Како и да е, џандарите се често неписмени а и поприлично расипани. Еве што мене ми се случи:
Ми доаѓа покана за судија за прекршоци како обвинет за сторен прекршок на 13.07. годинава. Очекував дека ќе стои дата за направениот прекршок (не застанување на даден сигнал од полицаец) барем околу 10 месеци порано, односно лани во Октомври или Септември, сеедно без пријава и записник. Одам кај судијата и таму ми ја даваат пријавата на увид. Побарав записник со мој подпис, ама немаше. На таа дата на која е наведено дека е сторн прекршокот на некоја си улица во која никогаш во животот не сум поминал, јас за среќа воопшто и не бев во државава. На 13-ти месецов имам ново рочиште и глатко ќе го однесам пасошот на увид, а башка како тоа нема подпишан записник од мене? Врз основа на што ќе се темели обвинението?
-Имено, кај Мавровка на Бит Пазар џандари сопираа возила. Јас одев на работа и секојдневно рутата ми е да завртам преку тротоар десно и да си го паркирам моторот во „Мавровка“. Пред џандарите имаше паркирано некое комбе кое го сопрале. Воопшто и не забележав дека џандар се обидува да ме сопре. Одкако се паркирав дојде по мене трчајки. Вика „Бегаш!“. Викам „Не бегам. Ако бегав нема да можеше сега да ме стасаш пешки. Се паркирам овде секој ден, овде работам како што можеш да видиш и најпосле немам никаква причина да бегам зашто имам комплетно исправни документи за се што ќе ти текне да побараш.“ и му ги дадов документите. Фати да прави записник дека не сум застанал. Ај, нејсе, да не се расправам со глуп џандар, го потпишав записникот. Ми напиша и уплатница некаква казна да платам, односно поени во книшка да ми стават...дрн-дрн...
Поентата е во тоа што во обвинението стои и дека не сум ја платил казната. А најинтересно етоа што во прекршочната постапка предметот ЗАСТАРУВА ПОСЛЕ 1 ГОДИНА ОД НАСТАНУВАЊЕ НА ПРЕКРШОКОТ доколку во тој период не падне ПРАВОСИЛНА ПРЕСУДА. Бидејки не стасале да го пуштат обвинението кај судијата на време, ја смениле датата на настанување на прекршокот во надеж дека сум доболно глуп. Е арно ама се сопнале малку. Ќе можат да ме казнат задутре

. Ем нема записник, ем имам доказ дека на та дата не бев во Македонија. А записникот ако го пуштат, ќе се види датата од лани на есен и пак папала маца
