- Член од
- 7 октомври 2008
- Мислења
- 6.055
- Поени од реакции
- 6.443
Петок, 02 Септември 2011 17:19
Сподели35
Споделете ја веста со Вашите пријателиВо моментов Декларацијата за независност на Република Македонија се чува во депото на Архивот на Република Македонија.

Декларацијата се чува во папка со оригинални акти од 1991 година, далеку од очите на јавноста.
Овој документ кој говори за најголемиот триумф на независна Македонија, на 8 септември ќе биде сместен на значајно место каде јавноста ќе може да го погледне, а не во некој подрум каде што беше досега, место недостојно за еден ваков важен документ.

На денот кога Македонија прославува 20-годишна независност, од Собранието на Република Македонија, Декларацијата за независност ќе биде предадена на гардата на Македонија, која ќе ја проследи до новиот Музеј на македонската борба за државност и самостојност.

Во чест на предавањето на Декларацијата ќе се одржи свечено дефиле на сите единици на Армијата на РМ и на Министерството за внатрешни работи придружувани од Воениот оркестар.

Гардата, носејќи ја Декларацијата ќе помине низ Порта Македонија и симболично ќе зачекори низ слободната иднина на нашата земја.

На патот кон Музејот на македонската борба, свечената поворка со Декларацијата ќе помине и низ централниот плоштад, каде ќе има актери во костими од периодот на кои им припаѓаат историските личности претставени преку спомениците на плоштадот. Декларација ќе ја поздрават и 150 членови на културно-уметничките друштва од сите етнички заедници и околу 500 деца.

Откако Декларацијата за независност на Македонија ќе биде сместена во новиот Музеј на македонската борба за државност и самостојност, сите граѓани и посетители ќе можат да сведочат на овој документ со кој Македонија стана независна и остана горда.


http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/41106-Kade-se-cuva-Deklaracijata-za-nezavisnost-na-Makedonija
Добро е да се види каде е и како се чува документот кој е предмет на дебатата околу славењето.