Шубо напиша, со овој памет овие шо се на власт со се партали ќе не продадат сите
Еве го спомна конкретно солунското пристаниште, колкав удел има ова пристаниште во целокупните материјални токови за цел Балкан?
Колкав удел од целокупниот увоз во Македонија доаѓа од солунското пристаниште?
Од тука, колкав удел во тој материјален ток има патниот колку железничкиот транспорт?
Ако почетната точка на материјалниот ток е иста, Пиреус, а дестинацијата е МКД која е релативно мала, зошто не се создаде интегрален трнаспорт, по дефиниција значи употреба на секој вид на транспорт во својот оптимален домен до конечна реализација на транспортно манипулативниот процес.
Пример, МЖ Траснпорт превозот го реализира од Пиреус до одредена точка во МКД, кај шо се формира транспортно манипулативен центар и сето тоа понатаму се дисперзира соодветно до крајна дестинација, било тешко, средни или лесни товарни возила.
Пази, ретко кој транспорт со средни и лесни товарни возила од таму до тука е исплатлив па се комбинира интинерерот често.
Во кој тоа паралелен универзум може патниот да му биде конкурентен на железничкиот сообраќај кога се работи за поголеми количини?
Каде и како патниот наспроти железничкиот сообраќај може да има помали временски загуби?
Ова се однесува на нормални земји, не мафијашки.
Еве и патнички транспорт, направил некој истражување во кој периоди од месецеот, седмицата и од денот е врвен час на патувања по дестинации, и колку од тоа може да се реализира преку железниацата?
Повторно, кога автобус може да понуди комфорт и ниски временски загуби по однос на железница?
Доволно е онаму каде може врвните часови да ги преземе железницата, и жестоко да се работи на сузбивање на нелојалната конкуренција на автопревозниците за секој да го добие својот дел од колачот.
Е сеа, за сево ова потребен е добар менаџмент кој пред се ќе биде флексибилен и треба да направи коренити реформи, а тоа по партиски штабови не знам колку го има.
Не може приоритет на секој менаџмент на МЖ да биде задоволување на партиските страсти и интереси, а од друга страна да прават шо qr им сака и да имаме успешна железница, и општо секаде е во јавен сектор иста песна.
Менаџмет комплетно нов со план и динамика на работа, нема резултат чао тути, пронто за следниот додека се оправи работата.
Продажбата на МЖ имаш куп примери дека не само шо не е гаранција за подобрување на состојбите туку може да доведе токму до спортивното, освен тоа шо некои чауши ќе лапнат провизија друго никој аир не глеа.
Да се надеваме дека ќе се вразумат, или пак дека ќе има генерален штрајк во МЖ па ќе видиме линчувани владини функционери и ресорно министерство во пламен, пошто реков, со се партали ќе не продадат да е до нив.