Мислам дека нема да ти испратат казна која можеш да ја платиш во рок од 8 дена со 50 % попуст, туку за таков прекршок следува директно прекршочна пријава која се испраќа до суд за прекршоци. Судот ќе те извести со покана или директно ќе ти упати изречена казна плус судски трошоци (не сум сигурен), само нема да останеш без никакво известување. Среќно !
Види, ова е во законот.
надзор во сообраќајот на патиштата
(1) Инспекциски надзор во сообраќајот на патиштата го извршува Министерството
за внатрешни работи, при што униформираните полициски службеници имаат
право да го запрат и прегледаат возилото, неговите системи, составни делови или
самостојни технички единици и опрема, како и документите и другите докази што
треба да ги има при себе возачот на возилото и се предмет на инспекциски
надзор.
(2) Заради спроведување на мерките од ставот (1) на овој член, возачот е должен
да застане на место што ќе го одреди униформираниот полициски службеник со
давање на пропишани знаци, на начин и по постапка како што е уредено
согласно со прописите во врска со превозот и безбедноста во сообраќајот на
патиштата. Сопственикот, односно корисникот на возилото, има право да
присуствува при изведувањето на мерките од ставот (1) на овој член.
(3) Доколку при инспекцискиот надзор се утврдат неправилности заради кои
треба да се отстрани возилото од сообраќајот, трошоците од направениот преглед
ги плаќа возачот.
(4) Глоба во износ од 200 евра во денарска противвредност ќе му се изрече за
прекршок на возач што постапува спротивно на одредбите од ставовите (1) и (2)
на овој член.
Е сега јас на темава прочитав дека некого казниле 300 евра за тоа, а овде пишува 200. Како ќе ти пратат прекршочна кога не знаат кој возел во колата, може сум бил јас, може татко ми, може брат ми или некој друг.
Само ме интересира за колку време ја праќаат казната, затоа барам некој поискусен и поупатен да ми каже.