Да, тоа и беше поентата во главно.
Извлекување кон кое сме сите склони во такви ситуации, па и на начин на кој е направен во горната ситуација,малку препотентно, дрско, лажно преставување со доза на заканување нели (секако ќе направам репортажа за тоа како ме сопираш и ме испрашуваш, камерата е во багажник)
.Кој како ќе се постави така треба да очекува одговор.
Она што си направил превид во твојот пост е баш болдираното. Многу е лесно да класифицираш и етикетираш одредена група на луѓе, овде сообраќајната полиција и нејзиниот ментален склоп. Не заборавајте при класифицирањето почитувани нешто многу важно!!! Тие сообраќајци се : мои, твои, наши, нечии...браќа,сестри, сопружници, братучеди тетки, чичковци, пријатели и остала родбина...не се паднати од марс или увезени од некаде па да зборувате како за некоја посебна група со посебен ментален склоп. Што значи за култура во однесувањето и менталниот склоп на сообраќајците нема дилема, тие потекнуваат од нас СИТЕ...затоа е многу лесно да се најдете во некоја таква класифицирана група:wink:
Како работи сообраќајната полиција,дали има култура во однесувањето, во извршувањето на задачите е сепак индивидуално прашање, нема групи и склопови.
Благодарам.