Спектакуларна прослава по повод 20 години од независноста

Статус
Затворена за нови мислења.

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
634
Ти доволно е еден збор да напишеш и да огрее сонце.
Патем ти ќе дојдеш на прославата од туѓина?
не станува збор за личното славење, кој сака нека слави кој не нека не замара..кој не може нема да му се замери...станува збор за луге кој имаат ПОЛИТИЧКА ОДГОВОРНОСТ, седат во парламентот и имаат следбеници, добар дел слепи, испракаат политичка порака надвор и внатре..срамота срамота...што како индивидуи не изградивме државна свест наместо политичко слепило...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Дали еве да речеме на тие луѓе што не им се допаѓа славењето на плоштад поради личен вкус на неговото уредување и сакаат да си прослават со најблиските во некоја викендица се сметаат за предавници?
Во никој случај и тоа никој не го кажал. Проблем е што јавно се повикува на бојкотирање. Инаку дали ќе дојдеш или не ако е тоа твој сопствен избор, никој нема право да те осудува, но ако твојот избор е политички мотивиран тогаш навистина те жалам. И дај откачете се од тоа предавници, патриоти, антиквизција и слично ..
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нема да можам да дојдам , и покрај тоа што направив се за да бидам на тој ден во Македонија.
Штета. Ги пропушти сите убави и неубави денови на Македонија.
Апел до оние кој ја организираат прославата: Да им купат карти на дијаспорава за денов но во еден правец. И да им го земат пасошот на барем десет години. Да може да го видат БУМОТ одблиску :)
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Најнова информација што ја начув случајно, додека авионите летаат над Скопје со знамето, хеликоптери со вреќи полни пари ќе фрлаат сметки. Не знам дали е точно, ама викаат кај што има оган има и врели костени. :)

пс. и срам да ви е тие што нема да дојдете, вие не све македонци више... така да си знаете.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Најнова информација што ја начув случајно, додека авионите летаат над Скопје со знамето, хеликоптери со вреќи полни пари ќе фрлаат сметки.
:pos::pos:
Колку смешно,а колку вистинито.
 
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.824
Поени од реакции
6.093
Кога се борев и сеуште се борам за суштински работи во нашава Македонија со кои би се сменило РЕАЛНО нешто, некој ме обвинува и претставува цело време како наркоман, хулиган, пијаница, соросоид или што ти уште не. А сега се дига џева за кој како ќе славел, па и уште муда за бубрези ќе ми продава како било срамота. Алооо лицемери, опрајте се, сте чуле ли за приоритети?!
 

macko i

Локален шериф
Член од
8 јуни 2011
Мислења
2.808
Поени од реакции
1.560
Епа Македонче затоа нема да мрднеш од мртва точка за ништо не сме сложни бре! Одма поделби бојкоти и слични глупости. Нека си има различни партии не не окупрајте до толку со политика бре после во Берово се продавало сирење едното било Вмро другото СДСМ! Остајте партите да работиме заедно за Македонија во онаква каква што НИЕ сакаме да живееме а не тие
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.706
Поени од реакции
13.378
:pos::pos:
Колку смешно,а колку вистинито.
Ова ме потсети на Гладијатор сцената кога Комод влегува во Рим а легијата им фрла леб на обичниот народ колку да покаже дека императорот е обожуван. Вистина...
А и историјата некако се повторува.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ова ме потсети на Гладијатор сцената кога Комод влегува во Рим а легијата им фрла леб на обичниот народ колку да покаже дека императорот е обожуван. Вистина...
А и историјата некако се повторува.
Додека сме кај императорот малку оф, се шират муабети низ болниците во Ск дека лесно давал технички нокаут на својата жена. А каде има чад таму нешто гори. Акцијата се вика „итна интервенција“ а за јавно говорење следи.....А колку личи наивно.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Неодамна еден пријател, кој е на позиција кај “напредниве“ ми рече дека најдобро е да се поделиме на два дела, па да сме виделе кој подолго ќе издржи. Тогаш не му ја сфатив сериозно идејата, ама по нивниве потези изгледа дека биле многу сериозни.:notworthy:
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Кога веќе стана нормално за секој протест да се организира контрапротест, не знам што ве чуди што ќе има контрапрослава....
Хахаха... јако. И како ќа изгледа таа контрапрослава !? Луѓе стојат и не слават, ниту јадат од шведскиот астал, а не ни скандираат. Ќе испадне како контрапротестот на младите на вемеро. :D (џст сејин)

Он топик: Не им замерувајте на тие што и покрај се настојуваат и велат дека е срамота да не се појавите. Нив ги има на список во партија. Јбг, дужност си е дужност, нужност си е нужност. ;)
Некако имам предчувство дека говор ќе држи Николче и ќе се величи самиот и партијата како тие ја напреднале земјата и како средиле се. Хм....

ппс во офтопик: многу ми беше смешно на шителовиот бекстејџ кога водителката оди кај Николче во кабинет да му го честита роденденот со торта државен 41. Да немаше камера сигурно ќе му клекнеше и ќе го почастеше и со еден меѓуножен говор со поздрав од Купуз.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
На спектаклот не се штедело, но не се знае колку се потрошило?

Прослава на 20-годишнината од независноста на Македонија
Марија Севриева


Космополитизмот на македонскиот народ преку спојот на минатото, сегашноста и иднината се постулатите на кои се темели независноста на Македонија, а фактот дека генерациите денес го живеат големиот сон на сте наши сограѓани во минатото, кои се бореле и вложувале, е дополнителен поттик за славење на овие вредности, вели режисерот на прославата, Дејан Пројковски
Легендарната мисла на Гоце Делчев "Светот како културен натпревар меѓу народите" и стиховите на Кочо Рацин "Ако куќа не направив куќа цел свет братски ми е" се лајтмотивот според кој се раководел режисерот Дејан Пројковски при создавањето на програмата за прославата на 20-годишнината од македонската независност. "Космополитизмот на македонскиот народ преку спојот на минатото, сегашноста и иднината се постулатите на кои се темели независноста на Македонија, а фактот дека генерациите денес го живеат големиот сон на сите наши сограѓани во минатото, кои се бореле и вложувале, е дополнителен поттик за славење на овие вредности", вели Пројковски.
"Свеченото дефиле сакам да потенцирам дека е различно од тоа што се нарекува парада. Дефилето секогаш се одржува во чест на големи државни празници кои имаат свечен тон", потенцира тој. "Заедно под едно сонце" е слоганот во кој ќе бидат обединети сите граѓани на Република Македонија , 1.500 деца, уметници, почесна гарда и воен оркестар, се само дел од многубројните учесници во спектаклот...
Целиот текст може да го прочитате во дневниот весник "Капитал" од 01 септември 2011 година (четврток).
kapital
ohridON ???????????????
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.772
Поени од реакции
12.235
по редот на нештата ваљда веста е за овде

Интернет кампања „Македонија ве сака“ по повод 20 години независност
01.09.2011 - 12:11


Проектот „Македонија ве сака“ (Macedonia Loves You) ја стартуваше третата свечена едиција на интернет страницата www.macedonialovesyou.com, со цел да се придружи кон прославувањето на 20-те години од независноста на Република Македонија.

Кликензи
http://www.macedonialovesyou.com/
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom