Средношколски протести

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.146
Тоа ми е мене муабетот, никогаш не може да биде причината: „Глупи се децата, мрзливи, не им се учи, па сеа ете ги протестираат, да учеа колку што протестираат ќе положеа“. Не е тоа проблемот, треба да се најде причината, не на нив да се става вината. Ипак затоа постојат образовните институции, за да те научат. А ако тие наместо да те научат ти ствараат одбивност кон истото, очигледно има нешто многу, многу погрешно. Али добро, секад е најлесно да обвиниш некој друг, посебно дете, „што знае тоа, не му се оди у школо па сега изводи“.
 
W

wicked_1

Гостин
И учениците и студентите учат толку колку што им е дадено и се влечат на маргините за да поминат со минимален труд, сегде е така не само овдека. Проблемот според мене е стриктно до образовниот систем кој треба да воспостави повисоки стандарди од тие денес, апсурд е да се лоцира проблем кај родителите
 
D

Daedalus

Гостин
@RickyLFC9, jа дефинитивно се согласувам дека делумно е, делумно не е вина на студентите/учениците.
Тука доаѓа у предвид:
1.Општиот менталитет и што се основни модели за успешен човек кај децава. Дали фапкаат на Аркан/Пинки и Шваба или фапкаат на Хокинг/Каку... Животни мотивации и идентификување со идоли се ептен битен поттик, посебно кај помладите.
Пошто реално, од дома, родителите, а и наставниците нонстоп трубат како дрога и алкохол се срање, како не знам, треба да се користат кондоми, ама кој ги е.е, тогаш некако го губат своето влијание врз студентите/децата, тогаш нивните сугестии не допираат до пубертетското мозоче, али кога станува збор за математика, кривицата е нивна, ради нив децата фејлаат.
Некогаш стварно е така, али некогаш тоа служи за оправдување.
Не можеме да генерализираме, од ситуација до ситуација...

2. Некогаш стварно се криви родителите/наставниците. Претставувањето на илузорна комплексност и прикажувањето на природните науки и математиката од страна на наставниците и родителите на таков начин, што реално ги прави досадни и неинтересни, посебно ова го прават родителите коишто честопати и самите имаат исти тип на проблем и го пренесуваат на децата свесно или потсвесно...

3. Лични психолошки блокади, мала самодоверба и/или незаинтересираност од страна на учениците што се независни фактори од „глобалните“ причини погоре или се резултат на истите.

Кај повеќето од луѓето со нормални когнитивни способности, проблемот е тука. Сигурно има и мал процент на луѓе што стварно „не се способни“ да научат од Х други фактори кои не можат да ги сменат. Некои знаат дека можат, ама едноставно не ги интересира, што е сасим ок.
Тука станува збор за тоа дали математиката е предмет кој е нужен за да биде основен и задолжителен и дали децата се способни да научат ако сакаат.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
10 февруари 2015
Мислења
85
Поени од реакции
48
Opadnat e nacinot na ocenuvanje, jas vidov sveditelstva na majka mi od pred 30 godini u sredno abe sve 5 i 4 matematika na polaganje ostavena zatoa sto bila duduk (+nemalo koj da i pokaze) i ne pomagale urgencii. Denes ako na nekoj ne mu ide eden predmet a drugite mu se 5ki odma tuka urgencii od klasen od roditeli zasto da ima kec ili dvojka toj predmet a drugite 5ki i odma mu ja kacuvaat ocenkata.
Vaka se razgaluvaat decata od mali noze i posle im e dozvoleno za se da se bunat.
Spored mene ako na dete mu go dades toa sto go zasluzil i go naucis da go pocituva toa od mali noze (2ka matematika na kraj nego 4-5 so urgencii) vo idnina kje znae sto saka i sto moze.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
Има вина кај сите, и кај родителите, но и кај самиот образовен систем, па и наставниците. Вината на детето ја ставам последна.

На страна воспитувањето (за што главни се задолжени родителите), да видиме какви услови нуди образовниот систем: 35 ученици во клас- како ќе може да посвети наставникот внимание на сите 35 ученици за време од 45 минути кога се обработува една материја. Нека се работи одредена тема и 2 часа, 35 деца за 90 минути. Наставникот треба да предаде материјата, да објасни со примери и после по минута на дете а? И оп, на детето му е јасно све. Понатаму, да не правам муабет какви се условите за изведување експерименти и остали слични работи по природните науки. Жива среќа беше кога еднаш во тек на 3 години хемија имавме експеримент во нашето средно школо, физика ни ги објаснуваше експериментите со футролата за наочари и рацете...тоа ли се услови? Требаат пари за подобро образование? Е требаат... ок, бесплатни учебници- да, тоа е кул, добра ствар е. Ама не е доволно. Пари може да се најдат - пример, од панорамско тркало, жални врби и слични непотребни ствари.
Вината на наставникот ја гледам посебно на оние кои не се добри педагози, се користат со секакви мерки и зборови, притоа понекогаш заборавајќи дека пред себе имаат деца кои после создаваат одбивност према предмет заради наставник, а не заради самиот предмет. (сега зборам генерално и за основно и за средно)

Но, не заборавајте дека математиката како задолжителен предмет е само една од работите поради која средношколците протестираат. Прво, тука е новиот концепт на матура, за кој јас не гледам никаква потреба, ако веќе има матура, тоа претходно беше сосема океј, полагаш 1 предмет во 1 ден и тоа е тоа. Ај сеа ќе ги цепкаме, пола саат денес, 20 минути задутре и слично. Второ, влијанието на екстерното оценување, поточно самите оценки. @VardarVoSrceto ги напиша пред 1-2 страни аргументите против ова, да не се повторувам.

Што би направил јас на нивно место: 1. Барање за укинување на матура и враќање на приемни испити на факултетите. 2. Барање за целосно укинување на екстерното оценување.

Како и да е, и да се сложувате и да не се сложувате со нив, они си имаат право на протест, загарантирано со Устав, закон и меѓународни договори. А да, може да прокоментирате нешто и за оние негативни, црни кампањи кои ги правеа одредени лица.

А гледам одредени ликови се враќаат од „мртвите“ откако не успеаа на други теми да наметнат став. :(
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.712
Математиката како предмет во основно и средно образование има еден огромен пропуст кој придонесува потоа негативно настроен однос кон овој предмет од страна на повеќето ученици. Еве кога станува збор за мене лично се сеќавам добро дека математиката ми беше омилен предмет од 1во до некаде 6то одделение. Многу сакав да решавам задачи, посебно оние текстуалните со крушите и јаболката и оние логичните со пирамидите и не ти знам што. Уште пред да тргнам на училиште се местев до брат ми кога пишуваше домашна математика и многу се интересирав за истата.

Е сега кога настана проблемот. Не ме фаќајте за збор, но некаде 6то или 7мо одделение започнува тоа изучувањето на мономи, биноми, полиноми и слично работи. Јас го велам времето кога првпат до бројка забележав залепено буква :D. Оттогаш па натаму математика почна да ми губи смисла, затоа што веројатно јас на мои 13 години не бев способен да сфатам што значат сите тие работи, каде и дали се применуваат и зошто ми се потребни во животот. Е овде немаше кој да ми го објасни тоа и јас стагнирав. А таков сум едноставно, доколку не ја гледам логиката во нешто не ме влече ни да го учам ниту пак да се трудам многу. После тоа во средно уште поголем хаос настана. Комплексни броеви, квадратна равенка, низи, променливи, непроменливи, логаритми, антилогаритми. Што е тоа? Од каде е добиено, кој го измислил, каде се применува, зошто го учам јас тоа? 7 бил природен број, 7i бил имагинарен број и тоа квадратен корен од негативен број или како и да беше. Онаа долгата формула за квадратна равенка како е добиена, кој и зошто ја измислил, каде се користи освен во задачите по математика? Ова ниеден професор не зеде да го објасни и да го посочи. Сето учење беше напамет без никаква смисла. Да не почнам да зборувам за изводи и интеграли, принцип на математичка индукција, лимеси и така натаму. Доаѓа асистентка на предавање и одма оп, решава задачи. Лимес така, онака ПМИ х=1, х=к, х=к+1, бла бла-дрн дрн.

