А бе ти стварно си бил инаетлив како магаре. Кажи што не ти одговорив? Апсолутно се што ми начна ти одговорив. Ниедна единствена тема не избегнав.
Од друга страна ти сите мои прашања ги избегна. Ајде одговори:
1. Зошто пола жандармерија била стационирана на 20% од српската вкупна територија? И тоа при укинување државност и немири во Црна Гора и албански понуни на Косово?
2. Како тие на -иќ пред и после Балканските војни станале од 1% до 100%?
3. Зошто се дозволило делење меѓу трите наши православни браќа? Што не скокнал кралот во заштита на неговите ,,сонародници" во Егејска Македонија?
4. Зошто доаѓаат колонисти баш во Вардарска Македонија да им земаат земјиште на свои сонародници? Зошто не одат во Шумадија на пример?
5. Зошто ,,србите" во нашата држава се стационирани таму каде што делувала СПЦ, т.е. на северот? Зошто не се појавил некој србин од Егејска Македонија да речеме.
Толку протерувања и преселби после граѓанската војна, а ниеден единствен пример не сум сретнал каде што егеец се преселува во Србија, кај своите ,,сонародници"?
Дете да си од 3 години ќе сфатиш дека се работи за чисто империјално припојување на територија, а не за ослободување на сонародници. Многу сведоштва кажуваат дека народот кој се борел за конечно ослободување од аскерот бил крајно разочаран и сметал дека и турците помалку убивале и колеле од српските власти, а за одземање на имот па да не спомнуваме. Прочепкај малку, информирај се, не слушај само бајки од београдските шоумени квази-историчари.
Српска самосвест имало точно 0% тука се додека Портата при крајот на XIX век не им дозволола на СПЦ и на српската држава да отвораат училишта и цркви во Македонија. Но, и покрај неколку децениското перење на мозоци пропагандата очигледно слабо функционирала на овие простори. Твојата фамилија е една од ретките која си го сменила презимето на -иќ и се посрбила за некоја ситна корист. Не си ти никаков србин па да се перчиш со нешто нивно, ти си посрбен македонец за неколку векни леб или вреќа брашно. Како што кажав дамбетер од јаничар, барем тие се бореле за своите луѓе, додека ти плукаш по се што твоите претци пред 100-150 години го сметале за свое.
Заради тоа што пропагандата и убедувањата имале минорни резултати, морало да се оди со сила и најбрутално крадење на земјишта и куќи, убиства, менување на презимиња и имиња и останати окупаторски политики.
Инаку личностиве што си ги спомнал се нула наспрема Кирил и Методиј, охридската архиепископија и Самуиловото царство. Сето духовно словенско богатсво од средновековието е од овие простори, а српските племиња само го презеле. Душановиот законик многу помало културно богатство наспрема нашето(иако е исто така битно).
Што се однесува до модерните времиња. Југо-србоманството е сеуште силно кај нас, за тоа си прав. Истото е исклучиво резултат на заедничката држава и на заедничките спомени и дружења на постарите. Тоа биле времиња кога навистина нашите два народи и елити биле братски и српсите елити се однесувале со почит кон македонците. Јас би бил најсреќен доколку има искрено братство и единство меѓу нас и србите но, тие времиња за жал поминаа. Од 1990 тотално се смени односот прво на српските елити, па потоа на српските креатори на мислење и на крајот на српскиот народ. Во тие мрачни 90-ти години прво ни беше претено со војна на два фронта. Па, потоа беше повлечен тој план, но под уцена на воена агресија сето оружје на ЈНА да им биде дадено на србите. Така, тоа за што сите работевме и' се даде на една нација за да нарушува територијален интегритет на останатите екс-ју држави. Потоа дојдоа Шешељовци и останата уште понационалистичка банда и заедно со Милошевиќ почнаа со ревизија на историјата. Така во рок од 30 години односот на србите и српскиот народ се врати на горе долу сличен на тој од 1913 година. Од една страна ,,браќа", но од друга страна потсмев и непризнавање, срби со говорна мана и останати гнасни пропаганди.
За разлика од српскиот, нашиот простодушен и лекомислен народ сеуште живее во тој југословенски сон, но за жал нашата подадена рака на големо се злоупотребува, слично како и после империјалните балкански војни. Тој е историскиот тек на работите меѓу двата народа, од една страна подадена рака, додека од друга страна отровни стрели.
А тоа дека бугарите не' негираат прав си, но не е тема на дискусија.