Средношколски протести

Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Крпа = оние тенките за во кујна
Пешкир = оние подебелите за во купатило (или бања на македонски)

Што не е јасно?

И кажи кој е македонскиот израз за флаширање, а да не се состои од 3 збора? Дај ако не да измислиме нов збор - шиширање. Само да ти кажам дека и флаша не е србизам, бидејќи оригинално доаѓа од германскиот јазик - die Flasche.

Се извинувам за офтопик, ама и онака темава се наоѓа во подфорум образование, па ајде да се образуваме малку меѓусебно за македонскиот јазик.
Само ја продлабочуваш неукоста.. пешкир не е збор од македонскиот јазик (речник). А најсмешно е што на македонски јазик за „флаширање“ бараш замена ама да е од еден збор. Ајде ти за „слатко од смокви“ најди соодветен израз од еден збор... Ниту шише не е македонски, турцизам е, но е официјализиран во македонскиот јазик.. и таков е регистриран. Како и многу други модерни (пред се англиски) зборови, особено од науката и техниката.
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767

Повели.

И пешкир е турцизам, ама ете го има во македонскиот речник.

Инаку, "слатко" е еден збор. "Од смокви" е само објаснување и прецизирање на тоа од што е слаткото. Споредбава со флаширање ти е во најмала рака смешна.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Кој е па он да ни кажува какви да сме?
Е па да тераме уличарски.[DOUBLEPOST=1447668757][/DOUBLEPOST]
Повели.

И пешкир е турцизам, ама ете го има во македонскиот речник.

Инаку, "слатко" е еден збор. "Од смокви" е само објаснување и прецизирање на тоа од што е слаткото. Споредбава со флаширање ти е во најмала рака смешна.
А зошто мора за се да имаме израз од еден збор? „Вода во шише“. Вода е еден збор исто, „во шише“ исто само објаснува и прецизира во што е пакувано...
А за пешкир... не си ти крив, така си научен, како и огромен број од населението кај нас... неуки. Можеби и „даска“ мислиш дека е македонски збор. И „хаљина“...
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.097
Поени од реакции
5.767
А за пешкир... не си ти крив, така си научен, како и огромен број од населението кај нас... неуки. Можеби и „даска“ мислиш дека е македонски збор. И „хаљина“...
Значи ти дадов линк со зборот пешкир во македонскиот речник. Зошто не го отвори? Можеби те научиле да пишуваш на форуми за да можеш да си ја одработиш задачата, ама ете очигледно не те научиле да отвараш линкови.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Значи ти дадов линк со зборот пешкир во македонскиот речник. Зошто не го отвори? Можеби те научиле да пишуваш на форуми за да можеш да си ја одработиш задачата, ама ете очигледно не те научиле да отвараш линкови.
Во тој линк, напиши „досадно“ и осто така ќе видиш дека е збор од македонскиот јазик. А дали е? Наградно прашање.
Исто така... и „сијалица“ ја има како македонски збор, ама во Македонија нештата може да „светат“, а не „сијаат“
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.862
Поени од реакции
11.484
Во тој линк, напиши „досадно“ и осто така ќе видиш дека е збор од македонскиот јазик. А дали е? Наградно прашање.
Исто така... и „сијалица“ ја има како македонски збор, ама во Македонија нештата може да „светат“, а не „сијаат“
А ова „ама“ што ти бара тука? Користи „но“, а не „ама“. Па уште запирка си ставил.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.899
Поени од реакции
17.537
Во 21 век во своја матична држава Македонските гимназијалци во Тетово веќе 22 дена не посетуваат настава бидејќи имаат мизерни услови.Досега за ова време не видов никој од гимназиите низ цела Македонија а и од пленумите некој да се изјасне за ова и да им даде подршка на учениците.Зошто правите селекивна правда.Верувам дека ако сите директори од Македонските гимназии земаа учество во овј процес и се да поставеа ултиматум ако не се најде решение за овој проблем за одреден период ќе се бојкотира наставата во сите гимназии.Знам какви права и услови имаат Албанците во гимназијата во Велес учат на мајчин јазик во посебни паралелки иако не се 25% според рамковен договор.Сигурен сум да беше обратно на пример да протестира за ваква работа они во Велес или Куманово или Битола дека одма ќе се јавеа пленумите.КАДЕ СТЕ СЕГА?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom