Социјалниот феномен “Тоше“

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Што се однесува до именувањата школи и слично, мислам дека многу е поубаво едно школо да се вика Тоше Проески, отколку Јосип Броз Тито, зимајќи го предвид моментот што направил и колку ја сакал државава едниот наспроти другиот.
И да, Тоше е за величење. Можеби не до степен на светец, ама го заслужува тоа. Заслужува да биде пример и родителите да го покажуваат него како пример за однесување, бидејќи ги имаше вистинските вредности во животот тој човек и покрај другото, навистина се однесуваше како верник и навистина го имаше имплементирано учењето од Библијата во својот живот.
Многу подобро Тоше да биде величен и децата да го гледаат како role model, отколку Слаткар.
Боно направил многу повеќе? Ама Боно да живееше и се родеше во Македонија, немаше ни осмина од тоа што го направил да го направи. Не гледајте вие така, зошто Боно имал повеќе шанси да успее и повеќе можности да направи нешто повеќе, а Тоше го направил она што било во негови можности за овие простори на ниво на Балкан. Секој колку што може. Во животот не е секогаш битно колку повеќе луѓе ќе дознаат, битно е ти што ќе направиш и на кој начин ќе им ги смениш животите. А он некому донел радост, што е реткост во овие денови.

И не го величам, не велам дека сум му фан од првиот ден, НО неговата хуманост и фактот дека беше човек со високо изградени морални вредности (нешто што сите викаат дека е реткост), ќе придонесуваат да ми се гади од плукањето по него и да ми се гади од многу постапки на луѓето (притоа овде не се обраќам на никој од форумов, зборам општо во животот).
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Го почитував, го почитувам и ќе го почитувам и понатаму.
Го засакав од моментот кога пред 13 години го видов како ја пее Усни на усни на МТВ во Зимско рекреативната програма. Едноставно имаше таков шарм да го засакав и го ценев од тогаш. Имаше песни што ги сакав, песни што не ги сакав, речиси на сите концерти му одев, ама пред се го почитував заради неговиот карактер и неговата хуманост. А смртта ме погоди како да починал некој со кој сум била секој еден. И уште ме боли таа смрт и на моменти кога го слушам си мислам дека е жив.

Е сега ме нервираат луѓето што го плукаа пред смртта а сега го величат, само колку да се најдат во муабет. Ме нервира што се искористува неговото име максимално. Кога немаат што да стават веснициве на насловна секад се наоѓа нешто за Тоше, знаат сите ќе го купат весникот. ЕВН му е спонзор на последниот концерт, а парите ќе одат за осветлување на манастирот итн.

Воедно ме нервираат луѓе кои се смејат на неговото име. Или такви глупи шали користат да не сваќаат дека не се интересни и дека не вредат ни 1% од тоа што тој вредеше.

Баш ќе го спомнам Апокалипто пред некој ден на сестра ми кога пиша дека купила карти за концертот за Тоше се глупираше колку да е фраер дека Тоше е жив и си пишувал на кајгана конверзација со него. Зар е нормално такви работи за мртов човек да се кажуваат? Браво браво гордејте се со такви сељачки работи.

Нема потреба од приказни за него, нема потреба за искористување на неговото име, за прогласување на светец, за секој град да има улица по негово име, доволно е една улица во Крушево и негов споменик, доволно е да ги пееме неговите песни (ако ги сакаме) и бар малку хуманост и добрина во себе да имаме како него. Мислам дека тој тоа најмногу би го сакал!
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Хм... којзнае како да речи човек. Мислам дека ако се продолжи вака за едно 150 години ќе го достигне ефектот на Крали Марко, кој вртеше дифтик (а.к.а. јамболија) кога играше оро, пиеше вино од буре, рипаше со коњот од планина на планина...

Да за да се заштити и зачува она огромно културно наследство + ликот и делото на Тоше Проески. Не да се претерува со неговото величење и тепање филмови.
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Хардкор фанојте ме терат да ми се мели во мешето поќе пати.
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Периодов често бришам 40+ мислења од теми, па нема да ми биде тешко и од оваа.

Ова не е топик за Слаткар, ниту за тоа каков пејач бил Тоше и што музика правел, туку за социолошкиот елемент на хистеријата која се создаде околу него после неговата смрт.

Следниот пост напишан као мини-биографија на Тоше или ко за у подфорум музика, ќе биде избришан.
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Тоше како феномен беше олицетворение на хуманост, добрина и филантропија. Но!! Дали навистина карактерно тој беше таков, или можеби сето тоа беше замаскирана појава што требаше да го претставува него како таков, како што рече еден член погоре дали Тоше даваше донации по акции учествуваше на хуманитарни концерти и слично заради тоа што беше хуман филантроп, или можеби тоа го правеше како маркетингшки трик за подигнување на рејтингот, поголема слава или ослободување од данок кон државата?

Едно е сигурно дека како и да е Тоше беше и остана одличен рол модел за генерацииве особено за помдладите генерации тие секако не знаеле како Тоше изгледал во своите рани денови кога ја започнуваше својата кариера, тоа го знаеме само ние генерациите што растеа со Тоше, дали тој беше лицемерен?додека ги обавуваше своите доброчинителски дела насекаде низ државава останува мистерија, тука Тоше би го споредила со принцезата Дијана која што истово го чинеше од хуманост и со тоа драстично го подигна угледот и рејтингот на кралското семејство во Англија.

Друга чудна би рекла околност што дигна прашина и го создаде целиот овој феномен беа токму лириките од песните кои Тоше ги изведуваше, скоро сите карикирам беа со меланхолично тажна содржина и како тој самиот да си ја "кобеше" судбината кога пееше.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Воедно ме нервираат луѓе кои се смејат на неговото име. Или такви глупи шали користат да не сваќаат дека не се интересни и дека не вредат ни 1% од тоа што тој вредеше.

Баш ќе го спомнам Апокалипто пред некој ден на сестра ми кога пиша дека купила карти за концертот за Тоше се глупираше колку да е фраер дека Тоше е жив и си пишувал на кајгана конверзација со него. Зар е нормално такви работи за мртов човек да се кажуваат? Браво браво гордејте се со такви сељачки работи.
Благодарам.

Ама јас да бев фраер ќе пишев на ФБ дека си купив карти и притоа ќе се однесував како лично од него да сум ги зел.

Црн хумор, или го сакаш или го мразиш но далеку дека сум оној ѕвер кој сакаш да ме претставиш а воедно не сум ни сељак кој се смее на она што го постигнал Тоше, едноставно само ме нервираат испадите пропратени со свршување кога се спомнува тој.
Нема потреба од приказни за него, нема потреба за искористување на неговото име, за прогласување на светец, за секој град да има улица по негово име, доволно е една улица во Крушево и негов споменик, доволно е да ги пееме неговите песни (ако ги сакаме) и бар малку хуманост и добрина во себе да имаме како него. Мислам дека тој тоа најмногу би го сакал!
Камо да остане на ова што го пиша и го подржувам... ама... разгледај ја темава.
 

Шмекерот

Еден и единствен
Член од
24 мај 2008
Мислења
1.767
Поени од реакции
384
Дечкото си имаше мила ѕвезда, феноменален глас, чиста душа, одлични песни и успеа да ги шмекне сите цури од цел Балкан. Симнување капа. Нека почива во мир. Да се потрудиме да бидеме хумани како што беше тој. И да му ја исполниме желбата да се доизгради манастирот св. Преображение! РИП Тошка!
 
S

smart ass

Гостин
Интересно,мини плачот по тоше беше нешто слично како и плачо по мајкл џексон...самошто наш тоше не е сумњив деецојебњч(педофил)

Како и да е мајкл џексон не го прават светец,туку Тоше....зошто??

Па јас сметам дека станува збор за лоботомија-МЕДИУМСКА..



Па до вчера го фиросуваа,сметаа за педер,и ете се случи сообраќајката и тинејџерски деветини излегоа.

Јас знам на некоја танга однапред се појавило лицето на тоше,а на градникот отпечаток од дланките,на челото усните:pos2:

Па сега слики како светец,па плачења..најдобар беше...наместена работа-песната си ја испеал оти знаеше дека ќе умре:uvo:(тоа само исус го знаел-Здрав)...:toe:

За први април кокошка ќе роди јајце со ликот на тоше-априлилилиии:vozbud::pos2:

Ја нешто постаро...


Што има да кажам пееше добро не го слушав нешто многу, не го слушам нешто многу, не плачев кога почина, како деца имавме намера да го тепаме ама не се укажа шанса :icon_lol:.

Нема феномен според мене човекот беше обичен човек не е светец......
ахаха ЦАР!!

гарант си слушал




Добро, ти си слушаш Гавазова, не ни очекувам нешто спектакуларно да напишеш...

Не е темата за тоа дали е Тоше светец, генијалецу, препрочитај!!!
добар е бучио
 

noodle ®

Teetleh
Член од
3 декември 2005
Мислења
1.527
Поени од реакции
257
Кога сме кај тоа кој што направил, Џон Ленон шо го утепаја тоа што Тоше го правеше и поддржуваше го испеја уште пред 20-30 години, наравно во песната Imagine. Па колку ѕвезди на небото (да вистински) се викаат Џон Ленон, а колку Тоше?!
 

maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Беше и ке остане единствениот Македонец кого ке го почитувам искрено. Живеев во неговото време и влијаеше на мене. Беше пример за добар, хуман човек..беше пример за вистински верник.


Не е светец ама не е и обичен човек кој замина прерано од овој свет. За 26 години направи многу повеќе одколку некои за цел живот.
Секогаш даруваше, имаше време често да ги посетува дечињата во домовите, на секој обожавател му пружаше внимание...беше феномен!
Го засакав по првиот концерт на лизгалиште. Не му ги сакав песните ама му го обожавав гласот и целата негова харизма.

Ке му ги пејам песните, ке идам на концертите кои се за него од причина што бев во 2007 коа ни рече : Сакам да ве видам наредната година во поголем број! Нема да ги исмејувам тие концерти дека се за починат човек. Така само му го продолжуваме делото и на некој начин да успееме да не биде некад заборавен.
Треба да ни е пример на сите!
Ми се гади од лицемерни суштества кои еден момент го величат името на Тоше а еден ден го исмејуваат него и неговите фанови.


И што се силите со Мајкл Џексон и со некои странци?
Дали овој педофил што сопственото дете ке си го убиеше пееше на мало девојче на телефон додека бил во странство за да и ја оствари последната желба додека била во болница? Дали ова некој од нас го знаеше за Тоше?
За странцине ни една солза не вреди! Но ајде почитувајте ги нив, купувајте им ги оригинални цд а од Тоше симнувајте од нет.
На Балканов воопшто не е лесно за 10 години да ги освоиш сите народи. Да имаш поголем тираж во другите земји отколу во родната земја.
Им завидувам на Хрватите и Србите...многу повеќе го почитуваат.
Ние се восхитуваме на туѓото а го плукаме нашето.
 

^Capo^

Креативец во движење:)
Член од
18 февруари 2006
Мислења
2.752
Поени од реакции
285
Најинтересно е како некој пробува тука да глуми социолог и да држи предавања за морал и слично...

...социолошки феномен не постои, тоа постои само во вашите глави.
Човек за се и за секого, којшто сплотил толку народ колку што никој неможе да си замисли.
На ЈуТјуб имам гледано клипови каде што луѓе од Индија, Индонезија и милион други разни држави пеат песни од Тоше. Тоа кажува нешто...

И да, хуманитарците според мене неможат да се мерат кој е поголем како збир на суми кои ги донирале.
Тоше како социолошки феномен може само да се гледа според неговите човечки квалитети како пример во книги за социологија.

Тврдам дека немало и нема да има човек што ке има такво влијание на нашиве простори особено во Македонија.

Имаме малку такви луѓе, доста ги серете!
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ај да поставам јас едно друго прашање од социолошко-психолошки аспект.

Ќе ми го објасни некој феноменот „анти-Тоше“ и која е причината за неговото појавување?

Кога веќе гледаме на нешто, да гледаме од двете страни и да бидеме реални.:tapp:
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Зашто како нација секогаш мора да кенкаме на доброто што го имаме, а толку ретко ни се случува ?
Не бев голем фан на Тоше, слушав неколку негови песни, и не плачев кога почина. Немам ништо против оние кои не го слушале многу, не им се допаѓала неговата музика, не делат исто мислење како мнозиството итн.. Секој има право да си каже што не му се допаѓа, макар тоа било поврзано и со Тоше. Но едно е тоа, а сосем друго е некој идиот да се исмејава на моментот кога тој починал. Да прави такви невкусни вицеви кои нормално ќе наидат на осуда од луѓето. Настрана тоа, дали бил јавна личност или не, јас сакам да ги прашам оние кои фаќаат сеир на такви работи, како ќе се чувствуваат кога би се исмејавала јас или некој друг, на моментот кога нивните родители,браќа,сестри би починале? Тоа е непочитување према било кого,жив,мртов сеедно, јавна личност или не. Затоа и толку луѓе ќе се постават заштитнички кон него и неговото дело, зашто останатите знаат да претераат. Се може да се каже, битно е на каков начин. Каков бил во неговиот приватен живот, тоа си е негово, затоа и се нарекува приватност. Од какви лични побуди ја правел неговата хуманост, ние не можеме да знаеме, можеме само да нагаѓаме. Она што нас ни остана е примерот негов кој што на новиве генерации треба да им послужи и да ги насочи, не оние телетабисине.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Зашто како нација секогаш мора да кенкаме на доброто што го имаме, а толку ретко ни се случува ?
Не бев голем фан на Тоше, слушав неколку негови песни, и не плачев кога почина. Немам ништо против оние кои не го слушале многу, не им се допаѓала неговата музика, не делат исто мислење како мнозиството итн.. Секој има право да си каже што не му се допаѓа, макар тоа било поврзано и со Тоше. Но едно е тоа, а сосем друго е некој идиот да се исмејава на моментот кога тој починал. Да прави такви невкусни вицеви кои нормално ќе наидат на осуда од луѓето. Настрана тоа, дали бил јавна личност или не, јас сакам да ги прашам оние кои фаќаат сеир на такви работи, како ќе се чувствуваат кога би се исмејавала јас или некој друг, на моментот кога нивните родители,браќа,сестри би починале? Тоа е непочитување према било кого,жив,мртов сеедно, јавна личност или не. Затоа и толку луѓе ќе се постават заштитнички кон него и неговото дело, зашто останатите знаат да претераат. Се може да се каже, битно е на каков начин. Каков бил во неговиот приватен живот, тоа си е негово, затоа и се нарекува приватност. Од какви лични побуди ја правел неговата хуманост, ние не можеме да знаеме, можеме само да нагаѓаме. Она што нас ни остана е примерот негов кој што на новиве генерации треба да им послужи и да ги насочи, не оние телетабисине.
Се согласувам со целиов тој пост а со болдираниот дел најмногу.

Што се однесува на овој пост, би додала само дека не е работата за недозволување да се каже нешто лошо со него, туку најпрво барем да се има почит кон него како починат човек и да не се гнаси залудно неговото име. Искрено, не му ги слушав многу песните и не бев некој голем обожавател, но не го оспорував неговиот квалитет и се восхитував на неговите добри дела.

Океј е ако некој си каже дека не го поднесувал Тоше како личност ако го знаел, дека не му ја сакал музиката, дека не бил квалитетен пејач според него, сево ова се вика вкус и начин на перцепција кај секого, но според мене воопшто не е зрело и човечки да си поигруваш со името на починат човек и да го користиш затоа што, нели, досадно ти било една вечер и на форум си рекол ај да се регистрирам (по којзнае кој пат) па да се направам смешен. Малоумност.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom