Убедливо најзаебан сон што го имам сонувано беше кога бев во Романија,
поточно во Трговиште(градот каде што е убиен Чаушеску).Бев отиден кај една девојка дома,си имаше нејзин стан,ама пошто имаше двајца постари браќа со клучеви од станот решивме да спиеме во посебни соби да не дојде некој од нив по сабајле и да не ме закачи на некое дрво.
Собата кај што ме смести беше релативно мала,кревет-старовремен плакар и наткасна.На прозорите имаше закачено тешка плишана завеса,црна беше.
Бидна што бидна,си легнав ја да спијам и некаде по пат сум заспал,само што ја сонував собата иста каква што беше во реалност.Таа црна плишана еба*а завеса оживеа и се трансформира у сенка со две раце која ме грабна за врат у почна да ме гуши.
Едно време неможев ни со прст да мрднам и се борев да дојдам до здив.Ваљда со употреба на воља успеав да станам и да искочам у ходник.Влегов у салон кај што седевме пред да си легнеме и тука почиња интересното-го гледам у салон седнат татко ми со уште тројца батки позади него.Татко ми седеше у лотус позиција а околу врат имаше златен ланец со крст.Од тие тројца позади него едниот беше батка еден развиен ко билдер,бајаги голем и насмеан цело време,другиот беше слаб и доста висок а третиот што беше меѓу нив беше во сенка,само очите му се гледаа.
Од сите нив зрачеше мир некој и добрина,се осеќав ко сонце да ме грее.
Улетувам ја у соба ко попарен и ме прашува татко ми што ми е,што сум толку исплашен?Ја му викам,една сенка сакаше да ме убие.
Он ми вика,седни малку и одмори со нас,меѓу свои си тука.Тројцава од позадина во исти глас ми викаат,тука сме ние да те заштитиме.
Татко ми го вади златниот ланец со крстот,ми го дава и ми вика да идам да си легнам без гајле.Оние тројца ми викаат дека се тука ако пак ми требаат.
Ја ко посран се вракам у соба и само што легнав пак ми се пушти таа еба*а завеса али овој пат имаше промена.Почувствував како струи енергија низ мене,околу телото ми се појави светлечка обвивка а околу дланките таа светлост беше формирана во облик на канџи.Кога ми се пушти тоа сенката замавнав со лева-десна и ја раскинав на парчиња,т.е светлосната обвивка над моите прсти ја сјебаа.
По тоа ми заспав ко бајче до сабајле.Не дојде ни еден од браќата и испадна дека можев комотно да си преспијам со малата
Никад нема да го заборавам сонов!