Бугарите се најснабдени со лекови во регионов.Јас првиот пат кога одев, одев да купам некои лекови, ги немаше тука, бев како изгубен германец тотално.Во автобус запознав еден дечко, онака праевме муабет и му спомнав дека ќе спијам на автобуската и дека појма немам каде треба да одам или што треба да правам.Ме покани кај него дома, преспав на каучот и сабајлето ме испрати до такси и ми даде 10лева, да ми се најдат.
Да не беше тој, појма немам како ќе се снајдев.Можно е ова да е исклучок, ама мене ептен добар впечаток ми оставија бугарите.
Е сега, малку ми смета тој нивни став-един народ, ама се трудам да сум космополит.