Каде е таа мулти партс во мирка гинова фабриката да не е?
црвена звезда... на самата улица има знак..
--- надополнето ---
Кој може да ми каже како наједноставно од акумулатор да приклучам сијаличка(исто онаква од фарови што има кратко и долго) и дали ке има штета по акумулатор,инсталација и сл.Ова ми треба за во комбе во фургонот би го активирал рачно.многу слабо се разбирам од ова.
ај и тука ке го одоговрам истото за сите оние што имаат желба да стават екстра ХАРДВЕР во колите...
прво ова да ти го објаснам.... дека ако направиш краток спој на 220 волти на штекер, ке пукне, ке се стопи инстант жицата, ке прегори осигурач и никому ништо....
но... ако направиш краток спој на 12 волти од акумулатор, тогаш жицата почиња да се загрева, и да се понаша како греач. крева висока температура и се што е околу него: гума, пластика, изолации и слично почињаат да горат... така се потпалуваат сите возила... сите оние што нестручно направиле зафати во електричните инсталации... на пример таксистите со таксиметрите и таблите или пак со појачалата и радијата во колите...
единствена разлика е што струјата од штекер може да убие човек а од акумулатор не...
сакам да кажам, ако не се разбираш, не се играј со ова, затоа што едно банално поставување на сијаличка може да резултира со лоши последици...
инаку... реле.. има 4 жици на него... 2 подебели и две потенки. на едната од подебелите му ставаш довод од акумулатор од плусот, ама обавезно преку осигурач. значи прво од плусот од акумулаторот идеш на осигурач, па од осигурач на првата дебела жица. другата подебела иде кон сијаличката. на истиот довод од кај осигурачот, приклучуваш мрзливец-прекидач или копче некое, па од копчето ставаш на едната потенка. на другата потенка ставаш минус од акумулаторот а и на сијаличката исто ставаш минус. така кога ке го стиснеш копчето ке се запали сијаличката а на овој начин ке можеш да запалиш и 20 сијалички...
п.с. осигурачот да биде помегу 5 и 15 ампера... не појак, не послаб...