Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
19 јануари 2021
Мислења
3
Поени од реакции
0
Додека живеев во Македонија возев мазда 3 од 2006 година 1.5 бензин. Кога ја купив имаше поминати 125000км (купена беше од Македонија не увезувана, од мој роднина после јас од него ја земав)
Мала потрошувачка па не би рекол 9-9.5 низ град со тоа што беше возена мн културно и без никакво стискаље и бркање, отворено беше околу 7.5 беше
Редовни сервиси и немаше мака освен уље и филтри што е стандардно нормално и кочници што спаѓаат како потрошен материјал имам да ти пријавам два проблеми кои се случија додека ја имав (заедно со проблемите од роднината)
Прво кај него заеба бензинската пумпа (па му сменија само некој дел во неа не цела пумпа, ова беше толку лошо од причина што менување на таа глава ли сито ли што и да менуваат во пумпата после тоа на помалку од 10 месеци се менуваше пред јас да се напнам и да ја сменам цела пумпа комплет еве 4 години од тогаш скоро мака нема уште ја возат без проблем), тој делот што го менуваа во пумпата се наоѓаше лесно зашто и на форд и Киа и хјундаи бил истиот, ама цела пумпа потешко од Солун ја носеа (иако нека не те плаши нарачка на пумпата, достава и монтажа ме фатија помалку од 3 дена без кола и беше околу 9000 ако не се лажам сосе работна рака)
Другиот проблем беше промена на ламела (искрено мислам дека само цилиндарот беше ама ме начекаа неук па ми увалија дека се тоа се менувало). Ламела буквално у секоја продавница кај што се јавив имаа и секаде беше слична цена околу 10000 денари
Исто се распрашував и за комплет ланец нели за случај да ми треба исто и тоа имаше скоро секаде, така што мислам дека делови не се никаков проблем, а и не беше нешто скапа за одржување ете двете поголеми поправки што ти ги пишав и уље филтри кочници нека ме фатило 500 евра максимум ја продадов со 163000 значи ќе дојде по околу 150евра на 10000к километри
За мајстор ми го збореа некој од Драчево му се јавив не работам веќе рече дечкото и ми препорача некој од сопиште/соње кој го знае како се води секоја чест за дечкото и брз и квалитетен и пристоен со цени
Се надевам ти е од помош сето ова
Да секако, секое мислење ми е добредојдено. Ти благодарам
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Едно прашање за лугето што живеат во Скопје од која продавница купувате филтри и уље(квалитетно оригинал) ?
Бев во Мега Ауто Партс ми дадоа понуда со што 3600 само за филтер за гориво, па сакам да прашам во други "проверени" продавници колку би коштало.

Не знам какво масло користиш...за секоја марка има посебен увозник и најпаметно тие да го купиш директно од увозникот, зошто ќе бидеш горе долу сигурен дека е оригинал. Е сега некои масла особено кастрол и мобил се фалсификуваат на големо па треба доста пазење. Ова е зошто буквално секој втор бара вакво масло.

Некои како селенија, елф, и сл, многу поретко се бараат и трошат и не им се исплаќа од нив да прават фалсификат.
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.653
Поени од реакции
4.142

Моментално користам 5W - 30 Quartz Total. До 4000км најчесто градска вожна не трошеше капка, сега е на 8500км , последните 4500км на автопат најчесто се правени со агресивна вожња. Кога проверив паднало нивото од максиумум на средина па овој пат порано ќе правам сервис порано, нема да чекам 10000км.
Се мислам дали исто да ставам или некое друго да пробам
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.589
Поени од реакции
2.092
Терај со кварцот, тоа е нормално, дури и одлично за таква вожња, имаш 500 мл потрошувачка на 8500 км.

Увозник за Тотал е еуроимпекс.
 
Член од
4 мај 2007
Мислења
598
Поени од реакции
208
Какво е генерално мислењето за маздите? Издржливи се? Општо знам дека имаат мала потрошња ама не знам како оди одржувањето, во смисла дали се поскапи за одржување. Доколку некој имал искуство со мазда да сподели би ми било од големо значење. Поточно се работи за Mazda 3 2012 дизел, Hatchback.
Јас имам Мазда 2 1.4 дизел 2009.
Економично возило, поскапичко за одржување и доста поретко има делови отколку за типичните возила за нашиов пазар. Барав држач за мотор за 2ката, 2 месеца чекав да ми го донесат зошто никаде го немаа на лагер.
Ако е од увоз на да внимаваш на турбина, 90% од мазда 3ки по огласи во Германија се со рикната турбина и ги продаваат за џабе пари.
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
351
Поени од реакции
203
Какво е генерално мислењето за маздите? Издржливи се? Општо знам дека имаат мала потрошња ама не знам како оди одржувањето, во смисла дали се поскапи за одржување. Доколку некој имал искуство со мазда да сподели би ми било од големо значење. Поточно се работи за Mazda 3 2012 дизел, Hatchback.
Исто и со маслото можно е да има проблем да го троши. Пред да одлучиш да ја купиш однеси ја на технички да направат тест за издувни, ако излезат покачени вредности, си знајш. Делови се поретки за наоѓање а поголем проблем што и механичарите не се нафаќаат да ти ја поправат, научени се на неколку типови на возила и друго не отвораат.
 
Член од
3 јануари 2013
Мислења
34
Поени од реакции
4
zdr se raboti za Ausi a3 2008 god gi izvadiv farovite neznaejci deka pod niv ima nekoje crevo kade bi trebalo po pravilo da e namesteno prikaceno li e ,,odtogas pocnaa da ima kondenzacija na farovite .....
 
Член од
4 мај 2007
Мислења
598
Поени од реакции
208
Здраво дечки :)

Денеска на технички ми кажаа дека бројот на шасија во сообраќајната дозвола ми е згрешен... Дали некој од вас има искуство со процедурата за исправање на грешката ?
Како што ми кажаа на технички, треба да одам во МТВ, ама не ми кажаа дали треба да носам некој посебен документ со мене, освен лична карта и сообраќајна.
 
Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Некој што тапацира врати од кола, сите 4?
Или искуство некој што има со тие работи, или од форумов некаде некој член да не чепка таква операција?
 
Член од
1 април 2012
Мислења
150
Поени од реакции
39
Некој што тапацира врати од кола, сите 4?
Или искуство некој што има со тие работи, или од форумов некаде некој член да не чепка таква операција?
070803145 Гоце
Јас кај него го менував 'небото', многу сум задоволен од сработеното.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Здраво дечки :)

Денеска на технички ми кажаа дека бројот на шасија во сообраќајната дозвола ми е згрешен... Дали некој од вас има искуство со процедурата за исправање на грешката ?
Како што ми кажаа на технички, треба да одам во МТВ, ама не ми кажаа дали треба да носам некој посебен документ со мене, освен лична карта и сообраќајна.
Moite imaa slicen problem edna brojka bese zgresena. Treba da odis vo lokalna policija i od tamu kontaktiraat u Skopje za da smenat na sistem. Ako sega si ja kupil kolata i uste ne e soobrakjanta na tvoe ime, ke ti treba i kupoprodazen dogovor mislam, ali ne sum siguren. Za promena na brojkite se ceka nekolku dena a moze i nedela da fati posho se mnogu brzi :D
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.134
Поени од реакции
1.896
Дојде време за нов акумулатор, па се мислам да земам некој од овие: bosch, varta, exide, duracell. Некој да сподели искуство со ваков тип на акумулатори и разлика во квалитет помеѓу наведените. Гледам дека бош акумулаторите доста делат на цена во однос на другите, дали се исплати разликата?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom