Почитуван претседателе, почитувани дами и господа, почитувани новинари, мислам дека не само Рамковниот договор туку и овој амандман воопшто не треба да се прифати бидејќи повторно нас во Република Македонија ни се прави еден голем експеримент. Со самиот поим "службен јазик", ние веќе ставаме брана во Република Македонија и го прекршуваме целиот устав во Република Македонија. Практиката во светот, или ако сакате уште поодредено овде на Балканот и во Европа, да земеме повеќе држави, сосема е нормално и сосема е природно да видиме дека службен јазик е на дотичната нација и на дотичната држава. Во Грција е грчкиот јазик, во Бугарија е бугарскиот јазик и да не продолжувам понатаму. Овој експеримент од времето на колективизмот, што исто се правеше во Република Македонија не носи во една страшна и голема заблуда. Ако некој на мала врата ни ја протурка флоскулата мултикултура, мулти-културна заедница, мултикултурно општество, навистина овде ниту важи, ниту држи, ниту може да биде употребливо. Која би било логиката ако оние едно такво решение зошто во сопствените земји не го увиделе дека е тоа толку практично и да си го пресадат на својата земја. Да речеме една Австралија. Нема по мултикултурна, по мултиетничка, по мултиконфесционална, по мултисекташка, итн. Зошто не воведат покрај англисккиот службен јазик и некој друг. Или во САД, каде што само за прекратко време 50 милионско население од шпанското говорно подрачје бараше одредени права на тој план, ништо не добија. Зошто во една Канада не се прогласи за втор службен јазик Францускиот иако на времето кога се правеше референдум за употреба кој ќе биде службен јазик победи некој друг. Сакам да кажам дека и во САД, на времето и во Канада, таквото прашање оди на плебисцит. Вие овде си го прифаќаме многу едноставно. Дури сега ни кажуваат дека во амандманот V итн., претставникот на претседателот што ги иницирал овие измени треба уште повеќе да задлаби понатаму за да може тој службен, втор службен јазик да прави поделба во Република Македонија.
Мисла дека зборот "службен" треба целосно да се отфрли и треба да се почитува ставот на Бадентер. Тоа прашање треба да се решава со Законот за локална самоуправа. Никако во Уставот на Република Македонија. И, ако некој мисли дека само со попуштање ќе можеме да излеземе на крај, јас сум втор мандат, единаесета година ја следам оваа работа, единаесет години се расправаме со албанското прашање во РМ. Сите седници почнуваат и завршуваат со истите приказни. И на крај, мораме да заклучиме дека не бил крив тој што јал два зелници, туку тој што му дал два зелници. Во овој случај, претседателот на државата треба да го повлече овој амандман и ние, како пратеници, најсовесно, најтрезвено треба малку да размислиме. Не може на едно парче земја, на еден двомилионски и нешто народ и со малцинства во Република Македонија да правиме ваква парцијализација што ќе не чини и административно многу скапо и ќе не чини понатаму за поделба на Република Македонија. И, гетоизација на одредени етнички групи. Ако овој процент од 20% го усвоиме, тогаш зошто да немаат право и сите други малцинства во Република Македонија да имаат право по сила на нештата да мораат да се групираат во одредена територија, во одредена месна заедница, во одредена изборна единица за да можат да го остварат ова право. Всушност, ние природно ќе ги натераме да се гетоизираат, да правиме сепарација во државата. На крајот, ќе имаме тоа што нема потреба да го имаме. Еден чаршав во кој не ќе се знае кој јаде, а кој пие. Ние до сега со ваква една работа, еве 11 година апсолутно назадуваме во Република Македонија и повторно со овој Договор, колку време ни одзеде и сите други закони чекаат на ред, ние и во иднина ќе се расправаме за истото прашање. Во светот е практицирано, докажано и решено ова прашање. Ние само треба практично да го спроведеме, според сите правила и норми и на Меѓународната заедница и според сите конвенции што ги има за малцинските права нема ништо да ни фали. Меѓутоа, ваквото попуштање, верувајте дека ќе не доведе до амбисот. Амбисот се гледа, меѓутоа мислам дека сите во тој амбис ќе загинеме иако мислиме дека сите ќе се спасиме и дека правиме соодветен мир. Нема мир каде не се знае кој е газда во куќата. Мора да се знае кој е газда во куќата. Иако имаме мултикултурни општества, практично Америка, Австралија, Канада таму, без да го познавате службениот јазик нема ниту работно место, нема унапредување, нема ништо. Врз основа на познавање на тој јазик се дава и документ. Ако сакате појдете во Европа. Еве сега има распишано добар оглас во Герамнија за околу 2 илјади лица од областа на компјутерите. Проверете, пробајте, видете, ако не го знаете германскиот јазик дали можете да работите во Германија? Пробајте на друго место. Само во Република Македонија може се да успева. И овој вештачки експеримент мислам дека залудно го правиме проблемите остануваат. А, она што најмногу ме загрижува, службени јазици во една држава не можат да бидат два. Тој е еден и се знае како се остваруваат другите права во врска со учењето на мајчиниот јазик на малцинствата во државата. Затоа ве молам, почитувани пратеници, сите кои мислите дека овој амандман води напред, подзастанете малку, ставете го прстот на умот, да видите дали сме на правиот пат или правиме капитална историска грешка. Благодарам.
---------------------------------------------------------
Почитуван претседателе, почитувани пратеници, почитувани новинари, секој пратеник има право да размислува со сопствен ум и според тоа немам намера апсолутно никого да провоцирам, ниту сакам некого да тероризирам да гласа за или против. Меѓутоа, ценејќи го моето сопствено искуство во овој Парламент, втор мандат и влегувајќи во една политичка игра од 1990 година, имав една голема љубов, која љубов не морам и овде да ја исповедам. Меѓутоа, мислам дека со дел од овие амандмани ми се нарушува и токму затоа ќе гласам против. Меѓутоа, од името на граѓаните од Битола каде што одржав повеќе средби и разговори, го имам тоа чувство и таа одговорност да им кажам дека немам толку моќ, толку сила и толку политички авторитет да разубедам дел од сите пратеници во ова Собрание за да гласаат за одредени амандмани против. Јас навистина се извинувам, меѓутоа во оваа прилика немам друго оружје освен копчето со кое треба да го дадам својот глас.