крај памет не мислев дека се способни за тоа.

Како паралела - тестот по Македонски ќе ви излезе многу потежок и ќе имате значително помали резултати отколку на тестовите по англиски/математика и др.
 

Down

Boozer
Член од
4 мај 2012
Мислења
3.248
Поени од реакции
5.216
Ја полагав математика на матура и да е потешко него англиски али пак може да се научи. Али има доста ученици што реално поима немаат од животот ништо неучат и нема шанси да положат матура ако задолжителен е математика. А башка на некои факултети не ти ни треба математика така дебилно е да биде математика задолжителен. Со тоа осудуваш бар 40% ако не и поише да паднат матура.

Уствари целата матура е едно големо :гомце: нека направат на секој факултет да има приемен и решен проблем. Тие што сакаат да учат ќе си запишаат соодветен факултет зависно од знаењата а тие што не учат и поима немаат нема да можат да се шлепаат на факултет и да студираат по 10 години.
 
Член од
10 февруари 2015
Мислења
85
Поени од реакции
48
Едно е ништо неучат, а сосема друго е тоа што пробуваат да учат али не разбираат. Сестра ми иако учеше, ич не и идеше математика али секогаш бараше помош од мене и се обидував да и објаснам до онаму каде што може да го сфати основното и секогаш на тестови стигаше до 3ка решавајќи го само основниот дел од тестот, а нормално задачите што бараат мислење поголемо и логика беа за 4ка и 5ка. Јас гарантирам дека полагањево математика ќе се бара само основно ниво и секој ако седне да го научи само основното без проблем ќе положи.
Протестите треба да бидат за поинакви реформи во образованието и начинот на упис во факултет, а не тоа дали некој сака да полага одреден предмет или не сака. Ученициве што ги слушав збореа дека не сакаат да полагаат математика, а нигде не наведоа причина зошто го бараат тоа, како ќе се одрази тоа на нивното понатамошно образование или пак да дадат предлог решение како да се промени начинот на полагањето на матурата
 

Kajgana Shop

На врв Bottom