Социјалниот феномен “Тоше“

Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Помина извесен период од смртта на мегапопуларниот Тоше Проески. Шокантниот настан повлече лавина размислувања од типот на “Тоше да биде прогласен за светец“. Денес, огромен процент од македонците како и балканците за Тоше имаат само добар збор, но и недозволуваат да биде кажан лош од оние кои не се негови фанови сметајќи го за своевидно богохулие.

Едноставното прашање е, дали сметате дека овој феномен постои, дали сте дел од него. Ако е да, дали го сметате за исправен и зошто?
 
Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Smetam deka bese dobar pejac i umetnik, smetam deka bese dobar i human covek, smetam deka dade mnogu.... tolku.:toe:

Koga pocina, ne ni komentirav, osven sto izraziv socustvo. Sepak, gi sfakjav tagata i gnevot na lugjeto i fanovite. Ja sfakjav potrebata na lugjeto da go vozvisat.

No, da bideme realni, niz istorijata se pojavile mnogu takvi isklucitelni vonseriski umetnici koi isto taka pravele dobri dela i sepak site tie ostanale samo lugje, nikoj od niv ne bil proglasen za Svetec. :toe:
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
"Специјалниот феномен" би стоело далеку подобро, со оглед на тоа што се замина во недоглед со сите тие фаворизирања и претерувања за него и неговата појава, нешто што и самиот не би дозволил да се случи кога би бил жив... се формираа купче друштва за "заштита" на неговото дело да не речам друштва за патентирање на начинот на заработка од неговиот спомен со тоа што продаваат секакви дребулии со неговиот лик и име.

И потоа како екстра специјално во целата оваа специјалност ги имаме неверојатните прикаски кои почнаа да ги пласираат неговите фанатични обожавателки (како тоа на сон им излегувал, па со иницијативата и желбата Тоше да стане светец т.е да се прогласи за светец ??), па потоа неверојатна желба да го стават секого на клада на кој Тоше поради некои х причини не му се допаѓал ни жив а уште помалку мртов со целата таа галама која се форсира за неговиот лик и дело.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Што има да кажам пееше добро не го слушав нешто многу, не го слушам нешто многу, не плачев кога почина, како деца имавме намера да го тепаме ама не се укажа шанса :icon_lol:.

Нема феномен според мене човекот беше обичен човек не е светец......
 
Добро, ти си слушаш Гавазова, не ни очекувам нешто спектакуларно да напишеш...

Не е темата за тоа дали е Тоше светец, генијалецу, препрочитај!!!
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Помина извесен период од смртта на мегапопуларниот Тоше Проески. Шокантниот настан повлече лавина размислувања од типот на “Тоше да биде прогласен за светец“. Денес, огромен процент од македонците како и балканците за Тоше имаат само добар збор, но и недозволуваат да биде кажан лош од оние кои не се негови фанови сметајќи го за своевидно богохулие.

Едноставното прашање е, дали сметате дека овој феномен постои, дали сте дел од него. Ако е да, дали го сметате за исправен и зошто?
Умрениот со умрените,живиот со живите.
Секогаш кога го гледам на телевизија,не ми се верува дека е мртов.
Најдобро е да почива во мир.Беше добар и хуман,нека биде пример.
 
Член од
19 февруари 2006
Мислења
1.768
Поени од реакции
31
Помина извесен период од смртта на мегапопуларниот Тоше Проески. Шокантниот настан повлече лавина размислувања од типот на “Тоше да биде прогласен за светец“. Денес, огромен процент од македонците како и балканците за Тоше имаат само добар збор, но и недозволуваат да биде кажан лош од оние кои не се негови фанови сметајќи го за своевидно богохулие.

Едноставното прашање е, дали сметате дека овој феномен постои, дали сте дел од него. Ако е да, дали го сметате за исправен и зошто?
Најдов мак поддршка...хехех....Интересна тема ...реална ....и нема збор дека сево ова што е наведено го заслужил Тоше...Тоше е тплку сакан во Хрватска и Србија и нај големи двигатели тој да биде прогласен за светец доаѓаат токму од тука...а ние можеме да продолжиме да кажуваме како сме сакале да го тепаме и сл... проста раја... многу фали Тоше како уметник и артист... значи ми се гади од моменталниве нај добри пејачи и машки вокали во мк... што значи да реално е да постои феноменот кога изгубивме нешто многуууу вредно.... Мислам дека на мак изведувач барем додека сум јас жива нема повторно да одам на градски стадион на концерт затоа што нема кој да го наполни.... ајде сега поздрав :smir:
 
VeS

.
Член од
16 мај 2008
Мислења
4.749
Поени од реакции
2.355
Незнам дали би имало нешто лошо да се кажи за него.
Од една страна кога ќе кажат некој лош збор за него,кој не би бил соодветен нормално дека смета, бидејќи Тоше го сакаа и стари и млади.
Сите скандали шо беа поврзани со него се појавија после неговата смрт.
На пример што би кажал ти на ова?
Јас би го осудила,не дека сум некоја страсна обожавателка на Тоше,туку самиов наслов е благо кажано ретардиран,а да не зборувам за идејата која ја добиле тие неколку копиљаци.
Да постои,ама не е како некој си феномен.
Хуманоста доволно ја имаше покажано мислам и на улица да го застанеше немаше,а да не ти направи муабет и навистина е жалосно да се вреѓа таков човек кој сакале или не да признаеме сепак направи многу преку неговите концерти.
Како што рече delfybuba тој треба да ни е пример на сите нас, а не личност која би можеле да ја исмејуваме.
И незнам како никој не превзеде нешо кога се продаваја DVD-снимките од неговиот погреб.
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Не е ова феномен. Едноставно некои луѓе (во кои спаѓам и јас) за разлика од други луѓе имаат почит према починатите кои некогаш (а и денес) биле директно или индриектно дел од нивниот живот.
Едно е да се каже лош збор (не беше добар пејач, лошо песни имаше) што е веќе прашање на вкус, а друго е да се исмејува погинат човек.
Епа сакале или не, Тоше беше дел од сечиј дом (да, признајте дека сите го слушавте низ дома). Лично јас, пораснав со неговите песни и многу ми пречи исмејувањето на целата ситуација а и на него како личност.
Едно е конструктивна негативна критика, а друго е исмејување на веќе поодамна настанатата ситуација.
И никогаш немам речено дека е светец, никогаш немам посакано да го прогласат за тоа, но секогаш ќе бидам против исмекјувањето и секако глупите вицови кои се прават на негова сметка.
Интересно е како се претставуваме пред другите а како се чувствуваме внатре во нас.
И да, Апокалипто, Тоше имаше и има и обожаватеЛИ.

edit: Ќе заборавев да кажам уште нешто. Не сите го величат Тоше само по неговата смрт. За некои тоа важеше и пред да почине.
 
Amacord

high and might богаташ
Член од
24 август 2009
Мислења
474
Поени од реакции
15
Toше воопшто не беше феномен во никој случај , ние го гледавме така затоа што нашата земја сакале или некеле е во длабока криза и на материјален план и духовен ... И далеку од светец е он (светец е оверејтед ја не сум верник ) Он беше добар глас според мене затоа што не му ги сакав песните и затоа нема да кажам музичар , и човек кој што сакаше да помогне што и не толку ретко во другите земји .
П.С. клипот ич не е смешен ... не го постигнале тоа што сакале ... тапанари .
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Јас би го осудила,не дека сум некоја страсна обожавателка на Тоше,туку самиов наслов е благо кажано ретардиран,а да не зборувам за идејата која ја добиле тие неколку копиљаци.
Да постои,ама не е како некој си феномен.
Хуманоста доволно ја имаше покажано мислам и на улица да го застанеше немаше,а да не ти направи муабет и навистина е жалосно да се вреѓа таков човек кој сакале или не да признаеме сепак направи многу преку неговите концерти.
Како што рече delfybuba тој треба да ни е пример на сите нас, а не личност која би можеле да ја исмејуваме.
И незнам како никој не превзеде нешо кога се продаваја DVD-снимките од неговиот погреб.
Дали треба да се укине еднооки затоа што го имаше Гоце Делчев како карикатура направено, секако и Тоше. Па нечии чувства се навредени, некој ги осудил тие луѓе. Не, тоа е нормален процес и кога е жив и кога е мртов некој човек ако таа личност е “јавна“. Оние со најголема слава подлегнуваат и на најголеми шеги. Тоа што на неговите фанови не им се допаѓа не значи дека е по дефиниција ретардирано.

Гладиус напиша:
Не е ова феномен. Едноставно некои луѓе (во кои спаѓам и јас) за разлика од други луѓе имаат почит према починатите кои некогаш (а и денес) биле директно или индриектно дел од нивниот живот.
Едно е да се каже лош збор (не беше добар пејач, лошо песни имаше) што е веќе прашање на вкус, а друго е да се исмејува погинат човек.
Епа сакале или не, Тоше беше дел од сечиј дом (да, признајте дека сите го слушавте низ дома). Лично јас, пораснав со неговите песни и многу ми пречи исмејувањето на целата ситуација а и на него како личност.
Едно е конструктивна негативна критика, а друго е исмејување на веќе поодамна настанатата ситуација.
И никогаш немам речено дека е светец, никогаш немам посакано да го прогласат за тоа, но секогаш ќе бидам против исмекјувањето и секако глупите вицови кои се прават на негова сметка.
Интересно е како се претставуваме пред другите а како се чувствуваме внатре во нас.
И да, Апокалипто, Тоше имаше и има и обожаватеЛИ.

edit: Ќе заборавев да кажам уште нешто. Не сите го величат Тоше само по неговата смрт. За некои тоа важеше и пред да почине.
Ете традиционалист. Почит кон починатите. Дел од нашата традиција, “за мртвите само најдобро“ со која апсолутно не се сложувам. За лошите луѓе и по смртта лошо, нели сите мразите лицемерие, што е сега?

Доброто дело и добрите песни на Тоше ќе останат. Тие станаа многу помоќни по неговата смрт, тоа е факт и тука нема ништо страшно. Феноменот во ситуацијата е опсесивната твоја (како и на твоите истомисленици) заштитничка улога кон нешто кое не е твое, туку општо и величењето до граници кои не треба да биде.
Тој беше пејач, почина и тоа е трагично. Но, ајде симнете се на земја дека за него не смее да се каже ништо лошо. Ако можат да се измислат вицови за Ноне, секако може и за Тоше, бидејќи реална разлика нема, освен во бројот на песни, нивниот квалитет и успешноста во поглед на шоу бизнисот кој тој ја создаде.

Ова :eek:ftopic: не го цитирајте, не е тоа темата.
И не ми глумете сега сите фанови од пред дедо Адам. Кога Тоше се појави со оној шабански спот за Моите бели кошули 90% од луѓето му се смееја, беше како Маријан Стојановски се додека не го зеде менаџерката под свое да направи од него човек. Лицемерни сте сите до еден а ги обвинувате другите за истото и плукате по нив.
 
Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Знам дека е доцна ама пред да помислиш дека тебе лично те прогонувам да ти напоменам дека те цитирам само како репер на фкатите со кои повеќето негови фанови и "фанови" ќе се бранат на темава

Не е ова феномен.
Ич бе... не е тоа феномен само едноставно чудо е како тоа сите наеднаш го засакаа од кога умре и станаа негови ангели чувари - тоа е и поентата на темава чинам.
Едноставно некои луѓе (во кои спаѓам и јас) за разлика од други луѓе имаат почит према починатите кои некогаш (а и денес) биле директно или индриектно дел од нивниот живот.
Да де, и јас исто, впрочем да беше жив може ќе имаше шанса и да се брани на форум за исмевањата... секогаш сум за фер плеј, вака ќе мора да почекам :)
И никогаш немам речено дека е светец, никогаш немам посакано да го прогласат за тоа, но секогаш ќе бидам против исмекјувањето и секако глупите вицови кои се прават на негова сметка.
Интересно е како се претставуваме пред другите а како се чувствуваме внатре во нас.
Ти не ама голем дел од фанатичните "фанови" да, а како дошле до таа идеа која веќе е прифатена кај сите кои свршуваат на неговото име (со чесни исклучоци) е дел од феноменот за кој повторно мислам дека беше поента на темава. (Феноменот на глорификација)
edit: Ќе заборавев да кажам уште нешто. Не сите го величат Тоше само по неговата смрт. За некои тоа важеше и пред да почине.
Да ама незначително помалку ги имаше во споредба со бројот на нив кој се зголеми со огромна прогресија после неговата смрт... повторно феномен или нов синдром на покажување на чуства спрема некој и нешто од кога ќе го загубиме - се фино до тука... но во рамки на некои граници на разумот не?
И да, Апокалипто, Тоше имаше и има и обожаватеЛИ.
Фино, нека му се живи и здрави.
 
џо!

Фаличниот Ром
Член од
31 октомври 2009
Мислења
519
Поени од реакции
52
Дел од феномен...пиих.
Шо знам...ваљда добар човек бил, не му обрнував многу внимание порано , понекогаш го исмејував бидејќи голем дел од песните му беа "лигави"-посебно првите.
А вокал прекрасен имаше-можеше да постане Леонард Коен.Текстовите истотака му беа џингалака џингица. :/
Да имаше уште време да поживее-ќе се докажеше повеќе.
А ова глеам велите најпопуларните вокали во кај нас се ужас-па што да кажам, кога имаме идиоти како Еклерот и Тони Деген , 500000 13-14 годишни чупиња да им сисат к***то , и претеран маркетинг- Редно Е да имаме факд ап естрада.
:drk::kesa::nesvest::jaj::uvo::nenene:
-А има толку многу таленти, само тие немаат армија од тинејџерки и маркетинг. :(
 
Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Искрено, не ме чуди ваквиот твој начин на размислување и не ни гледам причина зошто би ме сфатил. Дали јас ќе величам некој или не е моја лична работа за која нема право никој да ми кажува дали тоа е лицемерие или не и дали преминува граници до каде може да се прави тоа. Ти имаш едни, јас други а некој трети граници.
И не знам зошто не ме сфати кога реков дека лоши работи се во ред, ама ако се од типот: не ми се сфиѓаше како пејач, лошо пееше, глумеше хуманитарец, се преправаше дека ја сака публиката, немаше убави песни итн...
Ама зафрканции од стилот: Која е последната работа која на Тоше му поминала низ глава?
Нема ни да го допишам одговорот на ова затоа што е стварно дебилно и невкусно.
И нека има вицови за Тоше кои ќе се однесуваат на некои карактеристики за него (она неговото “Ве сакам сите“ и слично), како што е за Ноне тоа со висната или за Мартина со дебелината ама па сега па со сила да правиме дека човекот не вреди за да некои го величат толку е стварно помалку од неинтересно. На крај, јас го перцепирам Тоше на еден, ти на друг начин. Тука е разликата. И како што ти имаш право да кажеш дека за џабе е величен така и јас имам потполно еднакво право да го осудам таквиот начин на размислување.

И јас ќе пишам офтопик: Една песна Викторче, наспорти сите други нема никакво значење. Јас знам дека таа песна и тој спот кои ги спомнуваш не беа исмејувани од 90% од луѓето. Туку од 90% од луѓето кои едноставно не им се допаѓаше. Знаеш, почетокот има многу важна улога. Тоше започна на славен начин. Да започнеше како Маријан (како што ти викаш) и Маријан денес ќе беше успешен. Ама не е.
И аман со тоа со менаџерката. Типката само му смени изглед. Песните му останаа исти.:tapp:

@Апокалипто: Друже, секогаш повеќе го цениш нештото откако ќе го загубиш. Затоа сега наеднаш има толку ангели чувари. Фак е дека тоа е така, што не значи дека претходно тие „чувари“ не биле тука.
 
Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ако можат да се измислат вицови за Ноне, секако може и за Тоше, бидејќи реална разлика нема, освен во бројот на песни, нивниот квалитет и успешноста во поглед на шоу бизнисот кој тој ја создаде.

И не ми глумете сега сите фанови од пред дедо Адам. Кога Тоше се појави со оној шабански спот за Моите бели кошули 90% од луѓето му се смееја, беше како Маријан Стојановски се додека не го зеде менаџерката под свое да направи од него човек. Лицемерни сте сите до еден а ги обвинувате другите за истото и плукате по нив.
Mи се прикака, па набрзака само да ја искажам мојата длабока желба сите хејтери да изгнијат во сопствената мржња неможејќи да се носат со фактот што постојат луѓе на светов, знајни и незнајни, кои умеат да се позитивни и полни со љубов за другите.

Јас ве разбирам зошто го пишувате тоа (Виктор тебе конкретно ти се обраќам, важи за сите) и не можам да ви помогнам освен да ви напишам: Ве сакам и јас сите.

Цркни сеа пошо те љубам :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom