... така е , во право си за се освен за две работи ,...не е илузија,...вистина е ... и не сакав да бидам како Архангелот ама имав шанса,која ја пропуштив и ја избрав материјата ... се останато што напиша е исправно...сега се враќам на патот... требаше да се убие желбата и амбицијата а јас го убив него,оној кој не може да биде убиен и кој не е убиен,ама за мене беше...направив грешка, направив погрешен избор и останав без неговата заштита, ... оној кој ме водеше и штитеше ... затоа гласот вели дека го убив, а го носев неговиот меч, и сеуште го носам ... морав да се штитам сам, затоа што против мојата (а и вашата) волја ни самиот бог не може ништо , ако ние сме избрале погрешен пат... ама никогаш не е доцна да се покаеш,да се поправиш, ...да се вратиш... љубовта божја е без граници и секогаш одново ти дава шанса ако си спремен... знајте дека со секоја желба давате заповед за остварување ,и ги покренувате силите на стварање, само божајта мудрост е преголема за човечкото сфаќање, барем за поголемиот дел... затоа го имаме механизмот на доцнење, инаку многу бргу ке потонеме во сопствениот хаос... девојката свртена наопаку ми ги покажува погрешните (спротивните) работи кои ги имам направено , и можноста да ги поправам ,клучот, кој ќе врати се на свое место... единствено што останува е да продолжам со правилна работа на себе и да се вратам на вистинскиот пат....
... немојте да очекувате премногу од толкувањата на форумот и на било кој,секој мора за себе да го најде одговорот,форумот , соновникот ,советот , нека ви биде само патоказ,а одговорот е секогаш во вас, ...клучот од вашата потсвест го имате само вие, клучот од вашата судбина исто така, бог ќе ви даде шанса,ама никогаш нема да ја работи вашата работа,ниту тој,ниту било кој друг.... не очекувајте премногу од толкувањата овде и било каде ... трудете се да ги разберете своите симболи...како што веќе реков,ова нека биде патоказ .. а ако се трудите доволно , ќе ви треба се помалку туѓата помош... и секогаш имајте на ум дека можете да разберете само онолку колку ви е дозволено и оној кој толкува кажува онолку колку му е дозволено, законите владеат на секое поле на постоење... јас веќе знаев што значи сонот ,овде само се потврди тоа, беше кажано неопределено и прилично воопштено(што е и нормално) ама беше се кажано или доволно за да сфатам се ... благодарам... и уште една работа , колку од повисоко ниво доаѓаат пораките ,толку се пократки и поедноставни и навидум нерешливи... најчесто доаѓаат во вид на исказ или на мисла на која сами треба да го поставите (правилното) прашање и сами да го најдете (точниот) одговор ... не постои нерешлива мистерија .., само е прашање колку сте спремни да го носите одоговорот ...
... се е поврзано со се , колку повеќе ги сфаќате симболите и пораките од несвесното ....толку повеќе добивате и со тоа го освестувате несвесното...несвесното станува свесно и почнувате наместо сонови да добивате визии....
... толку за вечерва , поздрав до сите трагачи и до оние кои допрва ќе бидат ...