Дали треба да се укине еднооки затоа што го имаше Гоце Делчев како карикатура направено, секако и Тоше. Па нечии чувства се навредени, некој ги осудил тие луѓе. Не, тоа е нормален процес и кога е жив и кога е мртов некој човек ако таа личност е “јавна“. Оние со најголема слава подлегнуваат и на најголеми шеги. Тоа што на неговите фанови не им се допаѓа не значи дека е по дефиниција ретардирано.
Бараш сличности помеѓу Тоше и Гоце Делчев,а уствари се различни.
Плус, еднооки е еден вид на хумор, клипов нема ни "Х" од хумор.
Ако ми најдиш еден дел шо е смешен во клипов,а шо се појави непосредно по смртта на Тоше,да ќе признаам дека клипов е исти како еднооки.
Тоше сите го знаевме кој беше-шо беше.
Гоце Делчев не го знајме за да си формираме некое мислење за него од наше гледиште,затоа што учиме за него по историја.
Значи јас за Гоце Делчев ниту друг револуционер не можам да го наречам ниту хуманитарец,ниту добар човек,ниту ништо.. туку знам некои работи шо биле запишани во историјата.
Затоа се неспоредливи.
Конкретно за Тоше,добро го знаеме и јас и ти кој е.
Растени сме со неговите песни,а и добро мислам дека знаеш колку несебично ја покажуваше својата љубов кон сите деца.
Треба да послужи како многу добар пример за тоа дека и без татко ти да е доктор или директор или министер можеш да успееш.
Тоа што го почитувам и сметам дека ова не е соодветен начин на кој некои личности гледаат кој овој "феномен", не значи дека само го бранам по неговата смрт или слично.
Можеш тоа да го коментираш за некои што ги знаеш многу добро,за мене или за кој било друг член на форумот што не го познаваш доволно не можеш да искажуваш став на каков начин го почитуваат и слично.
Жалосно е исто така шо пред светот сите се правиме горди на него,а уствари еве што се случува.
Ништо не знаеме да цениме како што треба.