Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
718
Колку чини добро централно со далечинско?
за добро, ќе мора со колата во новус и таму ке те потшишаат... ем ке те избричат... и тоа на суво...

а инаку, евтино функционално, кинеско централно+аларм не фаќа поише од 100 евра со се монтажа...
 
Член од
30 октомври 2010
Мислења
221
Поени од реакции
127
На што кола сакаш да наместиш централно со далечинско?
 
Снајпериста

несреќник
Член од
20 ноември 2008
Мислења
293
Поени од реакции
4
Дали има некој број од овие браќата од Велешта струшко Љуши и брат му незнам како се вика шо имаат одпади за коли?
 
KoNtEjNeR

sapun
Член од
19 декември 2005
Мислења
2.306
Поени од реакции
44
имам проблем со радиото во колата па може ќе знае некој тука да го реши :)
осигурачот на кој е поврзано радиото откажува постојано...
електричар гледаше чепкаше... вика до звучниците биле, биле појаки од што може да поднесе, а нема појачало, па тоа правело проблем.
Спомна некоја намотка како поевтин начин да се среди тоа, да немора да се купува појачало. како работи тоа и кај може да се најде ?
а колата е... bmw 320, радиото грундиг
 
Член од
8 јануари 2010
Мислења
126
Поени од реакции
37
Јас мислам дека проблемот е до звучниците но не дека се појаки тоа не смета, туку дека намотките на звучниците или на некој од звучниците се делумно прегорени-лакот е прегорен и има кратка врска на повеке намотки со тоа пага импедансата-отпрот на звучникот пример номинално е 4ома а може да падне и на 1 ом и така да ке влече повеке струја од нормално и осигурувачот ке гори ако ставиш појак осигурувач ке ти отидат излезите од радиото. Провери ја отпорноста на сите звучници поединечно.
 
Во тој случај јачината на звучниците кога работат би била различна или неможе да се примети тоа ?
како да ја измерам отпорноста ?
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
150
Поени од реакции
106
моите ќе ми купат кола за матурска и татко ми вика дека можам да земам нешто до 3500 еура? јас сакам мала ама поспортска некоја. каква да барам и каде да барам?
Однапред фала.
 
|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.736
Поени од реакции
907
Немаш многу избор заради тоа што не смееш да возиш кола над 100КС првите две години.

Honda Civic 1.4 (мал мотор а сепак брзо количе)
Citroen Saxo VTS 1.4
Peugeot 206
Opel Astra coupe....
 
Член од
16 февруари 2006
Мислења
459
Поени од реакции
48
Во тој случај јачината на звучниците кога работат би била различна или неможе да се примети тоа ?
како да ја измерам отпорноста ?
Најди мултимер намести го да мери оми , и со едната игличка на плус со другата на минус .
 
Член од
8 јануари 2010
Мислења
126
Поени од реакции
37
Во тој случај јачината на звучниците кога работат би била различна или неможе да се примети тоа ?
како да ја измерам отпорноста ?
Ако имаш искуство со таа технологија би требало да осетиш звукот би бил изменет и би се слушало но и немора секогаш грчење-дрзгавење од звучникот, најдобро ке биде со ом метар или мултиметар да ја измериш отпорнста која би требало да се движи некаде околу 4 ома на секој звучник и најдобро ке биде да ја мериш на самиот звучник и да го исклучиш од радиото односно да го извадиш кабелот, ако се во ред звучниците треба да се провери инсталацијата мочеби некаде имаш прекината изолација на некој кабел па да допира по малце на маса или со некоја друга жица.
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
150
Поени од реакции
106
Немаш многу избор заради тоа што не смееш да возиш кола над 100КС првите две години.

Honda Civic 1.4 (мал мотор а сепак брзо количе)
Citroen Saxo VTS 1.4
Peugeot 206
Opel Astra coupe....
Хонда цивик ептен ми се свиѓа. можам да најдам за 3500? колку стара?
сеа у април пунам 18 и ќе полагам одма. кога ќе можам сам да возам? одма?
 
-={K-O-R-U-N}=-

Wanna play a game?
Член од
14 февруари 2007
Мислења
13.045
Поени од реакции
3.301
Хонда цивик ептен ми се свиѓа. можам да најдам за 3500? колку стара?
сеа у април пунам 18 и ќе полагам одма. кога ќе можам сам да возам? одма?
Ќе можеш сам да возиш одма од кога ќе ја земеш возачката, ама до 10 вечер наредни 2 години :)

Или ако сакаш после 10 вечер, мислам дека треба да има некој во колата што има минимум 3 години возачка дозвола, некоја таква финта имаше.
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
150
Поени од реакции
106
Ќе можеш сам да возиш одма од кога ќе ја земеш возачката, ама до 10 вечер наредни 2 години :)

Или ако сакаш после 10 вечер, мислам дека треба да има некој во колата што има минимум 3 години возачка дозвола, некоја таква финта имаше.
Девојками ќе ме вози после 10 :D ја итака ќе бидам напраен г'з до 10 саат:vozbud:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom