Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.619
Поени од реакции
26.134
Новиот Грчки премиер уште не устоличен овие со калкулации дали мочаниот преспански договор бил во опасност. Нам најдоброто нешто што би ни се случило во моментов ќе беше баш тоа, договорот да беше пред опасност од еднострано укинување од грчка страна. Меѓутоа и самиот Мицотакис изјави дека: Мицотакис: Договорот од Преспа не може еднострано да се поништи
Грците не се наивни, де факто се свесни дека не имаат во рака, дека колку и да ни биде рокот на траење, дури и да преживееме во било која идна променета форма, ние ќе живееме во нивна сенка. Овие домашниве кретени гледаат на договорот како на решение, што е ,,нонсенс" во најмала рака. Тоа е инструмент за уцени и моментално падна во рацете на еден многу заебан грчки тип, кој што нема да паѓа на геј "заводливите" насмевки на Зоки.

Така да, за овие шарениве виножита, ДА вашето омилено грчко дилдо од договор ќе преживее, симнете се од апарати.
Дури сега, за сите оние што не разбраа што значи нобеловски договор, овој Мицотакис има добро да се погрижи за тоа.
Оти на договорот работеа "дипломатски и правни гуруа" од наша страна, така го срочија заедно со грците, да сега грчкиот Мицко може да го обликува и толкува како што му душа сака. Уствари може да си срочи нов договор од истиот договор по негова мерка и садистички да не шамара со него кога и да му се посака.
Слично како и кога се откажавме од Македонското малцинство , како што со сменивме знамето и како што добивме привремена референца..... Ова ти е он топ на све... Никад нема да е гаранција за ништо, а нема да се врати назад.... Можеме да тужиме во Хаг, ако сакаме...
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.723
Поени од реакции
4.404
Договорот не може да не важи, нити пак е веројатно он да срочи нов договор.
Она што може да се случи, а е лошо за нас, е деловите од договорот што не се затворени, сега да се затворат под уште понеповолни услови за нас и втора работа, можда уште пострашна за нас, е одолговлекување на грчките обврски во врска со евро-атланските интеграциии.
Секој договор може да се раскине!!!
Каква ти е оваа ментална... договорот не може да не важи, (негација+негација=0) што си рекол или уште подобро што си сакал да речеш? Може малку да појасниш!
Тоа што е лошо за “вас“, што е, на што се однесува?
Кои се тоа делови од договорот кои не се затворени?
Каков е тој договор кој има отворени-незатворени делови, може да се менува или да се поништи или не?
Грција може ама и не мора да ги исполни обврските од договорот на кои се обврзала, значи на втората страна е дали и понатаму ќе опстојува на договорот или ќе го раскине, што значи истиот е на снага или не е, односно ќе биде раскинат, за што од овие работи си ти?
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.336
Поени од реакции
79.109
Секој договор може да се раскине!!!
Каква ти е оваа ментална... договорот не може да не важи, (негација+негација=0) што си рекол или уште подобро што си сакал да речеш? Може малку да појасниш!
Може. Станува збор за двојна негација, при што таа се анулира. Па така, договорот не може да не важи има исто значење како договорот ќе важи. Што во контекст на случајов со промена на власта во Грција е актуелно прашање во јавноста.
Тоа што е лошо за “вас“, што е, на што се однесува?
Нас, мислам на нашата земја, на нашата страна, а зборуваме за договор помеѓу две страни.
а лошото го имам веќе подвлечено во минатите постови. Се кладам дека дури и ти можеш да ги пронајдеш. Обиди се (y) ќе ти биде интересно.


Тука малку ќе прекинам со одговорање на прашањата доставени на мене. Не можеш да сфатиш двојна негација, не можеш да сфатиш на нас на кого се мисли. Се плашам дека ќе треба и кај одговорите после да објаснувам зборови и општо познати фрази што значат, па после гарант и во тие објаснувања ќе треба пак да објаснувам.... Види, можеби, за да учествуваш во вакви теми, потребно е да имаш некое предзнаење, барем на основни форми на изразување, значења на зборови и фрази. А јас баш и немам многу време.:(, но нејсе ќе ти доодговорам.


Кои се тоа делови од договорот кои не се затворени?
Под незатворени делови од договорот, реферирам/мислам на повеќето меѓудржавни комисии кои моментално работат како резултат на договорот.
Каков е тој договор кој има отворени-незатворени делови, може да се менува или да се поништи или не?
Не би знаел дали може правно да се поништи или не и кои се правните механизми за тоа, но знам дека по промена на власта во Грција, новата власт не би го отфрлила (и да има некаков правен начин), ниту пак Мицковски, кога би дошол на власт.

Грција може ама и не мора да ги исполни обврските од договорот на кои се обврзала, значи на втората страна е дали и понатаму ќе опстојува на договорот или ќе го раскине, што значи истиот е на снага или не е, односно ќе биде раскинат, за што од овие работи си ти?
Не знам баш дали Грција може ама и не мора да ги исполни обврските, ама ако тоа не го стори* ние имаме барем морално право тоа да го сториме и да ретерираме. - Што апсолутно никако нема да се случи.
Она што може да се случи, веќе го пишав.

Ја за што сум?
Ја сум за тоа кога веќе сме се фатиле на орото да го истераме и да влеземе во НАТО и ЕУ. Тоа и го правиме. Она што може да не заебе веќе го пишав.


* Било која страна ако не се држи до договорот, веќе се создаваат нови услови.
 
Член од
6 април 2010
Мислења
1.578
Поени од реакции
10.588
Договорот не може да не важи, нити пак е веројатно он да срочи нов договор.
Она што може да се случи, а е лошо за нас, е деловите од договорот што не се затворени, сега да се затворат под уште понеповолни услови за нас и втора работа, можда уште пострашна за нас, е одолговлекување на грчките обврски во врска со евро-атланските интеграциии.
Јасно е тоа дека станува збор за меѓународен договор заверен како таков во сите релевантни меѓународни институции и е релативно тешко да се раскине. Не невозможно, меѓутоа страната која што ќе прибегне кон таков чекор ќе си накалеми на врат етикета на создавач на проблеми, страна што не соработува, т.е ќе биде означена како виновникот за целата оваа фарса. Не дека и сега не се знае кој е.

Муабетот ми беше повеќе за содржината на договорот. Оти во него 90% од точките се обврски кои што ние ги имаме кон договорот, т.е кон Грчката страна, додека Грците имаат само една обврска, која што е повеќе на ниво на симболично ветување дека нема да не блокираат кон членството во организациите каде што тие се веќе членки. Ова е пресликана обврска од времената спогодба за која што сите знаеме дека не беше почитувана од нивна страна, за што дури имаме и пресуда од меѓународен суд.

А можат да го толкуваат договорот произволно оти му се може, содржината му дава таква флексибилност да ни маваат заушки за секакви баналности. Договорот опфаќа таков широк опсег на одговорности од наша страна према грчката што тие истите можат да ги мултиплицираат до бескрај, да го одржуваат договорот во лимбо. Тоа во суштина ќе биде и нивната борба, барање влакно во јајцето, наметнување на нови и нови обврски, обвинувања за непридржување кон договореното, додека нивната единствена обврска кон нас стои во статус кво, благодарение на нашите неспособни властодржци.
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.990
Поени од реакции
14.787
Пратеник го бојкотира македонското Собрание затоа што му го претресувале возилото

има право... има имунитет за дела до 5 години затвор, а знаеле дека е пратеник и кој е, смислена правокација...
а што не го претресуваат Кики кога заедно со Коки рекетираат ??
Не е во право пратеникот.....што ако разбојниците избегале во возило кое го вози некој пратеник да речиме од ДУИ?
Ако е пратеник не смеат да го извадат надвор од кола и несмеат да видат што има во гепекот?
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Новиот Грчки премиер уште не устоличен овие со калкулации дали мочаниот преспански договор бил во опасност. Нам најдоброто нешто што би ни се случило во моментов ќе беше баш тоа, договорот да беше пред опасност од еднострано укинување од грчка страна. Меѓутоа и самиот Мицотакис изјави дека: Мицотакис: Договорот од Преспа не може еднострано да се поништи
Грците не се наивни, де факто се свесни дека не имаат во рака, дека колку и да ни биде рокот на траење, дури и да преживееме во било која идна променета форма, ние ќе живееме во нивна сенка. Овие домашниве кретени гледаат на договорот како на решение, што е ,,нонсенс" во најмала рака. Тоа е инструмент за уцени и моментално падна во рацете на еден многу заебан грчки тип, кој што нема да паѓа на геј "заводливите" насмевки на Зоки.