Мислам сфаќате зошто човек како мене кој математика како мал му бил омилен предмет во животот ја загубил желбата за истата. Да бев средношколец и јас ќе протестирав. Прво министерството и владата нека обезбедат услови, програма и кадар за изучување математика, па после нека ја стават на тестирање за матура или каде сакаат. Се додека се предава од секакви професори и се пласира како нешто измислено кое само треба да се прифати, дотогаш нека протестираат.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
И уште нешто заборавив: Дали директорите, како одговорни лица, ќе одговараат кривично за затварања на вратите во средните училишта? (во неколку училишта се случило ова)
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
5.169
Поени од реакции
2.272
И уште нешто заборавив: Дали директорите, како одговорни лица, ќе одговараат кривично за затварања на вратите во средните училишта? (во неколку училишта се случило ова)
Нека поднесат кривични пријави учениците.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.849
Поени од реакции
11.477
Нека поднесат кривични пријави учениците.
МВР ова треба да го истражи и по службена должност да поднесе до Јавно обвинителство претставка. Не знам како оди процедурата точно. Требале да викнат полиција децава, т.е. нивните родители (не знам, можда и викнале).

Мое дете да е таму се јавувам во полиција и викам: Моето дете е киднапирано во неговото училиште. Е ако не сака МВР да превземе нешто, јас ќе ја превземам правдата во мои раце. Ќе ја платам и вратата од школото ако треба.
 
Не, МВР туку обвинителот. Е сеа обвинителот може ама не мора. Доколку има пријава до МВР или до обвинителство тогаш мора да има некаква реакција. Ова ме потсетува на протестите од 2001 против партиципација на факултет кога професорката по македонски и уште една професорка стоеа со раширени раце пред моето средно и се обидуваа со раце да не сопрат да одиме на протест. Нормално успеаа да фатат само двајца:) И тогаш беше иста песна прводва три добри протести после тоа повеќето на кафе и на крај аш протести. Сега единствено може да бидат подолги ради политичката тензија.
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
5.041
Поени од реакции
7.062
Повеќето што протестираат од мојот крај се глупи и мрзливи и протестираат само за да губат часови. Штета што средношколците од генерација на генерација стануваат се поглупи и на прво место им се социјалните мрежи. За време на протестот извикуваа НЕ ЗА МАТЕМАТИКА пред директорот,па тоа ли е пораката? Што може директорот да направи? Немаа никакви аргументи и организираност.
Да не бидам сватен погрешно, ја имаат мојата поддршка но треба со цврст став да излегуваат и да не урлаат само УА Адеми,НЕ ЗА МАТЕМАТИКА и слично.
 
Amaterasu

123123113
Член од
17 април 2012
Мислења
1.127
Поени од реакции
1.061
Математиката како предмет во основно и средно образование има еден огромен пропуст кој придонесува потоа негативно настроен однос кон овој предмет од страна на повеќето ученици. Еве кога станува збор за мене лично се сеќавам добро дека математиката ми беше омилен предмет од 1во до некаде 6то одделение. Многу сакав да решавам задачи, посебно оние текстуалните со крушите и јаболката и оние логичните со пирамидите и не ти знам што. Уште пред да тргнам на училиште се местев до брат ми кога пишуваше домашна математика и многу се интересирав за истата.

Е сега кога настана проблемот. Не ме фаќајте за збор, но некаде 6то или 7мо одделение започнува тоа изучувањето на мономи, биноми, полиноми и слично работи. Јас го велам времето кога првпат до бројка забележав залепено буква :D. Оттогаш па натаму математика почна да ми губи смисла, затоа што веројатно јас на мои 13 години не бев способен да сфатам што значат сите тие работи, каде и дали се применуваат и зошто ми се потребни во животот. Е овде немаше кој да ми го објасни тоа и јас стагнирав. А таков сум едноставно, доколку не ја гледам логиката во нешто не ме влече ни да го учам ниту пак да се трудам многу. После тоа во средно уште поголем хаос настана. Комплексни броеви, квадратна равенка, низи, променливи, непроменливи, логаритми, антилогаритми. Што е тоа? Од каде е добиено, кој го измислил, каде се применува, зошто го учам јас тоа? 7 бил природен број, 7i бил имагинарен број и тоа квадратен корен од негативен број или како и да беше. Онаа долгата формула за квадратна равенка како е добиена, кој и зошто ја измислил, каде се користи освен во задачите по математика? Ова ниеден професор не зеде да го објасни и да го посочи. Сето учење беше напамет без никаква смисла. Да не почнам да зборувам за изводи и интеграли, принцип на математичка индукција, лимеси и така натаму. Доаѓа асистентка на предавање и одма оп, решава задачи. Лимес така, онака ПМИ х=1, х=к, х=к+1, бла бла-дрн дрн.

