Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
цело сабајле читам за тоа убедливо "Најлош" мотор ама па и најпродаван.. има многу поделени мислења и на странски форуми, некои многу задоволни со по 200/250/300к поминати сеуште не сменет ланец, некои пак на 150к менувале ланец.. дали има некој што веќе ја имал или има оваа кола па да сподели некое искуство .. kонкретно колава што ја гледам нема сменето ланец и е скоро на 200к ама нема никаков звук од ланец или да чука нешто таква работа.. плус ќе ја спушти цената колку што чини нов ланец се комплет.
Какви 200 илјади друже, без навреда ама треба да си многу наивен за да веруваш дека дизел бмв лимузина од 2008 има “скоро 200к“.

Колите од 2017 имаат по 150 000...не пак некое дизел бмв од 2008.
@unique5 Баш како што ти пишал @argenthessis малку е сомнително таа километража, низ странство ако не возиш не зимаш таква кола. Чисто за споредба пред 3-4 дена другар мој зема бмв 2015 со 180000км па сега види колку е реално да е исто така со 2008
 
Мислење/искуство?
Дали некој го видел низ салоните во Македонија и да знае точна цена за 1.5 и 2.0 мотор ?
 
За Хјундаи џезз некој да растура у Македонија има ли
Мислиш за Хонда Џезз ? Нема таков модел Хјундаи џезз?! Малку е тешко да се најде делови и единствено само продавноци за автоделови

Sent from my SM-N986U using Tapatalk
 
Znae nekoj kaj mozam da kupan poliuretan ili lepak za vetrobransko staklo ili nekoj slicen material, kaj se prodavat ?
 
Има по подобро снабдените продавници за бои и лакови...од 300 ден па нагоре...пакување за во пиштол како силикон.
 
Какво е генерално мислењето за маздите? Издржливи се? Општо знам дека имаат мала потрошња ама не знам како оди одржувањето, во смисла дали се поскапи за одржување. Доколку некој имал искуство со мазда да сподели би ми било од големо значење. Поточно се работи за Mazda 3 2012 дизел, Hatchback.
 
Каросерија користат од Форд(тројката е од Фокус)...но све другото е со многу поквалитетни делови

нешто како Ауди А4 што е во однос на Пасат. Дел од моторите им се нивни, дизелите на Пежо
 
Каросерија користат од Форд(тројката е од Фокус)...но све другото е со многу поквалитетни делови

нешто како Ауди А4 што е во однос на Пасат. Дел од моторите им се нивни, дизелите на Пежо
Ме плашат муабети од типот на "нема многу делови (како што има за голф пример) во случај да дојде до некој дефект", претпоставувам ако се моторите на Пежо, би требало да има делови. Од твоја гледна точка, кој е подобар избор помеѓу Мазда или VW?
 
Да се уфрлам во муабетот мазда со пежо дизел мотор тие подобар избор него vw. Дизел фолксваген тие е доста извозено возило а бензинците (tsi) за ништо не им чинат. Бензинците од Мазда се во секој поглед подобри ако сакаш бензин.

Делови има доста за мазда веќе, нека не те плаши тоа а и да нема на лагер во моментот, буквално се може да се набави денеска.
 
Какво е генерално мислењето за маздите? Издржливи се? Општо знам дека имаат мала потрошња ама не знам како оди одржувањето, во смисла дали се поскапи за одржување. Доколку некој имал искуство со мазда да сподели би ми било од големо значење. Поточно се работи за Mazda 3 2012 дизел, Hatchback.
Додека живеев во Македонија возев мазда 3 од 2006 година 1.5 бензин. Кога ја купив имаше поминати 125000км (купена беше од Македонија не увезувана, од мој роднина после јас од него ја земав)
Мала потрошувачка па не би рекол 9-9.5 низ град со тоа што беше возена мн културно и без никакво стискаље и бркање, отворено беше околу 7.5 беше
Редовни сервиси и немаше мака освен уље и филтри што е стандардно нормално и кочници што спаѓаат како потрошен материјал имам да ти пријавам два проблеми кои се случија додека ја имав (заедно со проблемите од роднината)
Прво кај него заеба бензинската пумпа (па му сменија само некој дел во неа не цела пумпа, ова беше толку лошо од причина што менување на таа глава ли сито ли што и да менуваат во пумпата после тоа на помалку од 10 месеци се менуваше пред јас да се напнам и да ја сменам цела пумпа комплет еве 4 години од тогаш скоро мака нема уште ја возат без проблем), тој делот што го менуваа во пумпата се наоѓаше лесно зашто и на форд и Киа и хјундаи бил истиот, ама цела пумпа потешко од Солун ја носеа (иако нека не те плаши нарачка на пумпата, достава и монтажа ме фатија помалку од 3 дена без кола и беше околу 9000 ако не се лажам сосе работна рака)
Другиот проблем беше промена на ламела (искрено мислам дека само цилиндарот беше ама ме начекаа неук па ми увалија дека се тоа се менувало). Ламела буквално у секоја продавница кај што се јавив имаа и секаде беше слична цена околу 10000 денари
Исто се распрашував и за комплет ланец нели за случај да ми треба исто и тоа имаше скоро секаде, така што мислам дека делови не се никаков проблем, а и не беше нешто скапа за одржување ете двете поголеми поправки што ти ги пишав и уље филтри кочници нека ме фатило 500 евра максимум ја продадов со 163000 значи ќе дојде по околу 150евра на 10000к километри
За мајстор ми го збореа некој од Драчево му се јавив не работам веќе рече дечкото и ми препорача некој од сопиште/соње кој го знае како се води секоја чест за дечкото и брз и квалитетен и пристоен со цени
Се надевам ти е од помош сето ова
 
Последно уредено:
Едно прашање за лугето што живеат во Скопје од која продавница купувате филтри и уље(квалитетно оригинал) ?
Бев во Мега Ауто Партс ми дадоа понуда со што 3600 само за филтер за гориво, па сакам да прашам во други "проверени" продавници колку би коштало.
 
Да ме убиеш незнам како се викаше сервисот/продавницата може и фас-вас да беше или така нешто. Во склоп на МЗТ фабриката се наоѓа увозници/продавница и сервис
На мазда што ја спомнав пост два погоре и менував таму уље (селениа ако не се лажам) и филтри (воздух клима и уље) сосе промена околу 2500-3000 денари беше
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom