Младост е тој кој што го рекламираат како дел од салата, зашто официјалното раководење со базенот ќе го има салата. Заедно ќе бидат. Али од теретана до базен, мораш прво надвор на минус милијарда да искочиш. А базенот летово се реновираше и личеше на дупка попунета со вода. Толку грозно нешто не сум видел у живот. У езеро коа ќе скокнеш и гледаш грозотии барем знаеш дека нема кој да го исчисти. Коа прашав зашо е така, ми рекоа се реновира базенот. Па зашто е отворен ако се реновира. Средете го за две недели и пуштете го. Ми крева рамења тој малиот шо работи.
А за салата, пошто во неа сум секој втор ден, како да ви кажам, професионализам има македонски. Тоа значи нула. Среќа што со оние вработени кај што морам да се движам 3-4 часа дневно се знам лично и се супер луѓе, ама раководството на салата е катастрофа. Да не праам анти реклама повеќе, како секоја друга македонска работа и јас не сум задоволен.
Македонецот општо, а поврзано со темава се води по една стара македонска поговорка. “Боцни прачка - пиј вино“. Е таков е станат македонецот, мрзлив и незаинтересиран ама сака да биде рамо до рамо со германецот.