Мислам сфаќате зошто човек како мене кој математика како мал му бил омилен предмет во животот ја загубил желбата за истата. Да бев средношколец и јас ќе протестирав. Прво министерството и владата нека обезбедат услови, програма и кадар за изучување математика, па после нека ја стават на тестирање за матура или каде сакаат. Се додека се предава од секакви професори и се пласира како нешто измислено кое само треба да се прифати, дотогаш нека протестираат.
Проблемот е што во средно и основно професорите по математика воопшто не се замараат со предавања на математичката теорија. Едноставно те учат како да решаваш задачи, па 99.99% од луѓето учат само начин на решавање, без притоа да сфатат што всушност се случува. На пример има луѓе што не знаат што значи извод, ама знаат дека извод од x^2 бил 2x и така тераат. Ако им дадеш текстуална задача каде што не е експлицитно напишано ПОБАРАЈ ИЗВОД ОД ПОЛИНОМОВ, тие никогаш не би ја решиле, бидејќи не ја сфаќаат примената.
Финтатат е што не е само математиката проблем во образованието. Проблемот е во сите предмети. Единствена разлика помеѓу другите предмети и математика е тоа што математиката постојано се надоградува на претходното знаење, за разлика од географија да речеме, каде што и да не си ги научил првите 10 лекции, можеш да почнеш со учење од 11, а математика секогаш мораш да почнеш од првата. Финтата е што да беше океј образованието, луѓето ќе паѓаа математика додека не научат, па кога ќе стигнеа да полагаат матура, сигурно немаше да имаат проблеми со неа.
Да се разбереме, јас сметам дека матурата е крш работа и тотално нефер (некаде препишуваат, некаде не). Најдобро би било да има приемни испити на сите факултети, па учи си што ти треба. Ама да се буниш зошто има математика на матура, а океј ти е да има Македонски, во тоа не гледам логика.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.365
Поени од реакции
68.030
Вие работите ги гледате само од аспект на едната страна, кога ќе почнете и од другата страна да гледате, многу појасни ќе ви станат некои работи :icon_mrgr:

Како прво, математиката не е нешто што може да се научи од денес за утре.
Математиката е нешто што се учи контиунирано, ако не ги знаеш основните работи, нема да ги знаеш ниту покомплексните.
Некој ќе научи изводи, во задачата со изводи ќе треба да реши најосновна равенка со една непозната, и не знае. Џабе научил изводи, кога не знае да ја дореши задачата, затоа што 10 години претходно ништо не учел.
Математика не се учи со гледање, не се учи со читање, математика се учи со РЕШАВАЊЕ ЗАДАЧИ, со вежбање.
Кога ќе земеш цела збирка да ја решиш, континуирано кога ќе вежбаш и ќе пишуваш домашни работи, тогаш ќе можеш да кажеш дека си учел математика. Ти можеш 5000 приватни часови да земеш, ако дома не седнеш да вежбаш, се е напразно.
Професорот во математика може само да ти ја покаже постапката, не може да ги реши сите можни видови на задачи, туку се решава тоа што е поеднастовно, се навлегува во суштината на потешкото, се вежбаат и потешки задачи, ама затоа за домашна се даваат некои трик задачи и задачи кои одат од помала кон поголема тежина.
Домашната задача во математиката е нешто клучно, затоа што ова не е лекција по историја, па да предадеш лекција со наборјување на најразни историски факти, или лекција биологија во која треба да научиш кој орган каде се наоѓа, туку овде треба да ја сфатиш суштината на задачата, и врз основа на тоа да знаеш да решаваш секаков вид на задача, затоа што ни 10 часа неделно не би биле доволно да се опфати целиот материјал.
СУштината е да имаш слика во главата што е дадено во задачата, што се бара, и кои формули би ти помогнале да дојдеш до тоа што се бара.
Колку од учениците и студентите пишуваат домашна? Таа домашна не се дава ради реда, домашната не е за професорот, домашната е да ги натера учениците и студентите да отворат книга и да вежбаат. Кога некој ќе седне и после секој час ќе проба да ја решава домашната, ќе наиде на потешки задачи и ќе знае прецизно да постави прашање што не му е јасно.
Има задачи кои се решаваат со финти, доколку не си седнал да вежбаш нема никогаш да дознаеш што е тоа што се учело претходно во математиката, а треба да го примениш во задачата, иако директно не си го сретнал ниту во една од лекциите од моменталниот материјал.
Учениците често прашуваат, епа од каде да знаеме со што треба да се реши?
Ќе знаете, ако сте седнале да ја решавате домашната, ако сте виделе како се решава истата, и доколку сеуште не ви е јасно, сте се обратиле кај професорот. Нема професор што не сака да помогне, ама професорот не може да гледа на гравчиња што не им е јасно на учениците, туку самите треба да си постават прашања.
Ако пропуштиш дел од материјалот, макар и во едно одделение, толку е од твојата математичарска иднина :) Тие што ги гледале финтите во задачите од основно, ќе знаат што работи ќе се искористат и во средно и на факултет.
Додуша, како се симнати критериумите во средно образование, ваквите трик задачи се веќе само мисловна именка, и најчесто професорите ги даваат истите задачи од учебник и одново 90% од учениците добиваат единици.
Највиновни се нивните родители кои не ги стимулираат да учат математика. Математиката бара да го загрееш столчето, исто како што кошарката или фудбалот бара да имаш секојдневни тренинзи за да ја одржиш формата. Разликата е што спортот те истоштува физички, математиката психички :) Има и придобивки од тоа, ќе имаш многу поголема логика од другите, подобро памтење, поголем капацитет да напредуваш во научните области, а богами ќе можеш математиката да ја примениш во многу други области како економијата, програмирањето, финансиите итн.
Секој родител сака детето да оди по помала линија на отпор, па ако запне со математика, ќе му рече сине глеј другите оценки да ти бидат подобри, ова ќе го средиме. Сите мои познаници кои продолжија да работат во средни школи ги сменија своите броеви, затоа што одеднаш почнаа да се јавуваат стари роднини, трети братучеди, екс комшии, само за да се ургира за оцени по математика. Уште не почнала учебната година, а некои од учениците веќе имаат заклучено оценка за крај на годината. Може вас ви изгледа чудно, ама никој не помислил како е да работиш со ученици КОИ НЕМААТ НИКАКВА ЖЕЛБА ДА ГО УЧАТ ПРЕДМЕТОТ?
Значи ужасно е ситуацијата, дури ужасна може да се земе како комплимент за посветеноста кон математиката. Доаѓаш да предаваш, си спремил програма, домашни, пробуваш посликовито да ги објасниш работите, на крај никој не погледнал што има за домашно, до пред тест никој не отворил книга, па кога им се собрале повеќе работи професорот е виновен. Тие што идат на приватни часови сакаат само шаблонски да научат, и ако е возможно да можеш ти да им го решиш тестот, па они ќе ти платат. Дури и најдобрите ученици во моментов гледаат само да научат тоа што е за тест, никој веќе не се припрема за натпревари по математика, па да има секции вон часовите, затоа резултатите на матемтичко ниво ни се катастрофа.
Покрај се ова кое го набројав, вина има и кај професорите, и добар дел од нив воопшто не се посфетени, и во ваквите случаеви ги жалам нивните ученици. Но, од лично искуство, би рекол дека и да имале добри професори, учениците пак би наоѓале оправданија зошто да не учат математика.
Абе кое ти е тоа оправдание кај ќе ми треба математика во животот?
Па мене кај ќе ми треба Македонски во животов? Демек ако не учам Македеноски, нема да знам да зборам и да пишувам? Кај ќе ми треба во животов каква рима имало во стиховите од Гарванот? Кој бил мотивот во Тартиф? Ќе ми затреба ли тоа во животот?
Каде ќе ми требаат податоците во географија? Ќе ме праша некој каде има махагоново дрво или каучук? Ќе ме праша некој каква е климата во Индонезија и колку овци има во Австралија?
Каде ќе ми треба билогија? Ќе ме праша некој како се размножуваат пчелите?
Буквално за секој предмет можеш да најдеш оправдување, ама проблемот е што овие предмети можеш о да ги препишеш, можеш и да ги набубаш, ама во математиката ако немаш разбирање, ако не размислуваш со своја глава, се ти е напразно :)