Така да, за овие шарениве виножита, ДА вашето омилено грчко дилдо од договор ќе преживее, симнете се од апарати.
Дури сега, за сите оние што не разбраа што значи нобеловски договор, овој Мицотакис има добро да се погрижи за тоа.
Оти на договорот работеа "дипломатски и правни гуруа" од наша страна, така го срочија заедно со грците, да сега грчкиот Мицко може да го обликува и толкува како што му душа сака. Уствари може да си срочи нов договор од истиот договор по негова мерка и садистички да не шамара со него кога и да му се посака.
Ај шо има преспански договор со кој ќе не тролаат грците,туку има и бугарски договор и како посебен деликатес и тиранска платформа!Абе вакво хорор сценаријо ни Алфред Хичкок не можеше да и смисли на Македонија,ама затоа на Муртињо му успеа.Значи со овие три договори со нашите ни мили соседи има да не уценуваат до бескрај или се до моментот кога ќе не снема.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.309
Поени од реакции
4.709
што е тоа што се случува денес, а не се случуваше за време на груевизмот? да го оставиме името на страна, иако и во тоа време се работеше на договор/ компромис.
тендери вртат, трпаат пари властодрците, гради кој каде стигне, даноци и казни за „обичниот“ граѓанин, албанците добиваат што посакаат, новинарите одработуваат за власта...
Да не сакаше да кажеш албанските политичари добиваат што сакаат?
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
2.351
Поени од реакции
5.008
Незнам јас кои ви се тие незатворени делови и услови кои Грција треба/мора да ги спроведува према нас?
Нели сваќате дека договорот е капитулантски насочен еднострано спрема С Македонија.

Ако го прочитате убаво ќе видите дека сите Членови и услови кои произлегуваат од оваа Спогодба се однесуваат спрема Втората Страна (МКД) или како што Далтон пиша погоре, Грција единствено се обврзува дека нема да не блокира при пристапување во разноразни меѓународни организации и ќе не признава како нација доколку се придржуваме до обврските од Преспанската Спогодба. Сите обврски кои произлегуваат од тој документ се однесуваат на нас како земја и ние сме обврзани да го спроведуваме и почитуваме, поради тоа е и наречен Капитулантска Спогодба. Ко небаре сме воделе војна со Грција па сме изгубиле и сме прифатиле нивни разно разни барања.

Инаку вреди да се спомене дека Спогодба и Договор не е исто. Секаде се именува како Преспански Договор а всушност е Спогодба и именувањето во јавноста е погрешно
https://www.novamakedonija.com.mk/mislenja/pisma/договор-или-спогодба-факти-или-фалсиф/
А еве го и Договорот Спогодбата директ линк од Влада на РСМ
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/konechna_spogodba_makedonija_grcija.pdf

Сега колку што знам ја Agreement и Contract не е исто.

Arrangment:
An arrangement (usually informal) between two or more parties that is not enforceable by law.

Contract:
A formal arrangement between two or more party that, by its terms and elements, is enforceable by law.

Бидејќи формално правен документ е Договор.
Договор за Купопродажба на моторно возило, стан или било што каде што имаш Член во која е наведено дека во Случај на непочитување е надлежен Основен Суд X како правно заштита која ќе ги штити интересите доколку една страна се осети како оштететна.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
3.723
Поени од реакции
4.404
А јас баш и немам многу време.:(, но нејсе ќе ти доодговорам.
Па што кој мој дремеш овде на форум кога немаш време? Оди таму и распродавај ако нешто остана за продавање!

А сега за твојот договор и желбите да станеш член на ОТАН и ЕУропска. (само да знаеш влез во тие ... нема од тебе да направи човек, и понатаму ќе си останеш к.....р)
Твојот капацитет започнува и завршува со Груевски ако е нешто покомплексно заради дефицит на IQ и аргументи веднаш скокаш на задните нозе и настапуваш со ад-хоминем.
Договор-спогодба потпишана од Грција и втората страна по повеќе основи е невалиден, настрана тоа што за некои делува капитулантски а за некои само е продолжување на идеите и политиката на мегали Грција - нуди конечно решение за окупираниот дел Беломорска Македонија, што и не е проблем ако немаше и Македонци кои и ден денес живеат на тие простори а за себе говорат дека се Македонци.
Бидејќи договорот(спогодбата) е геноциден сам по себе истиот може и мора да биде поништен и со политички но и со правни средства.
За да една спогодба биде дел од правниот систем не е важно дали е во согласност со нечии желби па и на НАТО или ЕУ туку дали е донесен во согласност со Уставот на таа земја.
Како правни основи за поништување на договорот може да се употребат следниве работи:
1. Изборот на претседател на Собрание не е извршен според уставот и прописите; што значи дека е насилно инсталиран од страна на странски фактори и домашни ...
2. Со тоа што е инсталиран а не е избран претседател на собрание, институцијата е нелегитимна и нелегална, па сите акти и одлуки кои се донесени-потпишани се спорни од аспект на легитимитет и лагалитет!
3. За да биде некој договор МЕЃУНАРОДЕН валиден мора да биде склучен од страна на овластена институција според Устав. Значи тутабугарчето Димитров и ЗЗ-топ може само да одговараат за велепредваство, се разбира кога за тоа ќе бидат создадени услови. Бидејќи уставно овластување за потпишување на таков договор-спогодба има само претседателот на Републиката или лице кое од него е овластено!
4. Распишан е рференедум (консултативен - прво ти силуваат се живо и диво после те консултираат дали ти беше угодно) без да тој закон биде ратификуван затоа што не е потпишан од страна на претседателот, одлуката на референдумот е НЕГАТИВНА односно тоа му е исто што и не е донесена. За да една владеачка гарнитура продолжи со своја политика треба да добие доверба на избори или референдум оваа квислиншка влада не доби такво нешто од гласачите...

И да не должам повеќе бидејки бев опоменат дека долги постови никој не чита заради тоа што го оштетуваат видот!
За да дојде до поништување на договорот-спогодбата потребно е да бидат исполнети барем два услова, а тоа е да дојде до избор на пратеници-партии кои нема да бидат сервис и слуги на ОТАН+ЕУ и да се измени “климата“ во регионот и пошироко, се додека НАТО и ЕУ не добијат воспитна треба да се игра внимателно.

да дополнам
Тоа што е лошо за “вас“, што е, на што се однесува?
Не си искрен, одговорот на оваа е дека навистина лошо ќе заврши ова по вас, не можеш да уништиш една држава во секоја смисла и да очекуваш дека тоа кога тогаш нема да ти се наплати и нема да одговараш за злосторството (ако сме несериозни тогаш може, ама треба сите кои мислат спротивно од твоето да ги прогалсиш за терористи или да ги убиеш)!
 
Последно уредено:

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.974
Поени од реакции
35.639
Член од
10 април 2018
Мислења
2.254
Поени од реакции
2.550

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.283
Поени од реакции
27.779
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.990
Поени од реакции
14.787

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.104
Поени од реакции
5.769
Се фатија за работа овие уште на првиот ден... со РЕЛАТИВИЗИРАЊЕ :pos:

ТРЕБА ДА СЕ ОТСТРАНАТ НЕ ПОВЕЌЕ ОД 10 ОБЈЕКТИ, ВЕЛИ ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ЗА ПРЕПОРАКИТЕ ОД УНЕСКО

Ама да бидам искрен, гомна ко Охриѓани што го исгласаа најголемово гомно за градоначалник не ни заслужуваат нешто повеќе.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.473
Поени од реакции
20.360
Се фатија за работа овие уште на првиот ден... со РЕЛАТИВИЗИРАЊЕ :pos:

ТРЕБА ДА СЕ ОТСТРАНАТ НЕ ПОВЕЌЕ ОД 10 ОБЈЕКТИ, ВЕЛИ ОХРИДСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК КОНСТАНТИН ГЕОРГИЕСКИ ЗА ПРЕПОРАКИТЕ ОД УНЕСКО

Ама да бидам искрен, гомна ко Охриѓани што го исгласаа најголемово гомно за градоначалник не ни заслужуваат нешто повеќе.
да не треба да се догради некоја дивоградба + за да се остане во УНЕСКО ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom