Сообраќајни прекршоци и казни

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
За лажното претставување, мислам дека Мандрак сакал да се извлече од ситуацијата, односно да избегне казна. Во секој случај, лажното претставување е кривично дело, санкционирано и во КЗ, но во никој случај, не ја оправдувам ни сообраќајната полиција, која сите кои сме возачи знаеме(со чесни исклучоци) како се однесува и кој им е менталниот склоп.
 

sagaqua

Successful and Creative
Член од
23 декември 2005
Мислења
2.218
Поени од реакции
31
strumics напиша:
За лажното претставување, мислам дека Мандрак сакал да се извлече од ситуацијата, односно да избегне казна. Во секој случај, лажното претставување е кривично дело, санкционирано и во КЗ, но во никој случај, не ја оправдувам ни сообраќајната полиција, која сите кои сме возачи знаеме(со чесни исклучоци) како се однесува и кој им е менталниот склоп.
Да, тоа и беше поентата во главно. Извлекување кон кое сме сите склони во такви ситуации, па и на начин на кој е направен во горната ситуација,малку препотентно, дрско, лажно преставување со доза на заканување нели (секако ќе направам репортажа за тоа како ме сопираш и ме испрашуваш, камерата е во багажник):) .Кој како ќе се постави така треба да очекува одговор.

Она што си направил превид во твојот пост е баш болдираното. Многу е лесно да класифицираш и етикетираш одредена група на луѓе, овде сообраќајната полиција и нејзиниот ментален склоп. Не заборавајте при класифицирањето почитувани нешто многу важно!!! Тие сообраќајци се : мои, твои, наши, нечии...браќа,сестри, сопружници, братучеди тетки, чичковци, пријатели и остала родбина...не се паднати од марс или увезени од некаде па да зборувате како за некоја посебна група со посебен ментален склоп. Што значи за култура во однесувањето и менталниот склоп на сообраќајците нема дилема, тие потекнуваат од нас СИТЕ...затоа е многу лесно да се најдете во некоја таква класифицирана група:wink:

Како работи сообраќајната полиција,дали има култура во однесувањето, во извршувањето на задачите е сепак индивидуално прашање, нема групи и склопови.:)

Благодарам.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
sagaqua напиша:
Да, тоа и беше поентата во главно. Извлекување кон кое сме сите склони во такви ситуации, па и на начин на кој е направен во горната ситуација,малку препотентно, дрско, лажно преставување со доза на заканување нели (секако ќе направам репортажа за тоа како ме сопираш и ме испрашуваш, камерата е во багажник):) .Кој како ќе се постави така треба да очекува одговор.

Она што си направил превид во твојот пост е баш болдираното. Многу е лесно да класифицираш и етикетираш одредена група на луѓе, овде сообраќајната полиција и нејзиниот ментален склоп. Не заборавајте при класифицирањето почитувани нешто многу важно!!! Тие сообраќајци се : мои, твои, наши, нечии...браќа,сестри, сопружници, братучеди тетки, чичковци, пријатели и остала родбина...не се паднати од марс или увезени од некаде па да зборувате како за некоја посебна група со посебен ментален склоп. Што значи за култура во однесувањето и менталниот склоп на сообраќајците нема дилема, тие потекнуваат од нас СИТЕ...затоа е многу лесно да се најдете во некоја таква класифицирана група:wink:

Како работи сообраќајната полиција,дали има култура во однесувањето, во извршувањето на задачите е сепак индивидуално прашање, нема групи и склопови.:)

Благодарам.
Aко ги прочита моите претходни постови на оваа тема, јасно ке ти е што сакам да кажам за менталниот склоп на оваа група луѓе.Не е спорна нивната припадност. Самата професија го создава тој ментален склоп. Секој кој имал искуство со нив, го знае тоа. А на западот, тоа искуство е мнооогу поразлично и поубаво од истото тука. Подалеку не е потребно, доволна е Грција и нивните сообраќајци.
Исто така, сум рекол дека постојат чесни исклучоци, и за нив, секоја чест.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Еве, денес нов пример на глупоста на нашата сообраќајна полиција:
Вози крајслер пред мене, сообраќаен знак за ограничување на брзината на 60, а ние „возиме„ 40-50.
Полна линија, чекам да дојде погоден момент (испрекината линија) за да си го претекнам. Во меѓувреме, се разминуваме со едно цивилно полициско Југо, со невклучени светла, и очигледно неисправен преден трап, оти целото беше занесено на десно.
Доаѓаме на испрекината линија, си го претекнувам, не повеке од 60 на час, и вклучува ротациони светла.
Идиотиве сакаа да пишат казна за пребрзо возење, бидејки тие возеле 60 во моментот на претекнувањето (!!!?????)
Ги прашав, радар нешто имате или сл.? велат немаме. Е како ке докажете? Нема одговор. Нема и казна. Та и курназ сум бил.
До каде бе луѓе со вакви лешинарски финти ке одиме?

П.С. Ова се случи денес околу 19:00 на патот Валандово - Струмица, некаде после Костурино.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Пред година дена кај 2 саат навечер се враќам јас накај дома и бев паркиран на паркингот пред зградата спроти Телеком, и се местам за да се приклучам на Маркс и енгелс булеварот и гледам во трета лента на претходната раскрница крајслер и ок викам јас во прва не би требало да биде проблем и и го гледам се нацрта поздаи мене и ми блендира, и пошто бевме на раскрсницата со партизански а јас требаша де прадолжам по партизанска свртев пошто нели е непрописно да се застанува во опсег на 15 метри од раскрсница и запирам малку подоле и ми доаѓа џандарот и ми вика сообраќајна и возачка инаку и и светла и појас јас се прописно, и муд авам возачка пошто ми беше при рака и вика мсамо момент и сообраќајната пошто беше во касетата ставена, и јас додека ја извадам овој се прибра во крајслерот и чекам и чекам и гледам не мрдаат и излегувам од кола и идам и му викам еве ја сообраќајната колата е на татко ми ако треба да му се јавам да дојде за да потврди.
И он ја гледа сообраќајната и се чуди и ми вика абе колата ти ја нема во систем викам еве сообраќајна , регистрирана е колата навремено.
И овој се јавува на мобилен и ја гледа сообраќајната и се туфка и збори со тие таму и вика еве ја држам сообраќајната во рака. и ми вика абе дечко колата не ти е евидентирана во системот, јас му викам јас тоа не знам. Ме прашува да не е купена на стари јас викам не ние сме први сопственици, ме прашува да не е сменета регистрацијата јас му викам не ова првата регистрација. тој другиот нешто покне беше од другиов и вика отвори хауба да го проверам бројот на шасија , му отварам хауба чита ни јас не знам што читаше пошто не сум баш сигурен дека баш бројот на шасија под хауба.
И ме измучи едно 10 минути така и ми вика ај еве ти ги документит татко ти утре да оди да ја пријави колата во систем.
Замислете еј, ова значи дека ако претходно сум возел побрзо и ме фатиле и пратиле казан на бројот на регистарската немало на што пошто колата не е евидентирана во системот. Ама татако ми отиде следниот ден и ја среди таа работа.
Уште еден пример за нефункционалноста на полицијата како систем.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
За тоа за системот, бацилус, се криви оние во Управни служби, за Моторни возила, оти треба секој ден да ги внесуваат возилата во системот. Арно ама, некого го мрзи да го работи тоа, а многу е едноставно, или пак, како во Струмичкото МВР, немаат луѓе, демек.
И затоа, ке се случуваат такви работи.
Инаку, внесувањето на возило во систем не трае повеке од 2 мин.
Ист проблем се случува и со возачките дозволи.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
980
Поени од реакции
4
Mandrak напиша:
Ме сопираат пред 3 години среде Скопје, среде бел ден.„Кај работиш”? ме прашува едниот. „Во приватна телевизиска станица”-одговарам.„Аха...-а која?”пак ме праша. „А што ти е важно тоа, секако ќе направам репортажа за тоа како ме сопираш и ме испрашуваш, камерата е во багажник...”:)-му велам, а абер немаше ни камера ни јас, а ни телевизиска станица во тој момент:))).„Добро, оди, нема да те казнам овој пат” ми вели џандарот.-„А за што требаше да ме казниш?” му велам.
-„Ќе се најдеше нешто, без гајле” ми одговори и ме поздрави.
И што да мислам сега за џандарите? Сила ми демонстрираат и ми укажуваат дека ако сакаат секогаш можат да ме казнуваат? Се додека се обидува полицаецот фрустрациите да си ги лекува со малтретирање граѓани без врска, до тогаш ќе имаме сообраќајна полиција како во Турција.
Триаголник, сајла, прва помош, резервна гума, резервен сет сијалички, ланци (во месеците пропишани со закон)...
Моите омилени: бакарна жица метар и половина ... На крајот, ако се` уште си исправен - број на атмосфери колку ти се напумпани гумите. :)
Бидејќи сум тазе возач, се` уште ме нема запрено полиција, а одвај чекам да им ја покажам возачката. :) Претходно молев Бога да не ме запрат (додека вежбав низ град пред да положам без возачка), а сега, горд на парчето хартија, одвај чекам да им го покажам. ;)
 

Konstantin

Филозоф
Член од
6 мај 2005
Мислења
244
Поени од реакции
0
Момак гледај што помалку да им го покажуваш тоа горделиво парче хартија, зашто врската е правпропорционална.
Што повеќе го гледаат тоа хартивче толку поголеми ти се шансите да ти го опнат(со некоја иљадарка казна).
И памет у глаа ако си тазе возач.
Правила и ништо друго.
 
Член од
22 јануари 2005
Мислења
980
Поени од реакции
4
Имам сериозно прашање: возам јас и наеднаш ми се менува светлото од зелено во жолто. Бидејќи немам услови да запрам, а при тоа да не предизвикам нарушување на безбедноста во сообраќајот, продолжувам да возам. Согласно Законот за безбедност во сообраќајот, смеам да продолжам да возам и на жолто во тие услови (не можам нагло да закочам, нели? Белја ќе нарпавам). Од таму чичкото полицаец ме запира. Добро вечер, добро вечер. Документите - му ги давам. Знаете зошто сте запрени? Не. (мсиелв рутинска контрола). Поминавте на црвено! Ми викам: и тој пред мене и јас на жолто поминавме. Џандарот: тој пред тебе можеби, ама ти апла на црвено беше.
Ми ги зеде документите, отиде во неговото возила, пиша пријава. Во меѓувреме разговарам со неговиот колега, кој беше културен и фин и кој ми објасни дека пред мене 10-мина запреле поради истото. Тие тврделе дека се на жолто, а џандариве - дека мионале на црвено. Ми вели: потпиши. Јас како несуден правник, му викам: да прочитам прво. Читам - што да видам - пишал: поминал на црвено. Му велам: ама, ајс на жолто поминав. Тој мене: има овде графа да пишеш ако имаш забелешка. Јас: да пишам јас дека забелешката ми е дека сум поминал на жолто или вие ќе пишете? Тој: потпиши, па јас после ќе пишам. Јас: запишете ја забелешката и потоа ќе потпишам. Тој: Не ќе те молам јас тебе (ми се раздра тука!) и ми ги фрли документите, а ја зеде пријавата. Јас културно му се заблагодарив и си отидов.

Нормално сега денеска ќе треба врски да фаќам, а од тоа ми се гади. Прашањето ми е: како тој полицаец ќе докаже? Казната за поминување на црвено е времено одземање на возачката дозвола, казна која мора да ја изрече судија за прекршоци. Кога ќе излеземе на суд, како тој ќе докаже? Мојот збор против неговиот е! Како сведок може да го повика единствено неговиот колега, а ако едниот сведок е пристрасен, мора да има и втор (тестис унус, тестис нулус, вели старата латинска). Зборот ми е: човеков се иживува со мене, а јас сега ќе треба да трошам кредити по пријатели и другари да ми ја скинат пријавата која ја заработив незаконски, а потоа и бев цел на малтретирање од страна на полицаецот. Како тазе шофер, бев мирен и покорен, но многу уплашен и згрозен од неговиот однос и потоа следните 15 минути се трсев од возбуда.

До сега им верував на полицајците, ама од денес им верувам на РОмите во последните два случаја. Па, ова не е полиција која му служи на народот! Ова е башибозук кој те малтретира!!!
 

Jakov

Тато
Член од
24 јули 2005
Мислења
2.360
Поени од реакции
58
Welcome to the real world господине Тифф. Си имал повеќе начини да ја разрешиш ситуацијата.
Прво си можел да им направиш добар муабет на чичковците и покрај тоа што едниот бил лош. У муабетот да си им ги откриел пријателско-роднинските врски и да им се претставиш кој си од каде си итн. На тој начин би си отворил простор евентуално ”да им се најдеш” за нешто и ќе се заборави пријавата.
Друга опција ти била рушвет на лицу места.
Трета ти е кавга ама под услов да знаеш да се караш а да не те соберат у станица.
Ова што сега ти се десило не е страшно. Нема да платиш зашто ќе им застари случајот а ако не им застари тогаш ќе си фатиш врски со време.
А за тоа чив збор е појак на суд....хехехехехе тоа еден Господ и уште еден чичко во судот за прекршоци знаат. Они решаваат.
Мене ми се деси истата ситуација поминав на жолто, ама жолто накај црвено. Он тврдеше дека е црвено јас дека е жолто. Мојата позиција беше драстично ослабена поради фактот дека до мене се возеше 5та колона. Излезе мајка ми и му рече на полицаецот ”Ај простете му прв пат му е”, мислејќи дека ќе ми помогне само му призна индиректно дека било демек црвено.
Нејсе. Наместо 3000 денари и судија за прекршоци на крај договоривме 1000 денари казна за погрешно паркирање, а реална беше можноста да му го платам доручекот на чичкото во локалната бурекџилница за да не ми пише казна, но одбив и си побарав тикет за непрописно паркирање.
Поука.
Се е договорливо и се може да се купи/плати само треба да знаеш.
Поука два.
Не се чатали со 15 дена стара возачка дозвола.
 

Bacillus gagous

Biohazardous
Член од
21 јануари 2006
Мислења
7.380
Поени од реакции
168
Jakov напиша:
Не се чатали со 15 дена стара возачка дозвола.
Прво и основно правило.
Второ и основно правило, кога и да забележиш џандар одма почни да возиш ко да полага возачки.
Трето и основно секогаш кога си на работ на прекршок прво погледни наоколу дали има џандар.
Целата борба е да не му дадеш повод на џандарот да те застане, бидејќи ако те застане, може и безопасните во пакетчето за прва помош д ти ги брои како што му се случило на Струмикс, само за да ти пише казна.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Ај како адвокат да се правам фраер малце: :)

Те сопира лешинаров после семафорите. Како видел дека е црвено? Спротивно на сите правила барал да потпишеш пред твојата забелешка да биде запишана??!!! Срамота!
Измисли сведоци, некои другари кои демек се возеле со тебе, ич не му ја мисли, нека посведочат во твоја корист. Упорно зборувај ја вистината. Речи дека се однесувале некултурно лешинариве.
Ама сепак, фаќај врски.

За другпат: Пробај да бидеш ладен кон нив, конструктивен муабет проаѓа кај постарите разбрани лешки, а овие помладите се искурчени обично. Нема некој шаблон како и што да правиш. Носи се од опрема во колата, за да неможат на што да ти се фатат. Биди среќен што помалку да си имаш работа со нив. Искурназисе кога апла си во право. Веднаш плескај им ги фактите во очи (како јас во претходниот пост).
Тоа ти е единствениот modus vivendi со нашиве неразбрани момци во плаво.
 

dungeon master

Милиционер
Член од
14 февруари 2006
Мислења
793
Поени од реакции
18
Abe deca uste li pravite prekrsoci, bajagi maki ste imale, samo odamna ne sum bil na sajtov pa ce gledam kolku mozam da odgovoram na kratko za nekoi podole navedeni raboti

Za ona so svedocite na crveno, Ja kako milicioner dva pati me viknale na sud, i od tie ednas ne go najdoa predmetot, moze gi iznenadiv deka dojdov oti i policajcite vise videle kolku e saatot, te vikaat na sud samo koga treba da izvadat nekoj nivni covek ( barem po mene ) i retko nekad koga ima nekoja nejasna situacija. A sum go kaznil pola skopje sigurno, a sum dobil dve pokani. Da ne sum imal svedok ? Kako ne be :)

Eve da vi kazam edna situacija na sud : Me vikaat za pisana prijava za brzo vozenje, sum go fatil NN kaj bazenot Karpos, sum mu pisal prijava, i sudijava me prasuva, otkako me potseti za koj slucaj se raboti, dali bilo taka. Pa sto da mu kazam ne bilo taka, pa i da ne bilo tak koj zdrav pred sud ce priznae deka izlazal :). I sega ja mu vikam deka toa e toa, a sudijava mi vika ama covekov ne potpisal a i svedok nemas, PA DOBRO BE ja mu vikam pa kaj da najdam svedok kaj bazenon, tamu covek ne pominuva, a i odozgora sto treba da zapram nekoj i da mu recam cekaj be malku ce meram so radar pa mi treba svedok :lud: . Plus ete nekoj gi uci ligevo da ne potpisuvaat za da mozat da se izvadat na sud. Samo tragedijata u celiov muabet e toa sto jas toj den pisav povise prijavi na istoto mesto, a ne pamtam nekoj da mi se potpisal ama sudijata me vika samo za eden slucaj, a za drugite izgleda ne mu trebaat svedoci :)

Aj sega malku da odmoram, pa posle moze ce produzime
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
данџн, ме мрзи да ти реплицирам, го дискутиравме ова на времето...

Туку друго нешто:
Јас го предлагам Хрватскиот модел за сообраќајните казни со казнените бодови (така е и во ЕУ), а не како кај нас, стриктно одземај возачка на пр...
На тој начин донекаде и ќе се амортизираат полициските самоволија и провизорности.
Суштината е во тоа што секој прекршок носи понекој казнен бод. Определен број казнени бодови ја одземаат возачката на определен број месеци.
Вторпат кога ќе се соберат толку бодови (по одземањето се започнува од нула) се одзема возачката на поголемо време отколку првиот пат, а на третиот пат се полага возачки испит повторно на пр.
Се разбира, незакопчаниот појас и возење со 40 км повеќе од дозволената брзина, нема да носат ист број бодови.
 

^MooN_RideR^

Blue in HearT
Член од
20 април 2006
Мислења
853
Поени од реакции
48
Казни??

На пр. ако ме споре полицаец без возачка дозвола, немам лична карта(ама имам год за неа), друго се регуларно на која основа ке ми пише казна кога немам никаков документ за мене???И колку од прилика ке е казната????
 

Kajgana Shop

На врв Bottom