Допрва доаѓа полоша програма, наложено од министерството. Се преведуваат книги од Кембриџ, а поради сосема различната терминологија која ја користиме ние и Англичаните, ќе настане огромен хаос. Нешто што професорите го предавале на еден начин, сега ќе се продава на друг начин. Дали ги прашал некој професорите дали се согласуваат со тие промени? НЕ...
Дали министерството некогаш одвојува средства за да ги прати наставниците и професорите на некоја конференција, на некој семинар, да разменат искуство со професори од други држави? НЕ.
Кој има пари, тој оди...
Дали знаете дека ИМ ЗАБРАНИЈА на професорите да препорачуваат работни тетратки. Им забранија да се продаваат математички списанија по училиштата?

Математиката се учи со повеќе часови, а голем проблем е што низ годините бројот на неделни часови по математика е намален од 5 на 3. Ете нека се побунат учениците да има повеќе часови на неделно ниво, за поубаво да им биде објаснет матаеријалот, ако толку ништо не им е јасно?!
Тоа се 8 часови помалку во еден месец, за плус 8 часа ќе може и повеќе вежби да се одржат, и да не се трча низ материјалот само за да се заврши во даден рок.

Друга работа, студентите имаат многу погрешно размислување и треба да бидат среќни што некои асистенти пред се, се нафаќаат да им објаснуваат.
Од студент кој се запишал на ПМФ, на ФИНКИ, на ЕЛЕКТРО, на АРХИТЕКТУРА, на МАШИНСКИ, се очекува да ги знае основите на матемтиката.
Не можеш ти да запишеш математика во која имаш решавање на тројни интеграли, а да не знаеш да го изразиш х од равенката х+2=0.
Во тој случај ти си го промашил факултетот и никој друг освен тебе не е виновен за тоа.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
90 посто од овие што протестираат за математика, да ја тргнат мрзата настрана и барем по саат време на ден да решаваат ќе ги имаме новите Гаус и Питагора. Мрза, лоши професори, не се замарам бунтовен стил. Тројство :)
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.046
Поени од реакции
17.712
М
Amaterasu напиша:
Проблемот е што во средно и основно професорите по математика воопшто не се замараат со предавања на математичката теорија. Едноставно те учат како да решаваш задачи, па 99.99% од луѓето учат само начин на решавање, без притоа да сфатат што всушност се случува. На пример има луѓе што не знаат што значи извод, ама знаат дека извод од x^2 бил 2x и така тераат. Ако им дадеш текстуална задача каде што не е експлицитно напишано ПОБАРАЈ ИЗВОД ОД ПОЛИНОМОВ, тие никогаш не би ја решиле, бидејќи не ја сфаќаат примената.
Финтатат е што не е само математиката проблем во образованието. Проблемот е во сите предмети. Единствена разлика помеѓу другите предмети и математика е тоа што математиката постојано се надоградува на претходното знаење, за разлика од географија да речеме, каде што и да не си ги научил првите 10 лекции, можеш да почнеш со учење од 11, а математика секогаш мораш да почнеш од првата. Финтата е што да беше океј образованието, луѓето ќе паѓаа математика додека не научат, па кога ќе стигнеа да полагаат матура, сигурно немаше да имаат проблеми со неа.
Да се разбереме, јас сметам дека матурата е крш работа и тотално нефер (некаде препишуваат, некаде не). Најдобро би било да има приемни испити на сите факултети, па учи си што ти треба. Ама да се буниш зошто има математика на матура, а океј ти е да има Македонски, во тоа не гледам логика.
Македонски јазик мора да има. Литература не мора да има. Тоа е таа разлика. Треба да се направи разлика меѓу граматиката и литературата. Како што некој не сака математика да полага задолжително исто некој може да побара со право да не полага Дон Кихот или дела од Алигиери, Бокачо или Толстој. За нашето образование да мрдне од оваа мртва точка на која се наоѓа потребно е МОН радикално да ги промени прво програмите и условите, а потоа концептите како матурата и екстерното тестирање. Сето тоа треба да се усогласи со реалноста и потребите на учениците/студентите и потоа на општеството. Се додека на памет на секој му се дава се и сешто да полага без некоја конкретна цел, никаде не одиме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom