Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
24 април 2010
Мислења
1.160
Поени од реакции
1.691
Дојде време за нов акумулатор, па се мислам да земам некој од овие: bosch, varta, exide, duracell. Некој да сподели искуство со ваков тип на акумулатори и разлика во квалитет помеѓу наведените. Гледам дека бош акумулаторите доста делат на цена во однос на другите, дали се исплати разликата?
Opel astra g kupena vo slovenija mi dojde so bosh pred 7 god i uste go nemam smeneto uste e istiot akumulator, na mercedes c klasa 2005 od kupen vo svajcarija isto imase bos pred 4 god e kupena i ne e smenet akumulator, koge ke mu dojde vreme da smenam pak bos ke stavam zs sum zadovolen mn, a gledam i exide gi falat mn
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
7.835
Поени од реакции
9.069
,,Ѓушот,, мој кога ја продаваше фелицијата пред 6-7 години....го извадивме акумулаторот Топла кој беше подобар од мојот на малиот Цитроен, и ги сменивме едноставно. Фелицијата ја продадовме со полошиот акумулатор.

Подобриот Топла сеуште го возам на Цитроенот....но по продавници ми кажуваат дека денешните немаат врска со тие од пред 7-8 години
 
Член од
13 декември 2007
Мислења
2.403
Поени од реакции
423
Дојде време за нов акумулатор, па се мислам да земам некој од овие: bosch, varta, exide, duracell. Некој да сподели искуство со ваков тип на акумулатори и разлика во квалитет помеѓу наведените. Гледам дека бош акумулаторите доста делат на цена во однос на другите, дали се исплати разликата?
Варта.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.211
Поени од реакции
1.021

Kaj mene u kola od fabrika imase varta, go smeniv posle 8 godini i staviv bosch s5 koj se zaeba za 6 meseci, go smenija pod garancija i stavija exide. Ke vidime sea kolku ke trae.
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.125
Поени од реакции
1.872

Не ми се става послаба класа, доста потрошувачи има колата, плус на секое палење се вклучува хидрауличната пумпа за да ја подеси висината на колата.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
3.068
Поени од реакции
2.931

Јас кога менував без мн искуство отидов на дурасел од 2017 до ден денес мака нема, иако ја продадов колата кога се селев дечкото што ја зема уште го вози истиот и ни најмал проблем нема појавено
 
Член од
4 јули 2008
Мислења
6.125
Поени од реакции
1.872
Kaj mene u kola od fabrika imase varta, go smeniv posle 8 godini i staviv bosch s5 koj se zaeba za 6 meseci, go smenija pod garancija i stavija exide. Ke vidime sea kolku ke trae.
И кај мене оригиналниот е варта, а по интернет гледам на исти модел како мојот ставаат варта H3 95Аh и се задоволни. Да сум во Европа би земал варта, но кај нас не знам кој е квалитетот на увезените акумулатори, не сакам да платам 200-250 евра за акумулатор и после 1-2 години да имам проблем.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.211
Поени од реакции
1.021
Не ми се става послаба класа, доста потрошувачи има колата, плус на секое палење се вклучува хидрауличната пумпа за да ја подеси висината на колата.
Imas start-stop na kolata? bidejki gledam agm se site akumulatori. Ako nemas mozes i obicen da stavis ako sakas poeftino da pomines.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.211
Поени од реакции
1.021
Нема старт-стоп, ама има други системи кои влечат струја и фабрички има AGM акумулатор.
Vo toj slucaj vidi koi od ovie ima najdolga garancija. Kaj mene primer bosch ima 5 godini garancija, exide ima 3 godini. Jas bidejki imav prvo plativ za bosch i beshe smenet posle 6 meseci, na noviot iako e exide ke imam 4 i pol godini garancija.
 
argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.152
Поени од реакции
1.392
Не ми се става послаба класа, доста потрошувачи има колата, плус на секое палење се вклучува хидрауличната пумпа за да ја подеси висината на колата.

Не се замарај со тоа, откако ја запалиш било која кола, акумулаторот не игра никаква улога, зошто алтернаторот ја ствара цела струја за сите потрошувачи. Лошото е да вклучуваш потрошувачи кога колата не е запалена, ова е смрт за секој акумулатор.

Инаку како ќе ти се погоди, и варта и бош откажуваат за 6 месеци, а ако си во македонија дур се докажеш дека акумулаторот не чини а колата тие исправна косата ќе ти побеле.
 
Член од
25 февруари 2019
Мислења
262
Поени од реакции
155
Квалитетот на тие тука со оние во еу земји немаат никаква врска. Кај нас важат правилата да не земаш од најефтините и да бараш од тој што има најмногу гаранција. А најдобро е ако можиш да утврдиш кога е произведен или донесен кај дистрибутерот, колку повеќе стоен побрзо ќе го менуваш.
Инаку и кај мене на колата беше 7 години Весна купен во Италија имаше под него и декларација, го сменав превентивно пред две зими.
 
Член од
12 јули 2011
Мислења
743
Поени од реакции
315
Пишував еднаш на оваа тема . Аудито што го имав и возев 7 години , некаде на 5тата година откажа акумулаторот со кој што беше дојдено од Дојчланд . Го извадив и гледам Варта , а произведен некои 10 ипол години порано . Не знам кога бил наместен , ама кај мене туркаше речиси 5 години , со 70% возење на кратки релации од 2-5 км и не знам ни јас колку ладни стартови... И одма пак земав Варта , го возев 2 години и така се продаде колата ... На клиото непотребно сменив 5 години стар Бош , пошто отпосле открив дека беше лош модулот и ги палеше само светлата . И на него ставив Варта и еве го цела година нема проблем ( пу пу пу :D ) . На Хондата имам Блек Хорс , со него дојде , и еве го турка неколку години ...
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
8.181
Поени од реакции
14.427
Како ќе се погоди.
Кај мене Вартата не се погоди, едвај изгура дури траеше гаранцијата. Exide издржа најдолго, ама беше купен од претходниот газда од Италија (6 и кусур години).
KBK ако догура уште оваа зима ќе биде арно, уште првата зима ме остави на ладното да не запали.

Плус зависи и дали ја чувате колата на отворено или во гаража, дури ја гаражирав сите акумулатори ми издржаа подолго.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
12.796
Поени од реакции
15.769
имам мон бат веќе 3 години, го земав за ефтини пари од макпетрол, како ќе ти се погоди е, али најбитно колку го полниш. Ако возиш кратки дистанци и ја палиш гасиш колата нема можност да наполни и губи со време не ја држи струјата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom