Снег сакам само заради тоа што на кучето тогаш му е најубаво,па можам да си слезам доле и да се изнаиграм со него,не дека без снег не можам.
Во секоја друга ситуација го мразам,пошто кај нас снегот не е снег,туку е шљакутарник,и плус ова дечиштава од маало одма го растураат,фрлаат петарди и не знаеш дали ако излезеш надвор ќе се вратиш дома жив,пошто гаѓаат со топки ко ненормални...ама добро ја спасена сум заради кучето ми
,праат лизгалици на места кај што не треба(на сред пут на пример коли кај што проаѓаат).
Плус,улициве смрзнати,јас ко што сум нестабилна личност одма паѓам.
Плус,ладно е бе,ќе настинам одма,и снег кај мене дома значи дека мора капа да се стави,нешто што мрзам најмногу на свет.
Ја многу би сакала да можев да уживам у снегов ко вие таму што сте изнапишале,под светло,над светло,со другар,со љубен ово оно,али тоа е,нема романтики у Тетово