- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Е ова веќе ми се допаѓа, скоро сите точки кои ги наведе ги подржувам. Но не заборавај дека во 4 години неможе се да се направи. Скопје 2014 освен естетска си има и наменска позадина (повеќе на темата за овој проект). Амнестијата е политички дил и тоа е така во политиката (за жал). За децата на убиените Херои незнам како е тоа решено но верувам дека имат некој бенефиции , како школарина и слично и тоа е најдоброто што може да се направи за едно дете, да му се обезбедат квалитетни услови за школување, по натаму од него зависи. Не сум поборник на створување на паразити. За децата без родители исто не сум детално запознат но мислам дека и таму има подобрување во последните години. За семејно насилство незнам , немам појма занам имаше некој телефони за пријавување и тоа е се. Старските домови секаде во светот се приватни инвестиции , значи работиш добиваш пензија и со таа пензија си финансираш старински дом , така е секаде.Не сум ни позиција ни опозиција, сите ми се одвратни безрбетници, освен малкубројни ликови. Не велам дека тотално се што направија не чини, но конкретно „направеното“ на плоштад и низ Скопје е нешто толку непотребно и некорисно што нема зборови да доопишам. Еден споменик ќе беше ПРЕдоволен. Попромашена милионска сума немам видено, зошто не им направија домови на раселените лица и уште не им признаваат никакви права, зошто не обезбедија со закон доживотни солидни пензии за децата на убиените херои туку им ги амнестираа убијците, зошто не финансираат програма за успешна еманципација на децата без родители, зошто не отворат и финансираат центри за заштита и помош на жртвите на семејно насилство (конкретно жени и деца) каде безбедноста и понатамошната помош ќе бидат загарантирани, зошто не вложат во старските домови за да не бидат како кочина каде возрасните се носат за умирање и во соодветен кадар, зошто не нудат поволности за семејства да посвојуваат деца туку само ајде раѓајте 3то 4то а услови никаде туку само казни и даноци....зошто зошто зошто, премногу се, а прославата само уште едно трошење државни пари
Твоја одлука е но треба да знаеш дека ни во една држава не тече мед и млеко , па дури ни во Г8 значи овие проблеми во помали или поголеми размери ги има секаде, а има и држави кои се во многу полоша состојба од нашата па сепак слават.
За мене одбележувањето на овој празник е како приватно славење на роденден , колку и да не ни оди во животот сепак сакаме да го обележиме овој ден, да се видиме со пријателите да се напиеме и тн. 8 Септември е роденден и тоа 20 ти на цела Македонија и според мене треба сите ЗАЕДНО да го прославиме и да си посакаме поубава иднина.