Спортски центар Борис Трајковски

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.781
Поени од реакции
275
Не ми е целта да правам реклама.

Целта ми е презентираме еден интересен концепт на Спортски Центар кој е направен само за граѓаните.

На едно место може да се најдат:


  • Неколку спортски сали
  • Конгресна Сала
  • Пинг Понг Сала
  • Куглана
  • Теретана
  • Аеробик
  • Сауна
и уште неколку други спортови.

Еве што викаат на нивната веб страна:

Спортскиот Центар го носи името на трагично загинатиот Претседател на Република Македонија Борис Трајковски (1956-2004). Спортскиот Центар се наоѓа на територијата на Град Скопје во општина Карпош. Центарот е изграден од страна на Владата на Република Македонија во 2008-та година. Во состав на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ се наоѓа мултифункционална спортска сала која е репрезентативен спортски објект на Република Македонија. Повеќенаменската сала се користи и за културни манифестации.
Во самиот комплекс се наоѓа и мала спортска сала која се користи за тренинзи и рекреација. Центарот располага и со ексклузивен фитнес и аеробик центар.Како дел од фитнес центарот се и повеќе сауни за релаксација на спортистите. Центарот располага и со пинг-понг клуб кој е достапен за сите посетители.Во самиот комплекс се наоѓа и куглана подготвена по светски стандарди од меѓународната кугларска федерација со бар, а дел од истиот е и билјард клуб. Во состав на Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ се наоѓаат и 2 спортски шопинг продавници, а во фаза на подготовка е и елитен ресторан.
По изградбата на спортскиот комплекс во состав на центарот влезе и базенот Младост. Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ е елитен комплекс и претставува единствен центар од спортски карактер на територијата на Република Македонија, како и на Балканскиот Полуостров.
Центарот е адаптиран по стандардите на најмодерните спортски центри во САД. Спортскиот Центар БОРИС ТРАЈКОВСКИ е сликата на спортот и положбата на здравјето и вистинскиот живот. Центарот е достапен за сите граѓани.

http://www.salaboristrajkovski.gov.mk
 

la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.249
Баш интересно. Се надевам дека ќе бидат користени од поголем број на граѓани, а не само одделна група.
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.580
Поени од реакции
835
Чекајте, значи нема базен во самата сала туку за младост бил тој попуст со индекс. Знае некој?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.521
Поддршка и браво за спортскиов центар! Конечно се на едно место а и деновиве се отвори биљард клубот кој е со сигурност најдобар во МК.
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
4.020
Поени од реакции
2.513
се надевам на културни цени на картингот , а не 200 денари за 5 минути како во волково.

а за спортскиов центар како што проверив на страната за користење на пинг понг е 100 денари саат што е таман и теретаната не е нешто скапа тука се негде со цените овие што мислат дека им се малце позлатени справите. али магнус е врвот 4000 месечно неограничено. ТОП СИ КИСЧЕ
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.781
Поени од реакции
275
Цените се пристојни, а условите се многу добри.

Кугланата е опремена по светски стандарди и истата е најсовремено опремена куглана во Европа. Атмосферата е многу добра, во склоп на кугланата има кафетерија со ниски цени и безжичен интернет. Куглањето е 300 денари од патека за максимум 4 луѓе, што во суштина би дошло по 100 денари од човек, што стварно не е скапо.

Во теретана цената е 1200 денари за три пати неделно, а 1500 за секој ден. Теретана е добро опремена и за тие услови, цените не се скапи.
 

gunner_mkd

>МиСтЕр ТиПсТеР
Член од
12 септември 2009
Мислења
1.483
Поени од реакции
83
Се јавив пред некој ден да закажам термин за мал фудбал ,и оа се јавив 3-4 однапред беа зафатени сите термини и во големата и во малата сала ,што значи дека многу луѓе таму играат и се рекреираат што е и нормално кога цените се многу пристапни ...:bravo:
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.729
Поени од реакции
7.545
Се јавив пред некој ден да закажам термин за мал фудбал ,и оа се јавив 3-4 однапред беа зафатени сите термини и во големата и во малата сала ,што значи дека многу луѓе таму играат и се рекреираат што е и нормално кога цените се многу пристапни ...:bravo:
Дали знаеш цена за термин?

И дали има снукер маси во новоотворениот билијард клуб и дали знаете отприлика цени за истиот?
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.596
Поени од реакции
55.354
Треба ваков концепт да применат и во Филип Втори кога ќе се заврши...
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.781
Поени од реакции
275
Дали знаеш цена за термин?

И дали има снукер маси во новоотворениот билијард клуб и дали знаете отприлика цени за истиот?
Мала сала:

Цени:
1. Рекреација 1 час 1500 денари

2. Рекреација до 17,00 часот 1200 денари
3. Културни настани, манифестации, форуми, симпозиуми
- за 3 часа 1200 ЕУР
- за 6 часа 2000 ЕУР


А не се разбирам во билјард, ама знам дека е многу модерно опремен клубот.
 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.281
Поени од реакции
2.259
Дали знаеш цена за термин?

И дали има снукер маси во новоотворениот билијард клуб и дали знаете отприлика цени за истиот?
Кога ја гледав рекламата на ТВ знам прочитав дека еден час играње билијард е 240 денари.
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.306
Чекајте, значи нема базен во самата сала туку за младост бил тој попуст со индекс. Знае некој?
Младост е тој кој што го рекламираат како дел од салата, зашто официјалното раководење со базенот ќе го има салата. Заедно ќе бидат. Али од теретана до базен, мораш прво надвор на минус милијарда да искочиш. А базенот летово се реновираше и личеше на дупка попунета со вода. Толку грозно нешто не сум видел у живот. У езеро коа ќе скокнеш и гледаш грозотии барем знаеш дека нема кој да го исчисти. Коа прашав зашо е така, ми рекоа се реновира базенот. Па зашто е отворен ако се реновира. Средете го за две недели и пуштете го. Ми крева рамења тој малиот шо работи.

А за салата, пошто во неа сум секој втор ден, како да ви кажам, професионализам има македонски. Тоа значи нула. Среќа што со оние вработени кај што морам да се движам 3-4 часа дневно се знам лично и се супер луѓе, ама раководството на салата е катастрофа. Да не праам анти реклама повеќе, како секоја друга македонска работа и јас не сум задоволен.

Македонецот општо, а поврзано со темава се води по една стара македонска поговорка. “Боцни прачка - пиј вино“. Е таков е станат македонецот, мрзлив и незаинтересиран ама сака да биде рамо до рамо со германецот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom