Вчера имав сообраќајка, возев по главен пат и кола ме закачи од споредна улица, без да запре ниту намали, директно во мене. Јас завршив со повредена нога, за среќа без скршеници но со сите пропратни трауми од тахикардија до главоболка и гадење. При извршен увид, полицијата открива дека тој што ме удри нема обновено регистрација ниту има осигурување. Колата, секако, не ми е во возна состојба. Се чув со адвокат и со осигурителна компанија, од сите страни ми ја направија главата шашма. Имал некој искуство што треба да правам следно, и кој ќе ми ја поправи колата во овој случај кога тој што ме удрил не е осигуран? Адвокатот ми вели не оди на осигурителна, осигурителната ми вели адвокат нема врска тоа е кога ќе си го тужиш приватно типот, штетата ќе се обработи преку нас ама сигурно ќе потрае. Лошо, но цела среќа што бев сам во кола и што се извлеков без сериозни телесни повреди.