Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
3 ноември 2009
Мислења
6.920
Поени од реакции
40.887
Од денес стоп за лажни вести.навреди.пцување.иронија.сарказам.потценување.исмејување.и колнење
Не е интересен животот без ова...впрочем како друг пат би дошле твоите другари и другарки од ул.Павел Шатев на власт?
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456

Хуморов нема крај ...
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Добарден :icon_lol:


БИЗНИСМЕН ОД БИТОЛА ПРИЈАВИЛ БАРАЊЕ НА РЕКЕТ ВО СТРАНСКА АМБАСАДА!?




На бизнисмен од Битола, кој на почетокот на годинава добил тендер во РЕК Битола, од висок функционер на власта му бил побаран рекет од 250.000 евра во кеш. Имено, во првите три месеци од оваа година битолскиот бизнисмен, чија фирма подолги години има успешна деловна соработка со РЕК Битола, регуларно добил тендер во оваа фирма, за ангажман на неговата механизација. Но, неколку дена после добивањето на тендерот добил повик и му била закажана средба од висок функционер на власта, по потекло од Битола.
Средбата се остварила во Битола при што функционерот, кој не е дел од раководството на РЕК, побарал од битолскиот стопанственик во рок од неколку дена да му даде 250.000 евра во кеш, доколку сака работата на добиениот тендер и исплатата на сработеното да се одвива без проблеми. На таквото дрско барање битолскиот бизнисмен негодувал и барал објаснување, но функционерот од власта бил краток и јасен, средствата се потребни за повисоки цели и мора да се исплатат во кеш.

Но, бизнисменот сепак решил да најде начин да не го плати рекетот од 250.000евра и решил да искористи некои свои лични врски со странски дипломати. Ден после таа непријатна средба со функционерот од власта битолскиот бизнисмен се упатил кон Белград, каде претходно се јавил и веќе закажал средба во амбасадата на Република Белорусија, која нерезидентно ја покрива и Македонија. Заради ургентноста на барањето битолскиот стопанственик бил примен од белорускиот амбасадор Валериј Бриљов, со кого се познавал лично од 2017 година. Битолскиот стопанственик му го објаснил случајот за барањето на огромна сума на рекет во кеш и во име на личното пријателство го замолил амбасадорот на Белорусија да ги искористи своите дипломатски и политички врски во Белград и во Скопје, и да ургира да му помогнат да се спаси да не плати 250.000 евра рекет.

Ова за Магазин го дојави извор близок на битолскиот бизнисмен, кој инсистира на анонимност и се повикува на законот за заштита на укажувачи. На нашиот извор не му е познато со кого во Македонија контактирал белорускиот амбасадор, но тврди дека битолскиот стопанственик, после ургенцијата кај странскиот амбасадор, успеал да не го плати бараниот рекет во кеш.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.603
Поени од реакции
16.812
Во мизеријава само странски судии и обвинители му е спасот.Со домашни обоени или искорумпирани ништо не праиме...
уште во ЕхЈУ имаше случка, ФК Динамо плати да му суди странски фудбалски судија...
ама не може секој граѓанин да плаќа судија... подобро да не окупира Турција ПОВТОРНО, ама не проевропско судство туку традиционално, нека донесат и судии и Катиљ Ферман и Шејтан Гајтан и набивање на кол за убијци
Автоматски споено мислење:

Потврдено: Шилегов пронајде саркофаг кај слаткарница „Палма“

ОХИ,, малака пијана, НЕ МОЗЕ од 2 ВЕК да откопуваш, тоа е антиквизација, само 6+ век, Словени :cool:
 
Последно уредено:
D

Deleted member 12196

Гостин
уште во ЕхЈУ имаше случка, ФК Динамо плати да му суди странски фудбалски судија...
ама не може секој граѓанин да плаќа судија... подобро да не окупира Турција ПОВТОРНО, ама не проевропско судство туку традиционално, нека донесат и судии и Катиљ Ферман и Шејтан Гајтан и набивање на кол за убијци
Какви Турци? Нема да прифатат.
Тие 500 години се нервираа со нас и не нè ставија во ред. На крај си побегнаа кога сфатија што народ сме.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.603
Поени од реакции
16.812
Какви Турци? Нема да прифатат.
Тие 500 години се нервираа со нас и не нè ставија во ред. На крај си побегнаа кога сфатија што народ сме.
така е, има српоска народна песма ..

„ Друмови ће пожелет Турака,
ал` Турака нигде бити неће „ —


Каже стара народна песма, Срби су је испевали у оно време кад је Србија дигла саму себе у одбрани од мрског завојевача. Кад је дошло време прекида једне тужне епохе страдања, харача, набијања српских људи на кочеве.
Кад је честит човек тражио своје преживљавање у шумама, кад је српска хајдучка крв и жеља за отпором надвладала силно Отоманско царство!
Извор текста: http://svisrbisveta.org/tribina/drumovi-ce-pozelet-turaka-al-turaka-nigde-biti-nece/#ixzz5ugayOHiB

всушност имаше истражувања, за време на Отоманското царство и Арачот бил многу Помал од денешните Даноци а и Отоманската империја имала сепак функционален Закон...
проблеми имало кога се повлекувале турците и завладеал БашиБозук... а кој остана и ден денес
 
Член од
12 март 2009
Мислења
20.603
Поени од реакции
16.812

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.541
Поени од реакции
5.273
Па истиве странски судии ви ги доведоа целава оваа екипа на власт од Јанева до Заев.
Да, само кога би имало кој да разбере!
Она што е забележливо а за што и сдсс и дпсне имаат постигнато согласност и исти ставови е: прво, дека народот е виновен, глуп и небањат и дека треба да се замени со паметен и бањат и второ, кое денес се почесто се чита и слуша е дека судии, јавни обвинители и ... се корумпирани па треба да се донесат од надвор.
Се обидов на шега да укажам дека таквите ставови се недоносени и многу опасни и се само делови од сценариото и случувањата: тиранска платформа, државен удар 17 април 2017, закон за добрососедство со Бугаристан, спогодба со Греките за менување на име итн итн да не редам сите ги гледаме секидневно, попусто на човек можеш само да му земеш на сила не можеш да му дадеш.
Прво мислев дека тие што пишуваат такви работи смислено или за пари одработуваат, но гледам дека тие навистина се убедени во тоа и не се свесни за последиците од таквите решенија, едноставно така се “програмирани“ и го тупат и само го тупат. Дури имаме и еден од оние што го пишуваше Уставот кој јавно заговараше Македонија да била окупирана од некоја богата држава за да вовела ред...
Се разбира сето тоа се работи за ако во случај не успее во првиот обид поделбата тогаш да се понуди како излезно решение повикување на странски окупациони сили кои ќе воведуваат ред, нешто како БиХ тие се глупи па треба Германецот да ги води за рачето.
Се прашувам постои ли здрав човек во тие структурите кои ни се инсталирани, зарем до толку се мутави!
 
Последно уредено:
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
Кога ќе дојде тој ден тие што земаат пари нема да се шетаат тука. Ќе се шетаат по имотите што ги купиле во Грција. Бугарија и насекаде по светот.
Не ми е муабетот за луѓето од политичкиот врв,јасно е дека они нема да останат тука.Муабетот ми беше за ситните души што се продале за мали пари.А ги има многу.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.458
Поени од реакции
18.456
Поддршка на Заев за самиот да не шири ѓубре од вести

Пожелно е сите креатори на медиумскиот простор да ја поддржат иницијата на Владата за сузбивање на лажните вести и дезинформации со што позитивно ќе се влијае на нашата секојдневна живеачка.

Така ќе се создаде поздрава атмосфера и за социјални и за творечки успеси.

Очекувам премиерот и неговиот многуброен тим да го погледаат уште неколку пати интервјуто за грчка „Aлфа” и да ги идентификуваат лажните вести и дезинформации во него. За во иднина да не им се повторуваат. Затоа што македонската историска наука од пред осамостојувањето на Република Македонија тоа го заслужува.

1. Илјадниците книги од тоа време, кога се профилираше нацијата, строго внимаваа на фактите. На пример, ги цитираа извештаите на Карнеги комисијата за егзодусот по војните на Балканот, вршеа консултации со Енциклопедија Британика, со Ларус и тн.

2. Македонскиот народ, каде и да живее сега, нема корист од лажни вести и дезинформации. Тие најчесто излегуваат од кујните на пропагандите или од самите политички партии. Или не се свесни колку е ризично да се живее на работ на нервите, или тоа го посакуваат.

3. Премиерот сепак ќе мора да сфати дека неговото интервју за „Алфа” ја вознемири чесната јавност и во татковината и надвор од неа. Не е доволно правдањето дека мислел на Никола Груевски, не мислел на својот народ. Неговите одговори многумина ги доживеаја како дезинформации.

Да ги оставиме настрана партиските кадри и опозициските активисти. Едните ќе го фалат Заев другите ќе го негираат. Апсолутното мнозинство наши граѓани се коректни и чесни луѓе. Од разни причини си помолчуваат, но имаат свое мислење. За да не останат со впечаток дека премиерот распродавал лаички, умно е да извлече поука од своето непромислено интервју.

Божин Павловски
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
9.333
Поени од реакции
19.028
така е, има српоска народна песма ..

„ Друмови ће пожелет Турака,
ал` Турака нигде бити неће „ —


Каже стара народна песма, Срби су је испевали у оно време кад је Србија дигла саму себе у одбрани од мрског завојевача. Кад је дошло време прекида једне тужне епохе страдања, харача, набијања српских људи на кочеве.
Кад је честит човек тражио своје преживљавање у шумама, кад је српска хајдучка крв и жеља за отпором надвладала силно Отоманско царство!
Извор текста: http://svisrbisveta.org/tribina/drumovi-ce-pozelet-turaka-al-turaka-nigde-biti-nece/#ixzz5ugayOHiB

всушност имаше истражувања, за време на Отоманското царство и Арачот бил многу Помал од денешните Даноци а и Отоманската империја имала сепак функционален Закон...
проблеми имало кога се повлекувале турците и завладеал БашиБозук... а кој остана и ден денес
Какви Турци? Нема да прифатат.
Тие 500 години се нервираа со нас и не нè ставија во ред. На крај си побегнаа кога сфатија што народ сме.
Просто македонче...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom