Сонови, толкување на сонови

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.455
А јас па се некои сексуални, како што кажа divine: eeee! :)
 

sinook

Rock 'n' Roll
Член од
26 февруари 2005
Мислења
218
Поени од реакции
2
Сонот кој го сонував е кошмар речиси целиот мој живот : "Доаѓа девојка во сонот,лицето и е скриено,само името го препознавам,значи непозната,и се наликува на совршен момент,во кој е собрана Вечноста,Просторот и Времето се ирелевантни,стоиме еден спроти друг и се се движи околу нас вртоглаво.Некој има кажано дека во центарот на торнадото владее целосен мир..значи отприлика така можам да го опишам мигот,јас и таа и околу нас Хаос..совршено мирни,совршено Заедно..Тука се прекратува мигот и сега се наоѓаме во соба,огромна соба,некоја неприродна средба на луѓе,некоја чудна маскарада,каде сетилата реагираат на секое движење,звук,боја,мирис,допир,вкус,се менуваат толку брзо,нема време за никаква реакција,момент пред експлозија.Одеднаш се појавуваат некои ликови,изменети,полуфабрикантски,стопени,таа почнува да бега,а јас никако не успевам да ја стигнам..и тука завршува сонот..
Следниот ден почнува вистинскиот кошмар,случајно ја запознавам Неа..и оттогаш не сум престанал да се движам..
Не сонувам повеќе...јас сум внатре во Сонот...
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Не знам дали сум пеперутка која сонува дека е човек или човек кој сонува дека е пеперутка, а?
Таффф!!! Навистина кошмарно - признавам.
 
Член од
30 април 2005
Мислења
361
Поени од реакции
21
sinook напиша:
Сонот кој го сонував е кошмар речиси целиот мој живот : "Доаѓа девојка во сонот,лицето и е скриено,само името го препознавам,значи непозната,и се наликува на совршен момент,во кој е собрана Вечноста,Просторот и Времето се ирелевантни,стоиме еден спроти друг и се се движи околу нас вртоглаво.Некој има кажано дека во центарот на торнадото владее целосен мир..значи отприлика така можам да го опишам мигот,јас и таа и околу нас Хаос..совршено мирни,совршено Заедно..Тука се прекратува мигот и сега се наоѓаме во соба,огромна соба,некоја неприродна средба на луѓе,некоја чудна маскарада,каде сетилата реагираат на секое движење,звук,боја,мирис,допир,вкус,се менуваат толку брзо,нема време за никаква реакција,момент пред експлозија.Одеднаш се појавуваат некои ликови,изменети,полуфабрикантски,стопени,таа почнува да бега,а јас никако не успевам да ја стигнам..и тука завршува сонот..
Следниот ден почнува вистинскиот кошмар,случајно ја запознавам Неа..и оттогаш не сум престанал да се движам..
Не сонувам повеќе...јас сум внатре во Сонот...
Многу поетичен приказ на сонот. Ме остави без здив.
„....во центарот на торнадото владее целосен мир....“
„....не сонувам повеќе....јас сум во Сонот....“
Добивам инспирација од твоите изрази :)
Дај уште некој сон!
 

sinook

Rock 'n' Roll
Член од
26 февруари 2005
Мислења
218
Поени од реакции
2
Imam ushte nekolku sonovi,ne se mnogu..mozebi vo nekoja sledna prilika..koga ke se razbudam..
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
леле....што сум сонил....повторно тој сон, посегајќи кон ѕвездите како бебе кога се одделува од уторбата на мајка си, поминав низ сите гревови, глупости, војни на човештвото и тргнав горе меѓу ѕвездите, не знам....со зборови не се опишува, треба да се доживее...гледаш како универзумот ти се отвара како мапа пред твоите очи...уау....дјууд...
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
sinook напиша:
Сонот кој го сонував е кошмар речиси целиот мој живот : "Доаѓа девојка во сонот,лицето и е скриено,само името го препознавам,значи непозната,и се наликува на совршен момент,во кој е собрана Вечноста,Просторот и Времето се ирелевантни,стоиме еден спроти друг и се се движи околу нас вртоглаво.Некој има кажано дека во центарот на торнадото владее целосен мир..значи отприлика така можам да го опишам мигот,јас и таа и околу нас Хаос..совршено мирни,совршено Заедно..Тука се прекратува мигот и сега се наоѓаме во соба,огромна соба,некоја неприродна средба на луѓе,некоја чудна маскарада,каде сетилата реагираат на секое движење,звук,боја,мирис,допир,вкус,се менуваат толку брзо,нема време за никаква реакција,момент пред експлозија.Одеднаш се појавуваат некои ликови,изменети,полуфабрикантски,стопени,таа почнува да бега,а јас никако не успевам да ја стигнам..и тука завршува сонот..
Следниот ден почнува вистинскиот кошмар,случајно ја запознавам Неа..и оттогаш не сум престанал да се движам..
Не сонувам повеќе...јас сум внатре во Сонот...

брат треба да се сретнеме хахахахахаха! :pos:
 
Член од
6 јули 2005
Мислења
2.932
Поени од реакции
9
Никогаш не сум верувал и не сум обрнувал внимание на соновите. Секогаш кога ќе станам од спиење после 5 минути ги заборавам и затоа не сум ги тумачел соништата до сега.
 
Член од
9 септември 2005
Мислења
81
Поени од реакции
3
Секогаш сонувам многу
и од се имам заклучено дека моите сништа се поделени во три категории
-сонувам нешто што ми се има случено во поскоро време,или нешто во врска со тоа
-сонувам подсвесни желби,фантазии
-сонувам работи што се тотално неповрзани,ни со желби ни со реалност..
Првиве две ствари ги разбирам до некаде,ама третава..
 

Toreador

Spectacular Apocalypse
Член од
24 јуни 2005
Мислења
3.374
Поени од реакции
48
Јас најчесто сонувам симболики, пеколи и раишта, и си четувам со рандом фаци, свашта зборат, еднаш еден ми рече Бегај одовде, колку што можеш побргу. Стоеше пред море со врна ко катран вода.
 

YuZe

Sic Semper Tyrannis
Член од
22 септември 2005
Мислења
1.959
Поени од реакции
2.234
Јас скоро никогаш не ги памтам соништата. Само понекогаш ми текнува сон што го сонувам, и некогаш кога сонувам некој кошмар (тогаш потам на мртво и кога ќе се разбудам сум цел жива вода).
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Го сонував пак Ацид, сум одела кај него у канцеларија ... влегувам на врата и во истиот момент некој излегуваше, а еден седеше на бирото ... сум се завртела по тој што излезе и цела прашалници, као овој што излезе беше Мистичен, а овој што седи Ејсид или обратно? Цела пресрамена тргнав напред и онака од страна го ѕиркав тој на биро, цела збунета ... а јасно во сонот знам дека се знам со двајцата, а сепак не ги распознавам ... тоа параноја ми правеше ... после дечкото од бирото ја крена главата, со тоа му се тргна и косата од лицето, дека му беше така долгичка, и некако го препознав Ејсид ... после тоа незнам што било и за што уствари сум пошла дека ме разбуди мобилниот:raz: :icon_lol:
Што значи тоа?:pos:
 
Член од
9 септември 2005
Мислења
81
Поени од реакции
3
Сум читала дека соновите се памтат јасно доколку се разбудиш во фаза на R.E.M(Rapid Eye Movement)
Има неколку периоди на рем(4) во текот на ноќта кои се кратки.првиот е кога почнуваме да спиеме,односно тоа е некоја блага фаза на полу сон.Последниот рем се случува непосредно пред самото будење.Понекогаш може да се случи да се разбудиме во текот на ноќта а сепак да се сеќаваме на тоа што сме сонувале,тоа значи дека сме се разбудиле во некоја од фазите на рем.По повторно заспивање,повторно може да се случи сабајлето да се сеќаваме на некој нов сон,тоа значи дека сме се разбудиле во некоја наредна рем фаза.
Луѓето кои се разбудиле во фаза на рем се чувствуваат свежи видејќи во таа фаза мозочните клетки се обновуваат на некој начин
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.211
Поени од реакции
34.455
divine напиша:
Го сонував пак Ацид, сум одела кај него у канцеларија ... влегувам на врата и во истиот момент некој излегуваше, а еден седеше на бирото ... сум се завртела по тој што излезе и цела прашалници, као овој што излезе беше Мистичен, а овој што седи Ејсид или обратно? Цела пресрамена тргнав напред и онака од страна го ѕиркав тој на биро, цела збунета ... а јасно во сонот знам дека се знам со двајцата, а сепак не ги распознавам ... тоа параноја ми правеше ... после дечкото од бирото ја крена главата, со тоа му се тргна и косата од лицето, дека му беше така долгичка, и некако го препознав Ејсид ... после тоа незнам што било и за што уствари сум пошла дека ме разбуди мобилниот:raz: :icon_lol:
Што значи тоа?:pos:
Не верувам во соништа, ама затоа верувам во потсвест. Изгледа ти влегле во памет муабетиве (претежно на месинџер) последниве 3-4 дена... :icon_lol:

Чудно како ја немаше и Форчн во сонот! :pos:
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Acid напиша:
Не верувам во соништа, ама затоа верувам во потсвест. Изгледа ти влегле во памет муабетиве (претежно на месинџер) последниве 3-4 дена... :icon_lol:

Чудно како ја немаше и Форчн во сонот! :pos:
Се опседнав со тебе а?:pos: :pos: :pishtoldz Мој сон е тоа, секако не би ја зела Форчн ... леле ќе ме убие за ова:pop:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom