На спектаклот не се штедело, но не се знае колку се потрошило?
Прослава на 20-годишнината од независноста на Македонија
Марија Севриева
Космополитизмот на македонскиот народ преку спојот на минатото, сегашноста и иднината се постулатите на кои се темели независноста на Македонија, а фактот дека генерациите денес го живеат големиот сон на сте наши сограѓани во минатото, кои се бореле и вложувале, е дополнителен поттик за славење на овие вредности, вели режисерот на прославата, Дејан Пројковски
Легендарната мисла на Гоце Делчев "Светот како културен натпревар меѓу народите" и стиховите на Кочо Рацин "Ако куќа не направив куќа цел свет братски ми е" се лајтмотивот според кој се раководел режисерот Дејан Пројковски при создавањето на програмата за прославата на 20-годишнината од македонската независност. "Космополитизмот на македонскиот народ преку спојот на минатото, сегашноста и иднината се постулатите на кои се темели независноста на Македонија, а фактот дека генерациите денес го живеат големиот сон на сите наши сограѓани во минатото, кои се бореле и вложувале, е дополнителен поттик за славење на овие вредности", вели Пројковски.
"Свеченото дефиле сакам да потенцирам дека е различно од тоа што се нарекува парада. Дефилето секогаш се одржува во чест на големи државни празници кои имаат свечен тон", потенцира тој. "Заедно под едно сонце" е слоганот во кој ќе бидат обединети сите граѓани на Република Македонија , 1.500 деца, уметници, почесна гарда и воен оркестар, се само дел од многубројните учесници во спектаклот...
Целиот текст може да го прочитате во дневниот весник "Капитал" од 01 септември 2011 година (четврток).
kapital
ohridON ???????????????