Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

mr.cornelius1

И ОНДАК ТО..
Член од
1 ноември 2009
Мислења
773
Поени од реакции
14
Заебано е тоа... пробај исклучен контакт извади ја клемата. На брзина пробај да ја ставиш/извадиш и ако фрла искра (варничи) имаш потрошувач некаде.

За да го најдеш треба осигурач по осигурач да ги вадиш и да го повторуваш процесот додека не дојдеш до решението.

Ако ти изгледа сложено, носи го на електричар ќе ти ја средат.

Патем провери дали алтернаторот ти полни (најлесно извади ја клемата додека колата работи ако изгасне алтернаторот не полни), мене ми се имаше случено алтернаторот да не полни, а сијаличката да не свети и акумулаторот се празнеше. Па излезе дека вода влегла во алтернаторот и менував тоа реглерот.

фала за помошта
сега вадам една клема едно 2-3 дена и засега е се во ред
али тоа не е решение не можам нонстоп тоа да го правам
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Заебано е тоа... пробај исклучен контакт извади ја клемата. На брзина пробај да ја ставиш/извадиш и ако фрла искра (варничи) имаш потрошувач некаде.

За да го најдеш треба осигурач по осигурач да ги вадиш и да го повторуваш процесот додека не дојдеш до решението.

Ако ти изгледа сложено, носи го на електричар ќе ти ја средат.

Патем провери дали алтернаторот ти полни (најлесно извади ја клемата додека колата работи ако изгасне алтернаторот не полни), мене ми се имаше случено алтернаторот да не полни, а сијаличката да не свети и акумулаторот се празнеше. Па излезе дека вода влегла во алтернаторот и менував тоа реглерот.
За проверка на алтернаторот со вадење клема не пали кај дизелот зш не му е потребна струја не за друго да не се излаже некој:helou:
 
RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.411
Поени од реакции
2.518
За проверка на алтернаторот со вадење клема не пали кај дизелот зш не му е потребна струја не за друго да не се излаже некој:helou:
Епа како да го провери ?
го гледам нон стоп се мучи тука на улица
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
За проверка на алтернаторот со вадење клема не пали кај дизелот зш не му е потребна струја не за друго да не се излаже некој:helou:
Тоа кај мерцедес 123 и постарите... се поново, има електро-магнетна дизна за сопирање на доток на гориво која без струја стои затворена и го прекратува дотокот на гориво. На тој принцип и одма гасат новите дизел мотори, додека Мерцедесите што ја немаат, им треба 5-6 секунди да угаснат откако рачно го сопираш дотокот на горивото (на тоа тргалото внатре :))
 
mr.cornelius1

И ОНДАК ТО..
Член од
1 ноември 2009
Мислења
773
Поени од реакции
14
Тоа кај мерцедес 123 и постарите... се поново, има електро-магнетна дизна за сопирање на доток на гориво која без струја стои затворена и го прекратува дотокот на гориво. На тој принцип и одма гасат новите дизел мотори, додека Мерцедесите што ја немаат, им треба 5-6 секунди да угаснат откако рачно го сопираш дотокот на горивото (на тоа тргалото внатре :))

значи може така да го проверам ок фала
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
На едно пежо 306 му светеше сијаличето за алтернаторот и ја извадив клемата пак си продолжи со работа викам ај може влага е (претходно го перел моторот) затоа свети ама после некое време ми се јавува човекот и ми вика а бе ова не пали се потрошил акумулаторот и испадна алтернаторот дека бил заебан. најверојатно за елекетричната дизна не е потребна многу струја а алтернаторот не откажува скроз пак произведува малце струја може и тоа е причината што не гаси. А и какви проблеми сум имал со тие електрични дизни си доаѓам дома со кола ја гасам после 5 мин да ја запалам нејке да чуе што не проверив на крај еден другар ми вика абе електрична дизна има таа вака заебава муки живи.
 
E колку струја му треба за дизната да се отвори незнам, мада тоа е прост електромагнетен склоп и со 3-4 волти напон може да се активира. Има доста заебанции ако не е правилно поврзана.

А за тоа доколку не си сигурен дека алтернаторот произведува малку или многу струја, запали ги светлата па извади ја клемата :) одма ќе кажи.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Треба да го променам маслото во серво удредот на VW Polo '97. Дали мора да се користи специфично некое масло или може ATF Sufix A од FAM (Крагуевац) на кое пишува дека е за серво уреди.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.663
Поени од реакции
213
a zasto od FAM da stavas zemi druze nekoe bolje toa bar ne se menja sekoj den so se vika. jas na primer mislam od elf deka imam staeno
 
Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.689
Сеедно е кое масло ќе го ставиш. За серво уреди маслото е исто што е и за автоматски менувач ATF. Во сервото собира околу пола литар до литар максимум, така да можеш и да ставиш некое поквалитетно масло како Castrol, Total, Elf, Repsol.... ќе платиш можеби двојно (тоа југословенското или Мадит е 150 денари литар, Castrol е 400-500 :toe:) ама не го менуваш тоа секој ден... еднаш се менува на 5-6 години, така да мој совет ти е да ставиш квалитетно масло.

п.с. ова важи ако серво системот ти е исправен и не течи од некаде. Доколку течи, дотурај најефтино масло и нема потреба да го менуваш.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
4.014
Поени од реакции
1.247
Кај мене сеуште е фабричкото масло еве и после 11 години ама му има паднато нивото и време е да се смени, не дека не функционира. Ке го ставам оваа што го имам масло бидејќи веќе го купив па за следниот пат ќе знам подобро. :)
 
Lajce

Не за сркање
Член од
19 април 2006
Мислења
997
Поени од реакции
116
Мала помош од оние кои се разбираат :smir:
Како се покажани peugeot 306, и дизелот и бензинецот, дали се добри машини, дали се скапи за одржување и до колку пари вредат ако се добро одржувани?

Истото прашање и за субару импрезите?

Ми треба некоја кола до кај 4000 ама да не е увоз. Препорака :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom