Додека живеев во Македонија возев мазда 3 од 2006 година 1.5 бензин. Кога ја купив имаше поминати 125000км (купена беше од Македонија не увезувана, од мој роднина после јас од него ја земав)
Мала потрошувачка па не би рекол 9-9.5 низ град со тоа што беше возена мн културно и без никакво стискаље и бркање, отворено беше околу 7.5 беше
Редовни сервиси и немаше мака освен уље и филтри што е стандардно нормално и кочници што спаѓаат како потрошен материјал имам да ти пријавам два проблеми кои се случија додека ја имав (заедно со проблемите од роднината)
Прво кај него заеба бензинската пумпа (па му сменија само некој дел во неа не цела пумпа, ова беше толку лошо од причина што менување на таа глава ли сито ли што и да менуваат во пумпата после тоа на помалку од 10 месеци се менуваше пред јас да се напнам и да ја сменам цела пумпа комплет еве 4 години од тогаш скоро мака нема уште ја возат без проблем), тој делот што го менуваа во пумпата се наоѓаше лесно зашто и на форд и Киа и хјундаи бил истиот, ама цела пумпа потешко од Солун ја носеа (иако нека не те плаши нарачка на пумпата, достава и монтажа ме фатија помалку од 3 дена без кола и беше околу 9000 ако не се лажам сосе работна рака)
Другиот проблем беше промена на ламела (искрено мислам дека само цилиндарот беше ама ме начекаа неук па ми увалија дека се тоа се менувало). Ламела буквално у секоја продавница кај што се јавив имаа и секаде беше слична цена околу 10000 денари
Исто се распрашував и за комплет ланец нели за случај да ми треба исто и тоа имаше скоро секаде, така што мислам дека делови не се никаков проблем, а и не беше нешто скапа за одржување ете двете поголеми поправки што ти ги пишав и уље филтри кочници нека ме фатило 500 евра максимум ја продадов со 163000 значи ќе дојде по околу 150евра на 10000к километри
За мајстор ми го збореа некој од Драчево му се јавив не работам веќе рече дечкото и ми препорача некој од сопиште/соње кој го знае како се води секоја чест за дечкото и брз и квалитетен и пристоен со цени
Се надевам ти е од помош сето ова