Епа добро де ќе смениме име, знаме, грб, химна, ќе станеме двојазични, тројазични, петојазични, ќе го изгубиме националниот идентитет, ќе ја смениме историјата но битно е тоа што конечно дојде животот во Македонија односно поголема демократија и слобода, 500 евра просечна плата, 250 евра минимална плата, зголемување и на пензиите, значително намалување па на казните и на даноците, поевтинување на бензинот, нафтата, плинот, храната, облеката, парното, паркингот, регистрацијата и.т.н.

[DOUBLEPOST=1515963867][/DOUBLEPOST]
Е тоа да... Ама едно ми ја мати водата, зошто некои упорно тврдеа (и тука на форумов ги има) дека ветувањата на Заев се измишљотина на вмро... Нели мислиш дека имало некаква манипулација а? на едни да се ветува едно, на други друго ?!?!?
Заев е опасен и многу превртлив играч каков што до сега немала Македонија ... значи и Грујо и Бранко и Љубчо заедно не му се ни до колена на Заев ... поголем лажго и превртлив човек мислам дека до сега немало на власт во независна Македонија, океј ова си е мое лично мислење не велам дека треба сите да се согласат со мене но со тек на време мнозинството народ т.е. оние кои го гласаа ќе ја воочат вистината !
Пази Заев во тек на денот по 5-6 пати менува мислење и став, еднаш говори едно, после 5 саати сосема нешто друго, го буни и лаже народот, а на народот толку му е капацитетот виде некаков спас во овој човек кој ветуваше некаков живот и му ја даде довербата (особено на последните избори од пред 3 месеци) !