Проблем со Форд фиеста 2004 година.
При кочење на помала брзина се слуша некое гребење од напред, во мида рекоа дека е лагер на полуосовина. Поправка 5000 плус работна рака и ддв, се на се... многу
Дали е проблемов сериозен или може да тера така некое време? и колку би било тоа време ? Дали може да оштети нешто друго, и кај би можел да го средам за поевтино ?
форд фиеста нема лагер на полусовина... има лагер на тркало, кај што лежи полуосовината т.е. самиот зглоб, а другиот крај влегува во мењач. гребењето може да ти биде од неколку работи:
-точно лагерот на тркало може да биде
-потрошени плочки за кочење
-или нај смешното е да закачува некоја пластика на тркалото, кога кочиш возилото се симиња надоле и таа допира до гума или полуосовина или зглобот...
треба на канал да се види вака на форум неможе да се објасни нити пак да се детектира проблемот. инаку јас имам форд куриер-пикап, кој е уствари комплетно иста форд фиеста, само е направен како товарен.
ова е слика од поновиот, исто како твојата фиеста. јас го имам постариот кој е исто така како постарата фиеста. без оглед нова-стара, подвозјето, предницата, моторите маските ама баш се им е комплетно исто на сите 4. разликата е во заобленоста на хаубата, крилата, фаровите и маските. дури и вратите им се исти, ретровизори бла бла бла...
само кај мајстор... кај живееш... ако си во скопје, пиши ПП да ти договорам или дадам телефонче од еден доста способен механичар...
ако е лагер, не треба да се паничиш, нема да ти расипе ништо во прв момент, ке тераш барем уште 2-3.000 километри, ама ако се плочки е тогаш паничи, зашто го еба дискот на максимум, плус можеш да изгинеш негде ако ти пукне истиот...