Каков и да е, истиот е прекрасен и е доста позитивна работа, да те потсетам само колку суша имаше летово кое измина и кое несакам да се повтори.Општо земено снегот го обожавам и го мразам. Убав е кога е свежо паднат и неизгазен. Го собирам во раце и правам топки кои потоа ги користам како проектили за вежбање на прецизност. Следните неколку дена тој го менува моето мислење и станува здодевен (почнува полека да се топи) за да најнакрај кога ќе стане еден вид каша или и на одредени места потпечена (заледена шлаканица) почнам да го мразам од дното а душата.
Прееска ти реков дека прво треба да е влажно малку доле па да се фати снегот. Имаше малку вчера на колите ама тапа. Ајде истурај, изврни се.Дедо боже сака да не држи во неизвесност.:tv:Паѓа паѓа, цело време, ама никако да се наталожи Кога почна вчера малку нешто се наталожи ама одма се стопи (само не ми е јасно како, надвор е испод нула)
Иначе многу го сакам И обожавам кога врне Кога ми се лепи по јакна/капа/коса/трепки
А и го обожавам затоа што обожавам зимски спортови...
Неможам да замислам зима без снег